Прабугарски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Прабугарскиот календар бил календарски систем користен од Прабугарите, полуномадски народ, со потекло од Средна Азија, кој од II век па наваму живеел во евроазиските степи северно од Кавказот и околу бреговите на реката Волга. Во 681 година, дел од Прабугарите се населиле на Балканскиот Полуостров и ја основале Првата Бугарска Држава.

Главниот извор на информации што се користи за реконструкција на прабугарскиот календар е краток препис од 15 век на црковнословенски наречен Именик на бугарските ханови,[1] кој содржи 10 пара календарни термини. Дополнително, истиот датумски систем се користи во маргинална нота во ракопис од монахот Тудор Доксов од 10 век и во чаталарскиот натпис од бугарскиот владетел Омуртаг од IX век (вл. 814-831), кој исто така прикажува римско (ромејско) императорско датирање. (индикт). Според реконструираниот календар, Прабугарите користеле 12-годишен цикличен календар сличен на оној што го усвоиле туркиските народи од кинескиот календар, со имиња и броеви што се дешифрираат како на прабугарски јазик.[2] Читањето, заедно со самата интерпретација на „цикличниот календар“, првично го предложил финскиот славист Јоосепи Јулиус Микола во 1913 година. Подоцна, имало различни модификации и елаборации во текот на 20 век од научници како Геза Фехер, Омелјан Прицак, Моско Москов и други научници.[3] Петар Добрев, кој ја поддржува "иранската" маргинална теорија за потеклото на Прабугарите, тврди дека туркиските имиња на животните покажуваат дека туркиските народи ги позајмиле овие зборови од иранските Прабугари.[4]

Реконструкциите се разликуваат малку, затоа што некои од имињата не се проверени, а точната форма на неколкумина е дискутабилна. Следниот список се заснова на описот на Моско Москов за просечното воглавно толкување, како и на неговата сопствена реконструкција и ги зема предвид постојните несогласувања:[5]

  1. Глушец (на прабугарски: Сомор)
  2. Вол (на прабугарски: Шегор)
  3. Несигурно, веројатно Тигар/Волк (На прабугарски: Вер?)
  4. Зајак (на прабугарски: Дван[ш])
  5. Несигурно, веројатно Змеј (На прабугар: Вер[ени]?)
  6. Змија (на прабугарски: Дилом)
  7. Коњ (на прабугарски: Имен[шегор] ?)
  8. Овен (На прабугар: Теку[чимем] ?)
  9. Недокажан, веројатно Мајмун
  10. Кокошка или петел (на прабугарски: Тох)
  11. Куче (на прабугарски: Ет)
  12. Свиња (на прабугарски: Дохс)

Наводи и белешки

  1. „dtrif/abv: Name list of Bulgarian hans“. theo.inrne.bas.bg. Архивирано од изворникот на 2012-02-04. Посетено на 2009-04-15.
  2. Образуване на българската държава. проф. Петър Петров (Издателство Наука и изкуство, София, 1981) стр. 171.
  3. Zlatarski, Vasil. 1918. Istoriya na balgarskata darzhava prez srednite vekove. Balgarsko letobroene (in Bulgarian).
  4. Inscriptions and Alphabet of the Proto-Bulgarians, by Peter Dobrev
  5. Именник на българските ханове – ново тълкуване. М.Москов. С. 1988 г. § 80,70

Надворешни врски