Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Здраво! Јас сум Brainmachine и сум корисник на Википедија на македонски јазик од март 2008. На овој проект го создаваме „збирот на човековото знаење“ (зборовите на Џими Вејлс, основачот на Википедија), знаење кое ќе биде бесплатно и лесно достапно до секого. Горд сум што сум дел од заедница која овозможува слободно знаење, а посебно сум горд што тоа го правиме на мојот мајчин јазик и писмо. Од август 2008 сум администратор на овој проект. Тоа значи дека слободно можете да ме контактирате за извршување на било каква техничка работа — преместување, заштитување и бришење на страници, пријавување на неправилности и неучтиво однесување на други корисници, барања за оценка или рецензии на статии или медијаторство во разрешување на проблеми, прашања во врска со пишувањето на статии и нивниот енциклопедиски стил и за многу други работи. Покрај барања и прашања, отворен сум и за совети, прекори и пофалби. Сето ова можете да го направите на мојата страница за разговор. Често сум присутен овде, што значи дека ќе сторам сѐ во моја моќ да ви одговорам што е можно побргу. Исто така достапен сум и по е-пошта.
Ова не е енциклопедиска статија. Ако ја најдете оваа страница на место кое не е Википедија, тогаш гледате пресликана страница. Имајте на ум дека е можно страницава да е застарена, а корисникот кому му припаѓа може да нема лична врска со другата страница што не е Википедија. Вистинската страница се наоѓа на http://mk.wikipedia.org/wiki/Корисник:Brainmachine.