Композитор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 18:29, 28 август 2021; направена од Doni12345 (разговор | придонеси) (#WPWPMK)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)

Композитор е личност која пишува музика. Терминот се однесува на некој кој пишува нотен текст врз основа на кој се изведува музика. Ова е и основната разлика помеѓу композитор и музичар.

Класичен композитор Волфганг Амадеус Моцарт

Нивото на разлика помеѓу композиторите и музичарите исто така зависи од одредени параметри. На пример за време на класичниот музички период во Европа, функцијата на композитор и музичар не се разликувала драматично. Со текот на времето пишаните нотации на композиторите почнале да стануваат строго правило од кое музичарите не смееле да прават варијации.