Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 133.099 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Topkapı - 01.jpg

Топкапи-сарајмузеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на империјата и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога империјата била во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по зазимањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разлилува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во спосокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси некогаш изграден во времето на Османлиите. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Korfu (GR), Korfu, Alte Festung -- 2018 -- 1137.jpg
Таваница на влезот во Англиската касарна, Стара тврдина, Крф.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Латинското Царство и неговите соседи во 1204 г.
На денешен ден…

Денес е 2 февруари 2023 г.

Настани:

1535  Основан е главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.
1848  По двегодишна војна во градот Гваделупе Идалго е склучен мир меѓу Мексико и САД. Мексико беше поразен и на САД мораше да им ги предаде Тексас, Ново Мексико, Аризона и Калифорнија, како и надомест од 14 милиони долари.
1932  Во Женева почна Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествуваа претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагаше за општо разоружување, но истовремено бараше право на еднаквост во вооружувањето. Неуспехот на Конференцијата беше и успех на империјалистичка Германија, бидејќи велесилите и ја признаа бараната еднаквост, што значеше дека има право повторно да се вооружува.
1994  Чешка Република дипломатски ја призна Република Македонија.
1996  Во Скопје е потпишан меморандум за отворање британски информативен центар.
2007  Марти Ахтисари го претставува својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.

Родени:

1494  Бона Сфорцакралица на Полска и Ерусалим.
1649  Бенедикт XIIIримски папа.
1829  Алфред Брем — германски природонаучник и зоолог.
1875  Фриц Крајзлер — австриско-американски композитор и виолинист.
1882  Андреј — принц на Грција.
1882  Џемс Џојс — ирски писател.
1901  Јаша Хајфец — руско-американски виолинист.
1923  Светозар Глигориќ — југословенски шаховски велемајстор.
1927  Стен Гец — американски џез-музичар.
1934  Славка Манева — македонска писателка.
1969  Валери Карпин — руски фудбалер и тренер.
1977  Шакираколумбиска поп-пејачка, глумица и дискографска продуцентка.
1979  Санди Казарфранцуски велосипедист.
1987  Жерар Пике — шпански фудбалер.
1989  Иван Перишиќ — хрватски фудбалер.
1996  Хари Винкс — англиски фудбалер.

Починале:

1054  Јарослав I — голем кнез на Киевска Русија.
1594  Џовани Пјерлуиџи де Палестринаиталијански композитор.
1769  Климент XIIIримски папа.
1826  Жан Антелм Брија-Саваренфранцуски гастроном и писател.
1873  Елена Павловнаруска кнегиња.
1901  Марко Миљанов — црногорски генерал и писател.
1907  Дмитриј Иванович Менделеевруски хемичар.
1924  Алекса Шантиќ — српски поет.
1938  Глигор Стефанов Попев — македонски револуционер.
1940  Всеволод Меерхолд - руски и советски театарски режисер.
1942  Данил Хармс — руски писател.
1945  Кирил Преславскибугарски престолонаследник.
1949  Теодорос Нацинасгрчки просветен деец.
1950  Џорџ Бернард Шоанглиски писател.
1955  Освалд Евериамерикански молекуларен биолог.
1969  Борис Карлоф — англиски глумец.
1970  Бертранд Расел — англиски филозоф.
1974  Имре Лакатош — унгарски филозоф.
1983  Елена Каваева — лекар и учесник во Октомвриската социјалистичка револуција.
1995  Фред Пери — англиски тенисер.
2005  Макс Шлеминггермански боксер, поранешен светски првак во тешка категорија.
2014  Филип Сејмур Хофманамерикански филмски глумец.
2022  Моника Вити — италијанска глумица.

Празници:

Светски ден за заштита на водните живеалишта
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич