Ана (британска кралица)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ана (6 февруари 1665 г. – 1 август 1714 г.) стапила на престолот во Англија, Шкотска и Ирска на 8 март 1702 г. На 1 мај 1707 г., под Актот на унијата, две од нејзините кралства Англија и Шкотска, биле обединети под една заеднична независна земја, Кралството Велика Британија.

Таткото на Ана, Џејмс II и IV, бил соборен за време на „Славната револуција” од 1688 г. Нејзината сестра Мери и нејзиниот маж, зет и роднина на Ана, Вилијам III, станале здружени монархии. По смртта на Мери во 1694 г., Вилијам продолжил сам со монарството сè до неговата смрт и високото место кое Ана го постигнала во 1702 г.

Ана ги претпочитала конзервативците, кои имале поголема можност од нивните противници, виговците, да ги искажат нивните ставови за англиската религија. Виговците биле посилни за време на Војната за шпанското наследство, сè до 1710 г., кога кралицата Ана отпуштила многу од нивните припадници. Нејзиното блиско пријателство со Сара Черчил, војвотката од Марлборо се влошио поради различните политички гледања.

Покрај седумнаесет бремености, Ана починала без да задржи дете и била последната монархиња од Стјуардската династија. Ана била наследена од нејзиниот втор братучед Џорџ I од Хановерската династија, кој бил потомок на Стјуард поради својата баба Елизабета, ќерка на Џејмс VI и I.

Раните години[уреди | уреди извор]

Ана е родена во 11:39 часот на 6 февруари 1665 г., во Св. Џејмс во Лондон, како четврто дете и втора ќерка на Џејмс, Војводата од Јорк (по Џејмс II и VII) и неговата прва жена Ана Хјуд[1]. Брат на нејзиниот татко бил кралот Чарлс II , кој владеел во трите кралства на Англија, Шкотска и Ирска, а нејзината мајка била ќерка на претседавачот на Горниот дом, Едвард Хјуд, прв гроф на Кларендон. Ана била крстена во кралската капела во Св. Џејмс. Нејзината постара сестра Мери, била една од нејзините кумови, заедно со владиката на Кантербуру, Гилберт Шелдон и Ана Скот, војвотка од Монмаут. Војводата и војвотката од Јорк имаале осум деца, но само Ана и Мери биле единствените деца кои ги преживеале зрелите години.

Како дете, Ана патела од очна болест која се манифестирала со прекумерно солзење. Поради одредени медицински третмани, Ана била пратена во Франција каде што живеела со нејзината баба од страна на мајка ѝ, кралицата Довагер Хенриета Марија во Шато де Колумбија, близу Париз[2]. По смртта на нејзината баба во 1669 г., Ана живеела со нејзината тетка, Хенриета Ана, војвотката од Орлеанс. По ненадејната смрт на нејзината тетка во 1670 год, Ана се вратила во Англија. Нејзината мајка починала наредната година. Како што наведува традицијата на кралското семјество, Ана и нејзината сестра пораснале одделени од нивниот татко на нивен сопствен имот во Ричмонд, Лондон. По иницијатива на Џарлс II пораснале како протестанти. За нив се грижеле Колонел Едвард и Лејди Франсис Виљерс, а нивното образование било центрирано кон Англиската црква[3].

Околу 1671 г. се случило првото запознавање на Ана со Сара Џенингс која подоцна станала нејзина блиска пријателка и една од највлијателните советодавачки. Во 1678 г. Џенингс се омажила со Џон Черчил (иден војвода на Марлборо). Тој бил брат на жената на војводата од Јорк, Арабела Черчил и еден од најбитните генерали на Ана.

Во 1673 г., разговорот помеѓу војводата од Јорк и романскиот католицизам испаднал во јавноста. Тој се оженил со католичка принцеза, Мери од Модена, која што била шест и пол години постара од Ана. Чарлс II немал легитимни деца, па затоа Војводата од Јорк бил следниот за наследување, проследен од неговите две ќерки Мери и Ана од првиот брак. Во следните десет години, новите војводи од Јорк имале десет деца, но сите биле родени мртви или починале во раното детство, при што ги оставиле Мери и Ана втора и трета на листата за наследување на нивниот тактко[4].

Брак[уреди | уреди извор]

Во ноември 1677 г., постарата сестра на Ана се омажила со холандскиот принц Вилем Орански, но Ана не можела да присуствува на свадбата бидејќи имала сипаници. Додека да се опорави, Мери веќе го започнала својот нов живот во Холандија. Лејди Франсис Диљерс ја фатило болест и починала. Вујна ѝ на Ана Лејди Кларендон (жена на Хенри Хајд, вториот гроф на Кларендон) била назначена за нејзина нова гувернантка[5]. По една година, Ана и нејзината маќеа ја посетиле Мери во Холандија.

Во март 1679 г., таткото и маќеата на Ана, заминале во Брисел по примерот на антикатоличката хистерија потикната од Попиш Плот, па така Ана ги посетила на крајот од август[6]. Во октомври тие се вратиле во Британија, војводата и војвотката во Шкотска[7], а Ана во Англија. Ана била во посета на нејзините родители од јули 1681 до мај 1682 г. Тоа било последното патување на Ана надвор од границите на Англија[8].

Џорџ од Хановер (потенцијалниот наследник), втор роднина на Ана кој бил во посета на Лондон три месеци од декември 1680 г., ширел гласини дека тие двајца ќе се земаат. Историчарот Едвард Грег ги отфрлил гласините кои немале основа како што нејзиниот татко бил всушност прокуден од судот, па Хановерианците планирале да ги венчаат принцот Џорџ и неговата братучетка Софија Доротеја од Кел како дел од планот за спојување на хановерското наследство. Други гласини потврдувале дека таа одржувала врска со Лорд Мулграв (подоцна Војводата од Бакингам), иако тој ги порекувал овие гласини. Како и да е, како резултат на овие озборувања, тој бил привремено отпуштен од судот и пренесен во Тангерс[9].

На 28 јули 1683 г. во кралската капела, Ана се омажила за протестантскиот принц Џорџ од Данска, брат на кралот Кристијан V од Данска. Иако нивниот брак бил договорен, тие биле верни и посветени еден на друг. Неколку згради од Палата во Вајтхол познати како Кокпит им биле доделени за нивен имот во Лондон. По барање на Ана, Сара Черчил станала една од дамите кои имаа пристап до спалната соба. За да го обележат нивното пријателство, Ана и Сара меѓусебно многу почесто се довикувале со Г-ѓа Морли и Г-ѓа Фримен отколку со нивните формални титули. По неколку месеци од стапувањето во брак, Ана останала бремена, но родила мртов зачеток. Ана се опоравувала во бања во градот Танбриџ Велс, а следните две години, последователно родила две ќерки Мери и Ана Софија.

Владеењето на Џејмс II и VII[уреди | уреди извор]

Кога Џарлс II починал во 1685 г., таткото на Ана станал крал на Англија и Ирска како крал Џејмс II и во Шкотска како крал Џејмс VII. Џејмс не бил многу добро прифатен од Англичаните кои биле загрижени за неговиот романски католицизам. Ана ја занемарувашела таа загриженост и продолжила да ја посетува англиската служба. Бидејќи нејзината сестра живеела во Холандија, Ана и нејзиното семејство биле единствени членови од кралското семејство кои ја посетувале протестантската религија во Англија. Кога нејзиниот татко сакал да ја крсти неговата најмлада ќерка во католичка вера, Ана се облила целата во солзи. ,,Црквата на Рим е безбожна и опасна” – ѝ напишала таа на нејзината сестра – ,,нивните церемонии, повеќето од нив, планираат крајно идолопоклонство”.

Во 1687 г., за неколку години, Ана го пометнала плодот, нејзиниот сопруг прележал сипаници, а нивните две ќерки умреле од истата инфекција. Рејчел Вротесли, Леди Расел напишала дека Џорџ и Ана тешко ја поднеле смртта.. ,,Понекогаш плачеа, понекогаш тагуваа искажувајќи длабоки зборови, потоа седеа во тишина, рака за рака, тој легнат болен во кревет, а таа најгрижливата медицинска сестра што може да постои.” Подоцна истата година, таа родиа уште еден мртов плод.

Јавните критики за католицизмот на Џејмс се зголемиле кога неговата жена Мери од Модена, останала бремена за првпат во времето на владеењето на Џејмс. Во писмо упатено до нејзината сестра Мери, Ана поттикнала сомнежи дека Кралицата ја лажира својата бременост во обид да претстави лажен наследник. Таа напишала ,,тие се спремни на сè, нема да запазуваат на ништо ако тоа ги поткрепува нивните интереси...тие посакуваат и груба игра.” Во април 1688 г., Ана претрпела уште едно подметнување па го напуштиа Лондон и замина на опоравување во бања.

На 10 јуни 1688 г., кралицата роди син (Џејмс Франсис Едвард) и наследникот бил тука. Ана сè уште била на бања, па таа не присуствувала на пораѓањето, со што ги зголеми верувањата дека бременоста била лажна. Ана можеби намерно не присуствувала или пак само поради тоа што била болна, но исто така можно е и Џејмс да сакал да ги исфрли сите протестанти, вклучувајќи ја неговата ќерка, од државните работи. ,,Јас можеби никогаш нема да бидам задоволна, дали детето е ваше или не. Можеби е моја роднина, но само Бог го знае тоа.. Никој не може да ни помогне покрај стравовите и меланхоличните мисли,но какви било промени да се случат да знаеш дека секогаш ќе бидам верна на својата религија и верно твоја” – Ана ѝ напишала на нејзината сестра Мери.

За да ги прекини гласините за сомничавото дете, на состанокот на Личниот Совет, Џејмс имал 40 сведоци, но Ана не можела да присуствува бидејќи била бремена и потоа одбила да ја чита изјавата под заклетва затоа што ,,не било потребно”.

Славната револуција[уреди | уреди извор]

Славната револуција била поттикната од зетот на Ана, Вилием Орански, кој на 5 ноември 1688 г., ја нападнал Англија со чија акција веднаш го соборил Кралот Џејмс. Џејмс забранил да ѝ се плати на Мери посета на пролет во 1687 г., но Ана се допишувала со неа и била свесна за нападите на Вилијам. Прифаќајќи го советот на Черчил, таа одбила да пактира со Џејмс откако Вилијам се смирил и наместо тоа на 18 ноември му напишал на Вилијам дека го одобрува неговиот напад. Черчил го напуштил непопуларниот крал на 24 ноември. Принцот Џорџ таа вечер го следел примерот, па следниот ден Џејмс наредил да ја сместат Сара Черчил во куќен притвор во палатата Св.Џејмс. Ана и Сара пристигнале од Вајтхол преку задно скалиште и дозволија за нив да се грижел бискупот од Лондон, во чија куќа преноќиле една вечер и на 1 декември пристигнале во Нотингам. Две недели подоцна, Ана отишла до Оксфорд каде се сретнал со Принцот Џорџ, придружувана од големо друштво. ,,Боже помогни ми“- кукал Џејмс кога дознал дека неговата ќерка избегала на 26 ноември, ,,дури и моето дете се откажа од мене”. На 19 декември, Ана се вратила во моето дете се откажа од мене”. На 19 декември, Ана се вратила во Лондон, каде што ја посетил нејзиниот зет Вилијам, а Џејмс на 22 декември заминал за Франција. Ана не покажала никаква загриженост за патувањето на нејзиниот татко, па наместо тоа посакала да игра карти. Таа се оправдувала со тоа што ,,таа беше навикнaта да игра и никогаш не сакаше да прави нешто што наликуваше на присилување”.

Во 1689 г., се одржала Конвенција во Парламентот во Англија каде што било објавено дека Џејмс дал оставка откако полетал и дека кралството на Англија и Ирска е слободно. Парламентот на Шкотска преземал слична иницијатива, па Вилијам и Мери бил проглесени за монархии на сите три кралства. Повелбата за правата од 1689 г. и Потврдата за правата од 1689 г. ги утврдиле наследниците. Ана и нејзините потомци биле во списокот на наследниците на Вилијам и Мери, а по нив следувале кои било потомци од идниот брак на Вилијам. На 24 јули 1689 г., Ана родила син, принц Вилијам, војводата од Глостер, кој и покрај тоа што бил болен, го преживеал раното детство. Бидејќи кралот Вилијам и кралицата Мери немале деца, најверојатно синот на Ана ќе ја наследи круната.

Вилијам и Мери[уреди | уреди извор]

Наскоро по нивното крунисување, Вилијам и Мери го наградиле Џон Черчил со што го назначиле за гроф на Марлбороу, а принц Џорџ за војвода од Камберленд. Ана побарала дозвола за Палатата на Ричмонд и дозвола за парламент. Најпрво, Вилијам и Мери ја одбиле, но подоцна се спротивставиле, со што се предизвика тензија помеѓу двете сестри. Лутината на Ана се зголемила кога Вилијам го одбил барањето на принц Џорџ да служи во војската и покрај неговата голема способност. Во јануари 1692 г., Вилијам и Мери го отпуштиле Џејмс бидејќи се сомневале дека Малборо тајно се договарал со поддржувачите на Џејмс, Јакубитите. Во јавна поддршка за Малборијаните, Ана ја земаа Сара на еден настан во палатата и го одбиа барањето на нејзината сестра да ја отпушти Сара од нејзиното домаќинство. Леди Малборо веднаш била преместена од кралството домаќинство од страна на Чамберлен, па Ана луто се премести во Сјон Хаус, домот на војводата од Сомерсет. На Ана ѝ била одземена почесната стража, на дворјаните им било забрането да ја посетуваат, а на буржоаските власти им било наредено да ја игнорираат. Во април, Ана родиа син, но за неколку минути починал. Мери ја посети, но наместо да и пружи сочувство, таа ја искористила можноста повторно да ја прекорува за нејзиното пријателство со Сара. Оттогаш сестрите не се виделе повторно.

Во 1694 г. кога Мери починала од сипаници, Вилијам продлжил сам да владее. Ана станала неговиот очигледен наследник, бидејќи и да има други деца од подоцнежни бракови ќе им донесат само помали места во кралството, па затоа двајцата јавно се помириле. Тој ѝ ги врати нејзините претходни стражи, ѝ дозволи престој во палатата Св.Џејмс, но ја исклучил од владата и ја контролирал додека тој беше отсутен. Три месеци подоцна, Вилијам го вратил Малборо на должност.

Според Џејмс, во 1696 г., Ана му напишала писмо каде му барала дозвола за да го наследи Вилијам и потоа кога ќе има можност да го врати на чело , но тој ја одбил. Ако таа навистина му напишала тогаш се обидувала да го осигура своето наследство со што сакала да се заштити од негова жалба.

Акт на населувањето[уреди | уреди извор]

Последната бременост на Ана била на 25 јануари 1700 кога таа повторно пометнаа и родила мртво дете. Таа била бремена најмалку седумнаесет пати и пометнаа или родила мртви деца најмалку дванаесет пати. Четири од петте деца кои биле родени живи, умреле на двегодишна возраст. Ана трпела болка во зглобовите, болки во екстремитетите, стомакот и главата, речиси сè до 1698 г. Според нејзините фетални болки и физичките симптоми, еден патолог дијагностицирал проширување на лупус еритематозус. Карличната воспалителна болест може да објасни зошто нападот на нејзините симптоми се случил истовремено со нејзината претпоследна бременост. Други наведени причини за нејзините неуспешни бремености биле листериоза, крвната неповрзаност, дијабетис и материчен пораст на ретардација. Сепак, крвната неповрзаност не била една од причините на неуспешната бременост, па не се вклопува во мотивите на бременостите на Ана, бидејќи нејзиниот единствен син Вилијам, војводата од Глостер, го преживеал раното детство и е роден по неколку серии на мртви зачетоци. Експертите исто така ги барале причините во суфилис, порфирија и карлична деформација несоодветна за нејзината медицинска историја.

Болеста на зглобовите ја направиле Ана саката во нејзиниот подоцнежен живот. Околу кралското двориште ја носеле на носилка или била во инвалидска количка. Околу нејзините имоти таа одела со кочија на еден коњ која ја возела сама ,,лудо како Џеху и како прогонувачот Нимрод”. Нејзиниот седечки животен стил ја здебелил. Како што кажувашела Сара ,,таа претерано беше дебела и крупна. Во нејзиниот поглед имаше нешто величествено, но измешано со некоја мрачност во душата.” Во 1706 г., Сер Џон Клерк, првиот баронет, ја опишала ,,облечена во коски, огромна болка и мачење и во оваа прилика сè што имаше таа на себе беше во таков неред кој изгледаше полошо и од нејзината болка. Нејзиното лице, црвено и со дамки, дава слика на нешто страшно во нејзиниот распашан фустан, а нејзините оболени стапала беа обвиени со топли облози и нечисти завои. Јас многу бев трогнат од оваа глетка...”

Единственото преживеано дете на Ана, војводата од Глостер, умре на единаесетгодишна возраст, на 30 јули 1700 г. Ана им наредила на членовите од нејзиното семејство оваа дата, секоја година, да биде ден на жалост поради смртта на нејзиниот син. Со Вилијам без свој наследник и смртта на синот на Ана, Ана била единствената останата наследничка според Повелбата на правата од 1689 г. За да ја објави кризата околу наследството и спречувањето на католичкото воведуање, Парламентот на Англија донел Акт на населувањето во 1701 г.,кој овозможувал, во случај на потомок од брак помеѓу Ана и Вилијам III, кралството на Англија и Ирска да биде во рацете на Софија, избраничката од Хановер, и нејзините протестантски потомци. Софија била внука на Џејмс VI и I, од неговата сестра Елизабет, која била сестра на Чарлс I, дедото на Ана. Дузина генеолошки католички молители биле запоставени. Таткото на Ана починал во септември 1701 г. Неговата вдовица, маќеата на Ана, поранешната кралица, ѝ напишала на Ана дека татко и ѝ простува и да ја потсети на нејзиното ветување за барање на негова рестоврација. Сепак, Ана се помирила со новиот наследник предводен од Актот на населувањето.

Владеењето[уреди | уреди извор]

Ана станала кралица по смртта на Вилијам III на 8 март 1702 г. и веднаш станала популарна. Во еден нејзин говор во англискиот парламент се оддалечила од нејзиниот холандски зет и изјавила: Како што знам моето срце целосно е англиско, јас искрено ве убедувам дека нема нешто што не би можела да го направам за среќата и развојот на Англија. Набрзо по нејзиното доаѓање на местото кралица, Ана го назначила нејзиниот сопруг за главен адмирал, со што формално го назначила за контролор на Кралската морнарица. Армиската контрола му била доделена на Лорд Марлборо, со што Ана го назначила за главен капетан. Марлборо добил многу почести од кралицата, бил назначен за витез и стигна до војвода. Војвотката од Марлборо била назначена за Жена за подготвување, Госпоѓа на церемонијални одежди и Чувар на државните средства за лична потрошувача на Кралицата. Ана ја крунисале за Кралица на денот на Св. Џорџ, 23 април 1702 г. Измачувана од нејзините коски, до Вестимстерската опатија ја носеле на отворена носилка, со спуштена навалувачка за подобра циркулација. На 4 мај, Англија се вмешала во Војната за шпанското наследство, во која Англија, Австрија и Холандија се бореле против Франција и Шпанија. Чарлис II од Шпанија починал во 1700 г., не оставајќи свој наследник, па се водел спор помеѓу двајца побарувачи: Хабсбуршкиот војвода на Австрија, Чарлс и бурбонскиот војвода Филип од Анжу.

Актот на Унијата

Актот на населувањето од 1701 г., кој го донел Англискиот Парламент, се спроведил во Англија и Ирска, но не и во Шкотска, каде што поголемо мнозинство сакале да ја заштитат Стјуардската династија и нејзиното право на наследство на престолот. Во 1703 г., Шкотска одговорила на населувањето со донесување на Актот за безбедност, со што Шкотска доби сила, ако Кралицата нема други деца, да го избере следниот шкотски монарх од многуте потомци на кралството Шкотска. Поединецот избран од Шкотска не можел да биде истата личност што може да стигне до кралството Англија, освен ако Англија не им даде целосна слобода на шкотските трговци. Најпрво, Ана го затаила кралското прифаќање на актот, но дозволила да се применува следната година кога Шкотска се закани дека ќе ја повлече поддршката за англиските војни.

На ова, Англискиот Парламент одговорил со Акт за странците од 1705 г., во кој се заканувал дека ќе воведат економски казни и дека Шкотланѓаните во Англија ќе ги прогласат за туѓинци, освен ако Шкотска не го укине Актот на безбедноста или не се соедини со Англија. Шкотска ја одбрала последната опција и Кралицата Ана им наредила на специјалните ополномошци да преговараат за обединување. На 22 јули 1706 г., биле предложени членовите на унијата, а на 16 јануари и 6 март 1707 г., биле ратификувани од страна на шкотскиот и англискиот парламент. Според Актот на Унијата, Англија и Шкотска биле под едно кралство, а обединетото кралство на 1 мај 1707 г., се преименува во Велика Британија.

Дво-партиска политика[уреди | уреди извор]

Владеењето на Ана било обележано со дво-партиски систем. Во главно, конзервативците ја поддржувале англиската црква и биле на страната на интересите на благородништвото, додека виговците се приклучувале кон интересите на трговците и протестантските опозиционери. Како посветена Англичанка, Ана се стремела кон конзервативците. Нејзиниот прв министер бил конзервативец и назначувал главно конзервативци како Даниел Финч, втор Гроф на Нотингам и нејзниниот чичко Лоренс Хајд, прв Гроф на Рочестер. Ана ја поддржала Повелбата за привремена согласност од 1702 г., претставена од конзервативците, а спротивна на виговците. Постоечкиот закон им давал канцеларии на дисидентите доколку еднаш годишно посетуваат англиско причестување. Сопругот на Ана бил ставен во не толку добра позиција,кога Ана го натерала да гласа за Повелбата, иако бил лутеран, тој привремено бил конформист. Виговците успешно ја блокирале Повелбата за време на парламентарна седница. Ана повторно ја воведила традиционалната црковна пракса со што го допрела злото на кралот одбегнато од Вилијам како суеверен римокатолик. По Големата бура од 1703 г., Ана најавила општ пост за да се моли на Бога ,,да им ги прости сите гревови на оваа нација кои доведоа до ова осудување“. Повелбата за привремена согласност била вратена преку трагањето на бурата , но Ана не сакала да ја поддржи, плашејќи се дека нејзиното повторно воведување ќе предизвика политичка расправија. Уште еднаш не успеала.

Виговците ја поддржале Војната за шпанското наследство и станале уште повлијателни откако Војводата од Марлборо доби голема победа на Битката на Бленхем во 1704 г. Многу од главните конзервативци кои се спротивставувале на британското вмешување во војната против Франција, биле отстранети од функциите. Годолфин, Марлоборо и Харли, кои го замениле Нотингам со Министерство во Нотингам, основале владејачки триумвират. Тие биле присилени да се ослонат на сè повеќе виговци, а особено лордовите Сомерс, Халифакс, Орфорд, Вартон и Сандерленд, кои Ана не ги сакала. Сара постојано ја советувала Кралицата да назначи повеќе виговци и да ги намали конзервативците, за кои таа ги сметала за подобри од Јакубите, па со ова Кралицата станала незадоволна од советите на Сара. Во 1706 г., Годолфин и Марлборо ја присилувале Ана да го прифати Лорд Сандерленд, виговец и зет на Марлборо, како колега на Харли во Министерството во јужниот оддел. Иако ова ја зајакнало позицијата на министерството во Парламентот, ја ослабела позицијата на министерството кај Кралицата, бидејќи Ана почнала да ја нервира Годолфин и нејзината поранешна миленичка, Војвотката од Марлборо, која што го поддржувала Сандерленд. Поради тоа Кралицата почнала да се советува со Харли, кој бил против Марлборо и Годолфин. Таа исто така се спријателиа со Абигаил Хил, една од жените на кои им било дозволен пристап во нејзината спална соба, која станала покорлива на Ана откако нејзината врска со Сара се разниша. Абигаил се поврзала и со Харли и до Војвотката, но политички гледано, повеќе била на страната на Харли.

На 8 февруари 1708 г., дошло до поделба во министерството, кога Годолфин и Марлборо инсистирале Кралицата или да го отпушти Харли или тие нема да работат повеќе за неа. Поради тоа што Кралицата се двоумела, Годолфин и Марлборо одбиле да присуствуваат на состанокот. Харли се обидувал да го води бизнисот без неговите бивши колеги, но неколку од оние кои уште биле присутни, вклучувајќи го Војводата од Сомерсет, одбиле да работат сè додека тие не се вратат. Таа била присилена, па затоа го отпуштила Харли.

Следниот месец, полубратот на Ана, Џејмс Франсис Едвард Стјуард, слетал во Шкотска, со француска придружба, обидувајќи се самиот да се постави за крал. Ана ја затаила согласноста за Повелбата за шкотската полиција од 1708 г.,во случај полицијата да се крене во Шкотска и да ги поддржува Јакубитите, а не кралството. Таа била последниот владетел кој ги забранил парламентарните нацрт-закони, иако нејзината акција едвај била исполнета. Флотата никогаш не нападнала и била избркана од британските бродови командувани од Сер Џорџ Бјунг.

Во јули 1708 г., Војвотката од Марлборо се појавила во дворецот со непристојна поема, напишана од пропагандстот Виг, наменета за лезбејската врска помеѓу Ана и Абигаил. Војвотката и напишала на Ана дека таа ја уништила нејзината репутација со согледувањето на ,,голема страст кон таква жена...чудна и необјаснива”. На денот на благодарноста, кога битката на Оденарде издвои победа, Ана не го носела накитот кој Сара го одбра за неа. На вратата на катедралата, тие се карале и Сара ја навредила Кралицата со што и кажа да замолчи. Ана била ужасната. Кога Сара ѝ го пратила неповрзаното писмо од сопругот на Ана, со порака во која ја продолжува расправијата, на што Ана одговорила:,,По наредбите што ми ги даде на денот на благодарноста, не треба да те вовлекувам во овие теми, освен да го вратам пистото од Војводата на Марлборо безбедно во твои раце, и поради истата причина да не ти спомнувам ништо за него, ниту пак за твојата порака.”

Смртаа на нејзиниот сопруг[уреди | уреди извор]

Ана беше трогната од смртта на нејзиниот сопруг во октомври 1708 г., па овој настан предизвика пресврт во нејзината врска со Војвотката од Марлборо. Војвотката пристигна во палатата Кенсингтон набрзо откако почина Џорџ, а по неговата смрт инсистираше Ана да го напушти Кенсингтон против нејзина желба. Ана беше навредена од овие инструкции на Војвотката, кои вклучуваа и вадење на портретот на Џорџ од спалната соба на Кралицата и потоа одби да го врати со оправдување дека било природно да ,,се избегнуваат документи или било што прупаѓало на оние кои ги сакаме, кога тие само што починале”.

Виговците ја искористиле смртта на Џорџ во нивна корист. Министерот на воената морнарица не бил познат помеѓу водачите на виговата партија, кои го обвинувале Принц Џорџ и неговиот заменик Џорџ Черчил (брат на Марлборо) за лошо управување на воената морнарица. Со доминантноста на виговците во Парламентот, и со зашеметеноста на Ана поради загубата, ја натерале да ги прифати Лорд Сомер и Лорд Вартон во нејзиниот кабинет. Сепак, Ана инсистирала таа самата да ги извршува тие должности, без да назначува други личности кои би го замениле местото на Џорџ во воената морнарица. На 29 ноември 1708 г., Ана го назначила Томас Херберт за осми Гроф на Пемброук. Притисокот растел во Пемброук, Годолфин и кај Кралицата поради незадоволството изразено од страна на виговците, па Пемброук се откажал по помалку од една година. Следувало уште еден месец на недоразбирања сè додека Кралицата не се помирила да го постави Грофот од Орфорд за главен во ноември 1709 г.

Сара продолжила да се кара со Ана за нејзиното пријателство со Абигаил и во октомври 1709 г. Ана му напишала на Војводата од Марлбороу, неговата жена ,,да престане со подбуцнувања и тормозења и да се однесува пристојно кон неа и кон нејзината пријателка”. На 6 април 1710 г., Ана и Сара се виделе за последен пат. Според Сара, Кралицата се однесувала воздржано и формално, постојано повторувајќи ги истите фрази - ,,Сè што сакате да кажете , можете да го напишете и вие самите кажавте дека не сакате да Ви одговорам, па затоа не ви давам ниеден одговор.”

Војна за шпанското наследство[уреди | уреди извор]

Како што непопуларно се развивала војната за шпанското наследство, такво било и управувањето од страна на виговците. Обвинувањето на Хенри Сачеверел, англиски свештеник од конзервативците кој проповедал против виговците, предизвика уште поголемо незадоволство кај јавноста. Ана мислела дека Сачеверел треба да се казни затоа што се распрашувал за ,,Славната револуција”, но неговата казна требало да биде лесна за да не предизвика јавна вознемиреност. Сачевереч бил осуден, но неговата казна, суспендирање од пробоведништвото три години, била сфатена како потсмев. Во Лондон, се појавиле немири со цел да го поддржат Сачеверел, но единствени чети кои имале можност да го совладат безредието биле четите на Кралицата, па министерството ги земал во нивна одбрана и со тоа ја оставил Кралицата без заштита. Ана изјавила дека Бог ќе ја чува и нареди да се премести четата во Сандерленд.

Кралицата, конечно го отпуштила Сандерленд во јуни 1710 г. После него, во август следувал Годолфин. Виговците биле отстранети од кабинетот, иако Малрборо останал малку подолго командир на војската. На нивно место, таа назначила ново министерство, на чело со Харли, кој почнал да преговара за помирување со Франција. За разлика од виговците, Харли и неговото министерство биле спремни да преговараат за да ја дадат Шпанија на бурбонскиот побарувач, Филип од Анжу, а за возврат да бидат ослободени од трговските права. На парламентарните избори Харли го обезбедил место на конзервативците. Во јануари 1711 г., Ана ја присилила Сара да се повлече од функцијата чувар на државните средства за лична потрошувачка на Кралицата и на нејзино место ја поставила Абигаил. Во месец март, Харли бил прободен со нож од францускиот судија Маркис де Гискард, па Ана мислела дека тој може да подлегне на повредата. Тој полека заздравувал. Природната смрт на Годолфин во септември 1712 г., ја растажила Ана па таа ги обвинувала Марлбореанците.

Војната се решила со надворешни настани. Постариот брат на надвојводата Чарлс, Император Џозеф I, починал во 1711 г., и Чарлс го наследил во Австрија, Унгарија и Светото Римско Царство. Шпанскиот престол не бил повеќе во интерес на Британија, но сега се залагал за мирот од Утерихт предложен од парламентот за ратификација, кој не поминал толку добро колку што би сакале виговците. Во Долниот Дом, мнозинството на конзервативците било несоборливо, но истата ситуација не можела да се види и во Горниот Дом. Виговците се осигурале со поддршката од Грофот од Нотингам кој бил против договорот за повелбата за привремена согласност. Ана назначила дванаесет нови благородници. Сопругот на Абигаил, Самуел Машам, го назначила за барон. Таков состав на благородници до тогаш се немало видено. На истиот ден, Марлборо бил отпуштен од армијата. Мировниот договор бил ратификуван и вмешаноста на британската војска во Војната за шпанското наследство завршила.

Со потпишувањето на Договорот од Утерихт, Кралот Луи XIV од Франција го признал хановерското наследство во Британија. Како и да е, озборувањата дека Ана и нејзината пријателка дадоа предност на наследството од нејзиниот полубрат повеќе отколу на хановерското наследство продолжиле и покрај порекувањата од страна на Ана. Гласините биле поттикнати од нејзините постојани одбивања при посети или преселувања во Англија на кој било хановерианец и од недоразбирањата помеѓу Харли и министерството предводено од конзервативците, кои биле одделени и тајните разговори со нејзиниот полубрат за можното стјуардско реставрирање во 1714 г.

Смртта на Кралицата[уреди | уреди извор]

Помеѓу јануари и јули 1713 г., Ана била неспособна да се движи. На Божиќ, таа била трескавична и со часови лежела несвесно, што предизвикало гласини за нејзината престојна смрт. Таа се опоравила, но во март месец била тешко болна. На 27 јули 1714 г., за време на летната пауза на Парламентот, таа го отпуштила Харли. На 30 јули 1714 г., на годишнината од смртта на Глостер, таа не била способна да зборува и советувана од кралскиот совет,водењето на кралското богатство го предаде на првиот Војвода од Шревсбури, Чарлиз Талбот. Таа починала од потиснат зглоб, околу 7:30 на 1 август 1714 г. Кралицата била погребана до нејзиниот сопруг и син во капелата Хенри VII на Јужна патека на Вестминстерската опатија на 24 август.

Софија починала два месеци пред Ана на 8 јуни, па нејзиниот син Џорџ I, избраник од Хановер ја наследил британската круна согласно со Актот за населување од 1701 г. Можните католички побарувачи и полубратот на Кралицата биле игнорирани. Местото на избраникот на престолот било стабилно, виговците конечно паднале во 1715 г. Марлборо повторно се вратил, а конзервативците биле заменети со виговците.

Спомени за Кралицата[уреди | уреди извор]

Војвотката од Марлборо претерано ја омаловажувала Ана во нејзините мемоари и нејзините тенденциозни сеќавања ги наведувале биографите дека Ана била слаба, колеблива жена опседната со расправиите во спалната соба и одлуките за политиката основана на личните особини. Војвотката напишала: Со сигурност таа имала добри мисли и не била будала, но никој не може да каже дека таа била итра или пак забавна во разговорите. Таа не беше упатена во сè, освен во она што ја учеле нејзините свештеници уште кога била дете...Да бидеш неук, да се плашиш, со ептен мало осудување, лесно е да се каже дека имала добри мисли, со тоа што била опколена со толку многу лукави луѓе, кои на крајот имаа само непочит кон неа.

Од мислите на историчарот Морин Валер за традиционалните испитувања за дебелината на Ана, нејзините постојани бремености, под влијание на нејзините фаворити и недостатокот на политичка снаодливост или интерес, можело да произлезат предрасуди против жените. Авторот Дејвид Грин забележал: ,,Нејзината влада не и била под здолниште, како што се претпоставувало. Таа имала видна моќ, иако од време на време се предавала. ” Професорот Едвард Грег заклучил дека Ана често се потпирала на нејзината волја, иако, владеењето на една жена во години, со машка доминантност и преокупирана со нејзиното здравје, било обележано со зголемување на влијанието на министерите и намалување на влијанието на Кралицата. Таа најмногу присуствувала на состаноците на кабинетот од кои било претходници или наследници, и претседавала во време на уметнички, литературен, економски и политички напредок кој само со нејзиното владеење беше можно да се постигне. Во архитектурата, Џон Ванбру ја изградил Бленхеин Палатата и замокот Ховарт. Писателите како што се Даниел Дефо, Александар Поуп и Џонатан Свифт напредуваале. Унијата од Англија и Шкотска, создадена од Ана ја основале најголемата слободна европска трговска зона. Валер заклучил дека политичките и дипломатските постигнувања во владата на Ана, и отсуството на расправии помеѓу монархијата и парламентот за време на нејзиното владеење, покажувале дека таа многу мудро ги избрала своите министри и закони.

Титули, почести и мотиви на грб[уреди | уреди извор]

Титули

6 февруари 1665 – 28 јули 1683: Нејзиното Височество Леди Ана 28 јули 1683 – 8 март 1702: Нејзиното Кралско Височество Принцезата Ана од Данска 8 март 1702 – 1 август 1714: Нејзиното Величество Кралица

Официјалниот назив на Ана пред 1707 г., бил ,,Ана, по волјата на Господ, Кралица на Англија, Шкотска, Франција и Ирска, Бранителка на честа, итн.” Потребата од Франција била само симболична и наметната од секој англиски крал сè до владеењето на Едвард III. По обединувањето, називот на Ана бил ,,Ана, по волјата на Господ, Кралица на Велика Британија, Франција и Ирска, Бранителка на честа, итн.”

Мотив на грб

Додека владеела Кралицата, грбот на знамето со кралското оружје траел пред обединувањето сè до 1603 г.: поделени на четири четврини, I и IV: три азурни цвета од лилјан (со што ја претставувале Франција), три лава како бранители на бледо-црвена позадина (за Англија); II: лав во профил, исправен со двете предни шепи (за Шкотска); III: азурна харфа или гудачки инструмент на сребрена позадина (за Ирска). Во 1702 г., Ана го присвоила мотото Semper eadem (Секогаш исти), истото мото кое го користела и Кралицата Елизабета I.

Во Актот за Унијата било напишано дека ,,Мотивите што му припаѓаат на грбот на Обединетото Кралство ќе бидат такви какви што мисли Нејзиното Величество Кралицата”. Во 1707 г., Унијата била изразена преку здружувањето, или сместувањето еден до друг во истата четвртина, на грбот на Англија и Шкотска, кои пред биле во различни четвртини од грбот. Новите мотиви биле: поделени на четири четвртини,I и IV: три лава бранители на бледо-црвена позадина (за Англија), лав кој е исправен на двете задни нозе со црвена круна (за Шкотска); II: три азурни цвета од лилјан (за Франција); III: азурна харфа или дувачки инструмент на сребрена позадина (за Ирска). Во Шкотска, бил користен одделен мотив на грб сè до Актот за Унијата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Curtis, pp. 12–17; Gregg, p. 4
  2. Curtis, pp. 19–21; Green, p. 20; Gregg, p. 6
  3. Curtis, pp. 21–23; Gregg, p. 8; Somerset, pp. 11–13; Waller, p. 295
  4. Somerset, pp. 8–9
  5. Green, p. 28; Gregg, p. 17; Somerset, p. 29
  6. Green, p. 28: Gregg, p. 20
  7. Green, p. 29; Gregg, p. 22; Somerset, p. 34
  8. Green, p. 28
  9. Gregg, p. 33; Somerset, pp. 41–42