Историски речник на Швајцарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првите три испечатени изданија, во секој јазик

Историски речник на Швајцаријаенциклопедија за историјата на Швајцарија, која целела да ги земе во обѕир резултатите на современите историски истражувања со цел да ги направи достапни на пошироката јавност.

Енциклопедијата е објавена од фондација под патронат на Швајцарската академија на општествените науки (SAGW/ASSH) и Швајцарското историско друштво (SGG-SHH) и е финансирана од националните истражувачки грантови. Покрај 35. вработени во средишните канцеларии, придонесувачи биле 100 академски советници, 2.500 историчари и 100 преведувачи.

Печатено издание[уреди | уреди извор]

Страница од енциклопедијата
Страница од енциклопедијата

Енциклопедијата била уредувана истовремено на трите национални јазици во Швајцарија: германски (Historisches Lexikon der Schweiz, HLS), француски (Dictionnaire Historique de la Suisse, DHS) и италијански (Dizionario Storico della Svizzera, DSS). Првото од 13. изданија било објавено во 2002 година. Последното издание е објавено во 2014 година.

36.000 одредници биле поделени на:

  1. биографии (35 %)
  2. статии за семејствата и генеалогија (10 %)
  3. статии за места (општини, кантони, други национални држави, тврдини, археолошки места) (30 %)
  4. статии за темата (историски настани, институции, случувања) (25 %)

Електронско издание[уреди | уреди извор]

Електронското издание е достапно од 1998 година. Статиите ги прави достапни и бесплатни и сите статии се спремни за печатење, но без слики. Исто така ги вклучува сите 36.000 одредници.

Lexicon Istoric Retic[уреди | уреди извор]

Lexicon Istoric Retic (LIR) е посебна верзија на речникот во две изданија на статиите објавени во реторомански. Вклучува статии кои не се достапни во другите јазици. Првото издание било објавено во 2010 година, а второто во 2012 година.

Исто така е достапно и електронско издание.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • DHS/HLS/DSS — електронско издание на германски, француски и италијански
  • Lexicon Istoric Retic (LIR) — електронски издание на реторомански