Римски календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Репродукција на Fasti Antiates Maiores (ок. 60 bc), каде седмиот и осмиот месец сè уште се именувани како квинтилиј („QVI“) и секстилиј („SEX“) и прескочен месец („INTER“) во крајната десна колона.
Museum of the Roman Theater of Caesaraugusta in Zaragoza, Spain
Друга репродукција на Fasti Antiates Maiores

Римски календаркалендарот кој го користеле римското кралство и република. Календарот е вклучен во јулијанскиот календар воспоставен со реформите на диктаторот Јулиј Цезар и царот Октавијан Август кон крајот на 1-от век  п.н.е. и како дел од секој систем датиран според броењето на месеците' календи, нони, и иди според римските начини на броење. Вообичаено е карактеристичен за Коптскиот календар во Египет, кој продолжил да ги користи месеците од стариот календар, Византискиот календар на подоцнежното Источно Римско Царство, кој вообичаено ги датирал римските месеци со поедноставното броење на Старогрчкиот календар, и грегоријанскиот календар, кој го унапредил јулијанскиот систем за да се приближи што поблиску до сончевата година и е основата за моменталниот меѓународен стандард.

Римските дати се бројат нанапред до следните три главни денови: првиот во месецот (календи), ден пред средината на месецот (иди), и осум дена—девет, броејќи пред ова (нони). Првичниот календар се состоел од 10 месеци и започнувал на пролет со месецот март, зимата пак немала определен број на денови. Овие месеци траат 38, 8 дневни недели, (т.е., „девет“) дневни недели завршувале со верски обрреди на јавните пазаришта. Зимата е период кој се искористил за создавање на јануари и февруари. Според митовите првите кралеви Ромул и Нума се сметаат за воспоставувањето на првиот непоместлив календар, кои има потекло од месечевите набљудувања. Особено, календите, ноните и идите потекнуваат од забележувањето на првата четвртина, полумесечината и полната месечина. Календарот бил малку покус сончевата година, и имал потреба од постојано прескокнување за да се одржуваат верски фестивали и други активности во нивните соодветни годишни времиња. Од празноверни приочини, ваквите прескокнувања се случувале во текот на месецот февруари, иако тој не се сметал за последен месец во годината.

По воспоставувањето на Римската Република, годините започнале да се датираат според конзулствата и контролата над прескокнувањето била доделена на врвниот свештеник, кои ја злоупотребувале својата моќ за продолжување на годините кога на власт биле нивните политички сојузници и ги скусувале кога на власт биле нивните противници. Победувајќи во неговата војна со Помпеј, Цезар ја искористилм својата моќ како римски врвен свештеник да ја воведе календарската реформа во 46 п.н.е., со што третата година на неговото конзулство траела 446 дена. За да се одбегне мешањето во римските верски обреди, со реформата овие дополнителнин денови биле додадени кон краевите на месеците и не се поклопувал со ноните или пак идите, дури и во месеците кои имале 31 ден. јулијанскиот календар требал да има еден прескочен ден на 24 февруари секоја четврта година но по Цезаровото убиство, свештениците погрешно го јкористеле прескочниот ден на секои три години. За да го врати во ред календарот, Октавијан Август морал да спречи додавање на прескочни денови во следните декади. Овој преиначен календар бил малку подолг од сончевата година, датумот на Велигден се поместувал многу од мартската рамнодневница па Папата Григориј XIII ја наредил реформата на календарот во XVI век.

Историја[уреди | уреди извор]

Остатоците од Fasti Praenestini

Праисториски месечев клаендар[уреди | уреди извор]

Првичниот римски календар се верува дека бил набљудувачки месечев календар[1] чии месеци започнувале од првите знаци на новата четврт месечина. Бидејќи месечевиот циклус е околу 29 12 денови, месеците би имале помеѓу 29 и 30 дена. Дванесетте вакви месеци ќе имале 10 или пак 11 денови помалку од сончевата година, без прилагодување, овие години набрзо ќе немале поклопување со годишните времиња на начинот на кој тоа го сретнуваме кај исламскиот календар. Земајќи ги предвид временските важности на подоцнежните календари и нивната поврзаност со верските обичаи, по што ова е избегнато со прескочните денови или преку неважност на календарот за време на зимата.

Римската 8 дневна недела, ноните, била споделена со Етрурците, кои го користеле за да ги организираат кралските приеми. Се верува дека станува збор за одлика на првичниот календар и бил создаден според римската митологија за Ромул и Сервиј Тулиј.

Легендарниот 10-месечен календар[уреди | уреди извор]

Самите Римјани ја опишувале годината со 10 непоместливи месеци, секој со 30 или 31 ден.[2][3] Ваквата декадна поделба соодвествувала со римските практики.[4] Четирите месеци со 31 ден биле наречени „полни“ (pleni) а останатите „шупливи“ (cavi).[б 1][6] 304-те денови се состоеле од точно 38 нунди. Системот вообичаено остантите 50 денови од годината ги сметал за неорганизирана „зима“, иако во Ликиниј Макровата изгубена историја се вели дека првичните римски календари користеле прескочност[7][8] и Макробиј тврди дека 10 месечниот календар дозволувал промени сè додека летото и зимата не си ги заменувале местата, со што се додавале дополнителни денови сè додека не се вратиле годишните времиња на своите соодветни временски периоди.[9][10]

Подоцнежните римски писатели го придавеле создавањето на календарот на Ромул,[11][12] нивниот митолошки прв крал и културен херој, но ова било карактеристично за сите обичаи и практики за чие потекло не се знаело. Некои истражувачи се сомневаат во постоењето на овој календар, бидејќи се спомнува во подоцнежните републички и царски извори и поддржано со помешаните имиња од септември до декември.[13] Рипке исто така согледува дека постои случајност за должината на претпоставената „Ромулска“ година со должините на првите десет месеци на јулијанскиот календар.[13]

„Ромулски календар“
Македонски Латински Значење Должина
во денови
[2][3]
Март Martius Месец на Марс 31
Април Aprilis Месец на Апру (Афродита)[14] 30
Мај Maius Месец на Маја[15] 31
Јуни Iunius Месец на Јунона 30
Квинтилиј Quintilis[16] Петти месец 31
Секстилиј Sextilis Шести месец 30
Септември September Седми месец 30
Октомври October Осми месец 31
Ноември November Деветти месец 30
Декември December Десетти месец 30
(51)

Сепак постоеле и други обичаи покрај овие. Плутарховата Напоредни животописи спомнува дека Ромуловиот календар бил сончев календар но се раководел според начелото дека годината ретреба да трае 360 дена. Месеците во календарот биле неорганизирани, некои имале 20 деновиа други 35 или повеќе.[17][18]

Републички календар[уреди | уреди извор]

Воспоставениот календар на Римската Република бил сосема поинаков. Ги користел старогрчките календари користејќи го месечевите мени со времетраење од 29 12 денови и тропската година од 12 12 синодички месеци (368 34 денови), кои се надоплонуваат секоја четврта година со додавање на два дополнителни месеци.[6] Дополнителните месеци во годината биле јануари и февруари, дополнителниот месец понекогаш бил познат и како меркедониј.[6]

Римјаните не ја следеле вообичаената старогрчка практика со замена на 29- и 30-дневни месеци и престапен 29- или 30-дневен месец секоја втора година. Следствено, нивните 3-ти, 5-ти, 7-ми и 10-ти месеци [б 2] имале по 31 ден, останатите месеци имале по 29 денови со исклучок на февруари кој имал 28 денови три години по ред и 29 денови на секоја четврта година. Вкупно овие месеци во текот на четири години се разликувале од старогрчкиот календар за 5 денови, што значи дека престапниот месец кај римјаните имал 27 денови. Слично, во секој од месеците, неделите не се менувале како во старогрчкиот календар меѓу седум и осум денови, наместо тоа, полните месеци имале дополнителни два дена во првата недела од секој месец, додека пак останатите три недели од секој месец имале по осум дена („девет“ според римското броење).[19] Сепак понеобично е што претапниот месец не се сместувал накрајот на годината, туку во месецот февруари по терминалија односно 23-ти истиот месец (a.d. VII Kal. Mart.); останатите денови од февруари следеле по завршувањето на овој месец. Ова се верува дека произлегува од римските суеверија за означувањето со броеви и редоследот на месеците. Подреденоста ан римскиот календар произлегува најверојатно од питагорејските суеверија поврзани со среќноста на непарните броеви.[19]

Овие Питагорејски измени на римскиот календар се препишуваат на Нума Помпилиј, надледникот на Ромул и вториот од седумтте римски кралеви, како и додавањето на двата нови месеци во календарот.[20][21][б 3] Повеќето извори укажуваат дека тоју го воспоставил и претапниот месец во календарот. Според Тит Ливиј, Нума го воспоставил месечевиот календар, односно пишува дека кралот воспоставил 19-годишен систем со претапност еднаков на Метонскиот циклус[22] векови пред истиот да биде воспоставен од вавилонските и старогрчките астрономи.[б 4] Плутарховите записи тврдат дека мтој ставил крај на хаосот со претходниот календар создавајќи мкалендар со 12 мееци и вкупно 354 денови, односно месечева и старогрчка година—и двогодишен дополнителен месец од 22 дена.[17][18]

Плутарх верувал дека Нума е одговорен ѐа сместувањето на јануари и февруари на почетокот на ккалендарот,[17][18] Овид пак пишува дека јануари е првиот месец, додека пак февруари е последниот, но дека го има сегашниот редослед поради декември.[24][25] Вилијам Фаулер смета дека римските свештеници продолжиле да ги сметаат јануари и февруари како последни месеци на календарот за времетраењето на републиката.[26]

Предјулијански римски календар
Македонски Латински Значење Должина
во денови
[27][28][17][18]
Јануари Mensis Ianuarius Месец на Јанус 29
Февруари Mensis Februarius Месец на Луперкалија 28
Меркедониј
престапен месец
Mercedonius
Mensis Intercalaris
Месец на платите 23
Март Mensis Martius Месец на Марс 31
Април Mensis Aprilis Непознато 29
Мај Mensis Maius Непознато 31
Јуни Mensis Iunius Месец на Јунона 29
Квинтилиј Mensis Quintilis
Mensis Quinctilis[16]
Петти месец 31
Секстилиј Mensis Sextilis Шести месец 29
Септември Mensis September Седми месец 29
Октомври Mensis October Осми месец 31
Ноември Mensis November Деветти месец 29
Декември Mensis December Десетти месец 29

Бројот на години на конзулство не биле секогаш современа календарска година, но обичните конјхзули биле избирани или назначувани секоја година. Традиционалниот список на римски конзули користен од страна на Римјаните за да ги бројат годините, започнува со употреба од 509 п.н.е..[29]

Флавијанова реформа[уреди | уреди извор]

Гнај Флавиј, секретарот на врховниот свештеник, вовел низа на реформи во 304 п.н.е.[30] Нивната точна природа е непозната, но се претпоставува дека станало обичај календарот да се објавува однапред еден месец пред настапувањето на тој месец, намалувајќи ја моќта на свештениците, но овозможува попостојан календар за трговија.[31]

Јулијанска реформа[уреди | уреди извор]

Гај Јулиј Цезар, по неговата победа во граѓанската војна и во неговата улога како врховен свештеник, ја наредил реформата на календарот во 46 п.н.е. Во оваа реформа биле вклучени многу мудреци од антиката, меѓу кои бил и александриецот Сосиген[32] и римјанинот М. Флавиј.[33][28] Воглавно се задржале на додавањето на десет дополнителни денови низ календарот и воведување на еден прескочен ден на секоја четвртта година за да го подреди календарот со сончевата година. Согласно 46 годинап.н.е е последната година од стариот систем кој имал три прескочни месеци, првиот вметнат во февруари, а останатите два—Intercalaris Prior и Posterior—пред календите на декември.

Подоцнежни реформи[уреди | уреди извор]

По Цезаровиот атентат, Марк Антониј во негова чест го преименувал месецот квинтилиј во јули (Iulius). По Антониевиот пораз кај Акциум, Октавијан Август јапрезел контролата над Рим ги затекнал свештениците (го задржале старото броење) како прават секоја трета година да биде престапна, наместо секоја четвртта, го оневозможил додавањето на прескочни денови на календарот за определен број на декади сè додека не се воспоставила правила расапределба на годишните времиња. Во 8 година п.н.е., референдумот Lex Pacuvia de Mense Augusto придонел секстилиј во негова чест да го добие името август (Augustus).[34][35][28][б 5]

Во поголем дел овој календар, останал неизменет за време на Римското Царство. (Египјаните го користеле коптскиот календар, кој Август го прилагопдил од нивниот стар поместлив календар за да се усогласи со Римскиот календар.) Неколку цареви ги преименувале месеците во календарот по нивните семејни имиња или пак по оидредени членови од семејствата, но ваквите промени биле отфрлани од нивните наследници. Диоклецијан започнал да користи 15-годишни индиктни циклуси започнувајќи од 297 година,[29] по што овиое стануваат официјален облик за датирањењ за време на Јустинијан. Константин формално ја воспоставил 7-дневната недела правејќи ја неделата официјален празник во 321 година. Конзуларното сметање на времето станало застарено по напуштањето на назначувањето на неимперијални конзули во 541 година.[29] Риомсњкиот метод на броење на деновите на месецот никогаш не се проширил во хеленизираните источни провинции и бил напуштен од страна на Византија која го користела Византискиот календар.

Денови[уреди | уреди извор]

Римските датуми биле определувани однапред до следниотво три главни денови во секој месец:[36]

  • Календи (Kalendae или Kal.), првиот ден од секој месец[36]
  • Нони (Nonae или Non.), седмиот ден од полниот месец[37] и петтиот ден од скратените месеци,[36] 8 дена—„девет“ според римското броење—пред идите во секој од месеците
  • Иди (Idus, или Eid. или Id.),петнаесеттиот ден од секој полн месец,[37] и тринаесеттиот ден од секој скратен месец,[36] ден пред средината на секој месец.

За овие денови се смета дека се оставнина од праисторискиот месечев календар, кога календите биле определувани според забележувањето на првиот зрак од новата млада месечина ден, два по млада месечина, ноните биле определени според денот на првата четвртина, а пак идите според полната месечина. Календите од секој месец биле посветрени на Јунона, а пак идите на Јупитер.[38][39] ДСеновите пред овие празнувања биле познати како предвечерие (pridie), а денот по нив повечерие (postridie) ден кој се сметал за несреќен.

Деновите во месецот биле изразени на стар латински користејќи го аблативот за време, искажувајќи периоди од времето, во следниов облик „календа 6 декември “ (VI Kalendas Decembres).[37] На класичен латински, ова продолжило да важи за трите главни денови во месецот[40] но останатите денови биле идиоматски изразувани во акузатив, со кој вообичаено се искажувало времетраење,и гласело „6-от ден пред декемвриската календа“ (ante diem VI Kalendas Decembres). Оваа аномалија можно е да била поради искажувањето на деновите на старогрчки јазик,[41] што довело до тоа зголемено да се употребуваат ваквите фрази, како апсолутни фрази во функција кои може да се користат како предмет на друг предлог,[37] или пак по грешка потекнува од dies со предлогот ante кога се поместил на почетокот на изразот.[37] Во доцниот латински, овој идиом бил понекогаш напуштан и повторно се користел аблативот за време.

Календиоте биле деновите кога се исплаќале долговите и се средувале сметките (kalendaria) за долговите и оттука потекнува зборот календар. Јавните римски календари биле наречени фасти, со кои се означуивале верскиот и правен карактер за секој ден од месецот. Римјаните во календарот ги означувале овие денови со буквите:[42]

  • F (фаст, „допуштено“) денови кога било дозволено правно да се започне случај на судовите за граѓанско право (dies fasti, „допуштени денови“),
  • C (комиталија) за фасти - денови кога Римјаните можелe да одржуваат собири (dies comitalis),
  • N (нефаст) денови кога правните и судските дејства биле забранети (dies nefasti),
  • NP (непознато)[б 6] за време на празници (фери),
  • QRCF (непознато)[б 7] деновите кога „кралот“ (rex sacrorum) можел да свика собир,
  • EN (endotercissus, стар облик за intercissus, „преполовено“) за деновите кога повеќето политички и верски дејности биле забранети утрото и вечерта се приготвувале жртвувањата или пак биле понудени во точно определен временски период од денот.

Секој ден исто така бил означен со буквите од A до H за да се означи местото на нундините за пазарните денови.

Недели[уреди | уреди извор]

Дел од Римскиот календар за месецот април, каде можат да се видат буквите за нундите на левата страна.

Нундите се пазарните денови кои на некој начин претстѕавувале викенд во Рим, Италија, и некои други делови од Римското Царство. Според римското броење, се сметале за „деветти ден“, иако всушност се случувале на секој осми ден. Бидејќи републиканските и Јулијанските години не биле подеднакво поделени во осумдневни периоди, Римските календари вклучувале колона со која секој ден од годината имал нундиска ознака од A до H со што го означувале местото во циклусот на пазарни денови. Секоја година, буквата која се користела за пазарните денови ќе се поместела за 2-5 букви во циклусот. Во деновите кога градот бил преплавен со население од селата, тие биле надгледувани од едилите и имале важна улога во римското управување, кои биле задолжени да ги најават трите нундиски недели (меѓу 17 и 24 денови) пред да се гласа. Патрициите и нивната клиентела понекогаш го искористувале овој факт како вид на филибастер, бидејќи народните трибуни било потребно да чекаат уште три недели доколку нивните предлози не добиеле гласови пред самракот на денот кога биле предложени. Постоеле суеверијата поврзани со лошата среќа нкоја следувала по нундите за време на ноните во месецот, или подоцна за време на првиот ден од јануари. Престапноста се користела за да се избегнат ваквите случајности, дури и по Јулијанската реформа на календарот.

Неделата почнала да се користи во Италија во мраното царство,[44] како што верниците и следбениците на источните вери ги донеле хеленистичката и вавилонската астрологија, еврејската сабота Шабат, и христијанскиот Божји ден. Системот првично бил користен за привотно обожување, како и во астрологијата но ја заменил нундиоската недела за време на владеењето на Константин кој ја прогласил неделата (dies Solis) за официјален ден за одмор во 321 година п.н.е. Неделите исто така биле броени како циклус со букви од A до G, за подоцна истите бидат прилагодени за христијанска употреба како неделни букви.

Месеци[уреди | уреди извор]

Имињата на римските месеци првично биле придавки (пр., јануарските календи се случувале во месецот јануари) пред да бидат сметани за суштенски именки (пр.,календите на јануари се случуваат во јануари). Некои од нивните потекла се добро воспоставени: јануари и март се именувани според боговите Јанус[45] и Марс;[46] јули и август се именувани според римските диктатори Гај Јулиј Цезар[47] и неговиот наследник, царот Август;[48] а месеците квинтилиј,[49] секстилиј,[50] септембер,[51] октобер,[52] новембер,[53] и декембер[54] се архаични придавки создадени од редните броеви од 5 до 10, нивната местоположба вокалендарот кога започнувал за време на пролетната рамнодневница во март.[51] За другите месеци потеклото не имињата е нејасно. Февруари можно е да потекнува од фестивалот Фебруа или од епонимот februa („прочистувања,искупителни понуди“), чие име може да биде со потекло сабињанскиот јазик или зачуван архаичен збор за сулфурично.[55] Април можно е да се однесува на етрурската божица Апру или пак од глаголот aperire („да отвори“). Мај и јуни можно е да се именувани според Маја[56] и Јунона[57] или пак потекнуваат од архаичните поими за „сениор“ и „јуниор“. Неколку од следните цареви по Август се обиделе да ги додадат своите имиња во календарот, но без успех.

На класичен латиснки, деновите од секој месец се броеле на следниов начин:[40]

Ден Првични
месеци со 31 ден[б 8]
Нов Јулијански календар
месеци со 31 ден[б 9]
Нов Јулијански календар
месеци со 30 дена[б 10]
Првични
месеци со 29 дена[б 11]
Февруари
1 Kal. за време на календи
Kalendis
Kal. Kal. Kal. Feb.
2 a.d. VI Non. 4 ден пред нони
ante diem quartum Nonas
a.d. IV Non. a.d. IV Non. a.d. IV Non. Feb.
3 a.d. V Non. 3 ден пред нони
ante diem tertium Nonas
a.d. III Non. a.d. III Non. a.d. III Non. Feb.
4 a.d. IV Non. денот пред нони'
Pridie Nonas
Prid. Non. Prid. Non. Prid. Non. Feb.
5 a.d. III Non. за време на нони
Nonis
Non. Non. Non. Feb.
6 Prid. Non. 8 ден пред иди
ante diem octavum Idus
a.d. VIII Eid. a.d. VIII Eid. a.d. VIII Eid. Feb.
7 Non. 7 ден пред иди
ante diem septimum Idus
a.d. VII Eid. a.d. VII Eid. a.d. VII Eid. Feb.
8 a.d. VIII Eid. 6 ден пред иди
ante diem sextum Idus
a.d. VI Eid. a.d. VI Eid. a.d. VI Eid. Feb.
9 a.d. VII Eid. 5 ден пред иди
ante diem quintum Idus
a.d. V Eid. a.d. V Eid. a.d. V Eid. Feb.
10 a.d. VI Eid. 4 ден пред иди
ante diem quartum Idus
a.d. IV Eid. a.d. IV Eid. a.d. IV Eid. Feb.
11 a.d. V Eid. 3 ден пред иди
ante diem tertium Idus
a.d. III Eid. a.d. III Eid. a.d. III Eid. Feb.
12 a.d. IV Eid. ден пред иди
Pridie Idus
Prid. Eid. Prid. Eid. Prid. Eid. Feb.
13 a.d. III Eid. за време на иди
Idibus
Eid. Eid. Eid. Feb.
14 Prid. Eid. 19 ден пред календи
ante diem undevicesimum Kalendas
a.d. XVIII Kal. a.d. XVII Kal. a.d. XVI Kal. Mart.
15 Eid. 18 ден пред календи
ante diem duodevicesimum Kalendas
a.d. XVII Kal. a.d. XVI Kal. a.d. XV Kal. Mart.
16 a.d. XVII Kal. 17 ден пред календи
ante diem septimum decimum Kalendas
a.d. XVI Kal. a.d. XV Kal. a.d. XIV Kal. Mart.
17 a.d. XVI Kal. 16 ден пред календи
ante diem sextum decimum Kalendas
a.d. XV Kal. a.d. XIV Kal. a.d. XIII Kal. Mart.
18 a.d. XV Kal. 15 ден пред календи
ante diem quintum decimum Kalendas
a.d. XIV Kal. a.d. XIII Kal. a.d. XII Kal. Mart.
19 a.d. XIV Kal. 14 ден пред календи
ante diem quartum decimum Kalendas
a.d. XIII Kal. a.d. XII Kal. a.d. XI Kal. Mart.
20 a.d. XIII Kal. 13 ден пред календи
ante diem tertium decimum Kalendas
a.d. XII Kal. a.d. XI Kal. a.d. X Kal. Mart.
21 a.d. XII Kal. 12 ден пред календи
ante diem duodecimum Kalendas
a.d. XI Kal. a.d. X Kal. a.d. IX Kal. Mart.
22 a.d. XI Kal. 11 ден пред календи
ante diem undecimum Kalendas
a.d. X Kal. a.d. IX Kal. a.d. VIII Kal. Mart.
23 a.d. X Kal. 10 ден пред календи
ante diem decimum Kalendas
a.d. IX Kal. a.d. VIII Kal. a.d. VII Kal. Mart.
24 a.d. IX Kal. 9 ден пред календи
ante diem nonum Kalendas
a.d. VIII Kal. a.d. VII Kal. a.d. VI Kal. Mart.[б 12]
25 a.d. VIII Kal. 8 ден пред календи
ante diem octavum Kalendas
a.d. VII Kal. a.d. VI Kal. a.d. V Kal. Mart.
26 a.d. VII Kal. 7 ден пред календи
ante diem septimum Kalendas
a.d. VI Kal. a.d. V Kal. a.d. IV Kal. Mart.
27 a.d. VI Kal. 6 ден пред календи
ante diem sextum Kalendas
a.d. V Kal. a.d. IV Kal. a.d. III Kal. Mart.
28 a.d. V Kal. 5 ден пред календи
ante diem quintum Kalendas
a.d. IV Kal. a.d. III Kal. Prid. Kal. Mart.
29 a.d. IV Kal. 4 ден пред календи
ante diem quartum Kalendas
a.d. III Kal. Prid. Kal.
30 a.d. III Kal. 3 ден пред календи
ante diem tertium Kalendas
Prid. Kal.
31 Prid. Kal. за време на календи
Pridie Kalendas

Датите по броењето на идите се бројат кон календите за следниот месец и се изразени каком такви. На пример, 19 март се изразувал како „14 ден пред априлските календи“ (a.d. XIV Kal. Apr.), без да се спомнува март. Денот по календи, нони или иди се изразувале како „ден подоцна“ (postridie) и се сметале за особено несреќни „темни денови“.

Маанаџискиот статус на новиот месец со 31 ден според јулијанскиот календар бил ефект за Цезаровата желба да се избегне опфатот на празнувањата поврзани со нониоте и идите за различни месеци, бидејќи датумите на крајот на месецот се броеле кон следните календи, сепак, тие сите биле поместени за еден или два дена поради промената. Ова создало забуни во однос на одредени годишнини. На пример, роденденот на Октавијан Август на 23 ден од септември бил a.d. VIII Kal. Oct. во стариот календар но според новиот систем бил на a.d. IX Kal. Oct.. Ова довело до тоа годишните славења да се одржуваат на една од овие или за време на двете дати на празувањата.

Престапност[уреди | уреди извор]

Републиканскиот календар има самно 355 денови, што значи дека мошне брзо би се изместил во опднос на сончевата година, предизвикувајќи, на пример, земјоделските прослави да се случуваат вон сезоната. Римското решение за овој проблем било периодично да се продолжува календарот со додавање дополнителни денови во февруари. Февруари се делел на два дела, секој со непарен број на денови. Првиот дел завршувал на 23-тиот ден Терминалија (a.d. VII Kal. Mart.), со кој завршувала верската година, останатите пет денови кои започнувале на 24-тиот ден наречен Фугалија, (a.d. VI Kal. Mart.) го образувале вториот дел, и престапниот месец меркедониј се вметнувал меѓу нив. Во ваквите години, деновите помеѓу идите и Фугија биле броени сè до престпаните календи или до Терминалија. Престапните месеци броени до ноните и идите на 5-иот и 13-иот ден на начин сличен како за останатите куси месеци. Останатите денови од месецот се броеле кон каленсите на март, на тој начин што крајот на меркедониј и вториот дел на февруари биле потполно исти за римајаните, едниот завршувал a.d. VII Kal. Mart. а другиот почнувал на a.d. VI Kal. Mart. и започнувале сите прослави поврзани со овие дати.

Веројатно поради забуните од овие промени или поради несигурноста за потребата да се воведе престапен месец, датите по февруарските иди се понекогаш броени кон квирин (17 фев.), Фералија (21 фев.), или Терминалија (23 фев.)[58] наместо престапноста или мартските календи.

Писателот од третиот век Кенсорин вели:

Кога се мислело дека е потребно да се додаде (на секои две години) престапен месец од 22 или 23 денови, за граѓанската година биде изедначена со природната сончева година, оваа престапност поради погодност се правела во февруари, помеѓу Терминалија [23-ти] и Фугалија [24-ти].[59]

Писателот од петтиот век Макробиј вели дека Римјаните имале престапност на 22 и 23 денови на за време на променливите години (Saturnalia, 1.13.12); престапноста се вметнувала по 23 февруари по што следеле останатите пет денови од февруари (Saturnalia, 1.13.15). За да се избегне ноните да бидат на нунди, кога постоела потребата тие вметнувале престапен ден „насреде Терминалија, каде исто така започнувал престапниот месец“.[60]

Ова е историски точно. Во 167 п.н.е. меркедониј започнал на ден по 23 февруари [61] и во 170 п.н.е. започналч на вториот ден по 23 февруари.[62] Марко Теренциј Варон, пишувајќи во првиот век пред нашата ера, вели „дванаесеттиот месец февруари, и кога започнува престапноста последните пет денови на месецот се отстрануваат.“[63] Бидејќи сите денови по идите на престапноста биле броени како дел од почетокот на март, престапниот месец имал или 27 денови (односно 377 во годината) или 28 (односно 378 во годината).

Постои уште една теорија која вели дека за време на престапните години февруари имале 23 или 24 денови и интеркалариј имал 27 денови. Не е понуден датум за Фугалија во 378 дневните години.[64] Макробиј опишува и поинаков вид на подредување каде на секој осум години во период од 24 години, каде имало само три престапни години, секоја со 377 денови. Ваквото подредување го доведува календарот назад во подреденост со годишните времиња, и го сведува просечното траење на должината на годината до 365,25 денови во текот на 24 години.

Врховниот свештеник одредувал кога ќе се воведе престапниот месец. Воп просек, ова се случувал во променливи години. Системнот на подредување нба годината преку престапните месеци престанала да функционира најмалку двапати: првиот пат било за време на и по Втората пунска војна. Ова довело до реформата од 191 година п.н.е. со т.н. Акилиев закон за престапност, но деталите од истиот не се познати, но по се изгледа дека успешно го решил проблемот со престапноста во текот на еден век. Вториот распад на системот се случил во текот на срединта на првиот век п.н.е. и се верува дека постои поврзаност со зголемената хаотичност и соперништвото меѓу политичката елита од тој период. Да се биде врховен свештеник не била постојана работна задача, и му била доделувана на член од римската елита, што со себе повлекувало и вмешување во римската политика. Бидејќи времетраењето на избраниот Римски магистрат бил дефиниран според календарската година, врховниот свештеник би имал причина да ја продолжи годината во која на власт биле неговите сојузници или пак д ја скуси годината на владеење на неговите политички противници.

Иако има многу приказни за толкување на престапноста, периодот од 22 или 23 денови се секогаш ¾ од месечевиот месец. Очигледно е дека почетокот на месецот се менува (од млада месечина, до трета четвртина, до полна месечина, до прва четвртина, назад до полна месечина) по престапноста.

Години[уреди | уреди извор]

Дел од царскиот список на конзули[65]

Како што се спомна погоре римскиот стар десетто месечен календар траел 304 денови, но се мислело дека остатокот оид сончевата година се одвивал за време на неорганизираниот зимски период. Непотврдената но со сигурност утврдена месечева година и поредјулијанската граѓанска година биле со должина од 354 или 355 денови, со тоа што разликата од сончевата година се исправала помалку или повеќе со нередовен престапен месец. јулијанскиот календар бил со должина од 365 денови, со престапен ден на секоја четвртта година, што е еднакво на денешниот грегоријански систем.

Календарската доба пред и за време на римнските кралеви не е сигурно утврдена но постои веројатност да се сметала според годините на владеење. За време на Римската Република, од 509 година п.н.е., годините се броеле по должината на владеењето на конзулите.[29] (Понекогаш биле избрани привремени и почесни конзули, но годините на нивното владеење не биле броени.)[29] Списоците на римските конзули биле објавени на јавните календари. По воспоставувањето на Римското Царство, броењето на годините според владеењето на царот станувало се повообичаено. Некои од историчарите од подоцнежната република или раното царство ги броеле годините според годината од основањето на градот Рим (ab urbe condita.[29] Според Марко Теренциј Варон ова било во 753 година п.н.е., но други автори користеле други дати, кои се разликували и по неколку декади. Но ваквиот вид на датирање немал широка употреба. Како што се намалувала важноста на конзулите, датирањето се спроведувало според владеењето[66] или пак според Диоклецијановиот 15 годишен даночен циклус наречен индикт.[29] Овие циклуси не се разликувале, сепак, „вторта година од индиктот“ може да се однесува на 298, 313, 328 година.[29] Православните поданици на Византија кортистеле различни христијански ери, вклучувајќи ги пред Диоклецијаноците прогони, Христово отелотворение, и почетокот на светот.

Римјаните немале податоци за нивните првични календари но, како и современите историчари, претпоставиле дека годината првично започнувала со месецот март врз основа на имињата на месеците кои следеле по месецот јуни. Конзулот Нобилиор (влад. 189 п.н.е.) напишал коментар на календарот во храмот на Херкул кај музите според кој месецот јануари бил именуван според богот Јанус, бидејќи богот поседувал две лица,[67], што наведувало да се верува дека станува збор за првиот месец. Но сепак, вообичаено се славел со Февруари, кој според прославите се сметал за последниот месец од годината. Траењето на владеењето на конзулите, а со тоа и траењето на годините се менувало неколкупати. На крај нивните назначувања биле поместени на 1 јануари (Kal. Ian.) во 153 п.н.е. за да му се овозможи на Нобилиор да ја нападне Сегеда во Шпанија за време на Келтиберските војни, кои се случувале во текот на 15 март (Eid. Mart.).[68] Постои причина да се верува дека назначувањето се случило на 1 мај во текот на 3-от век п.н.е. па сè до 222 п.н.е. и самиот Тит Ливиј спомнува претходни назначувања кои се случиле на 15 мај (Eid. Mai.), 1 јули (Kal. Qui.), 1 август (Kal. Sex.), 1 октомври (Kal. Oct.), и 15 декември(Eid. Dec.).[69] Според јулијанскиот календар, годината започнувала на 1 јануари, но годините на индиктот започнале на 1 септември.

Во продолжение според египетскиот издвоен календар, некои од покраините своите документи ги воделе според месната ера.[29] Африка ги водела своите документи подредено од 39  годинап.н.е.;[66] Хиспанија од 38  година. Овој систем на датирање продолжил како шпанска ера во средновековна Шпанија.

Претворање на јулијанските во грегоријански дати[уреди | уреди извор]

Продолжената употреба на имињата од римскиот во грегоријанскиот календар може да доведе до погрешното верување дека римските датуми соодвествуваат на Јулијанските или пак на Грегоријанските датуми. Како факт, целосниот список на римски конзули овозможува општа сигурност за броењето на годините назад сè до воспоставувањето на републиката но несигурноста во крајот на месечевото датирање и неправилноста во употребата на престапноста од страна на Римјаните, кои може независно да се потврдат се всушност недели или пак месеци поместени од нивното соодветно броење. Два астрономски настани кои се датирани од страна на Тит Ливиј покажува неусогласеност од 4 месеци со јулијанскиот датум од 190 п.н.е. и 2 месеци од 168 п.н.е.. Следствено, „годините на конзулство на Скипион Африканецот и Ликиниј Крас Див“ (се запишани како „205 п.н.е.“) всушност конзулството траело од 15 март 205 п.н.е. до 14 март 204 п.н.е. според римскиот календар, но можно е да започнало од ноември или декември 206 п.н.е. што се должело на лоша пресметка. Дури и по воспоставувањето на јулијанскиот календар, не се додавале правилно престапните години од римските свештеници, што значело дека датите се неколку денови изместени од нивните „соодветни“ датуми кога на власт веќе неколку декади бил Октавијан Август.

Поради оскудноста на податоци за состојбата на календарот и неговата престапност, историчарите ја возобновиле употребата на римските датуми споредбено со јулијанскиот и грегоријанскиот календар од различни извори. Постојат детални извори за настаните декади пред да се изведе Јулијанската реформа, особено писмата и говорите на Кикерон, што овозможила постојана хронологија наназад сè до 58 п.н.е.. Според нундите и неколку познати синхронизми како на пример, римски датум изразен преку Атичкиот календар и Олимпијадата се користат за да се добие сигурен временски тек наназад сè до Првата пунска војна од 264 п.н.е.. Наназад, датите грубо се определени според датумите на жетвите и сезонските римски празници.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Censorinus, Macrobius, and Solinus, cited in Thomas Hewitt Key.[5]
  2. That is, the 1st, 3rd, 5th, and 8th months prior to the introduction and repositioning of January and February.
  3. Plutarch reports this tradition while claiming that the months had more probably predated or originated with Romulus.[17][18]
  4. This equivalence was first described by Temple Stanyan in his history of ancient Greece.[23]
  5. There are some documents which state the month had been renamed as early as 26 or 23 bc, but the date of the Lex Pacuvia is certain.
  6. The NP days are sometimes thought to mark days when political and judicial activities were prohibited only until noon, standing for nefastus priore.
  7. The QRCF days are sometimes supposed, on the basis of the Fasti Viae Lanza which gives it as Q. Rex C. F., to stand for "Permissible when the King Has Entered the Comitium" (Quando Rex Comitiavit Fas).[43]
  8. The original 31-day months of the Roman calendar were March, May, Quintilis or July, and October.
  9. The 31-day months established by the Julian reform were January, Sextilis or August, and December. The other 31-day months of the Julian calendar continued to use the old system, with their Nones on the 7th and Ides on the 15th.
  10. The 30-day months established by the Julian reform were April, June, September, and November.
  11. The 29-day months of the calendar prior to the Julian reform were January, April, June, Sextilis, September, November, and December. After the Julian reform, February could have 29 days during a leap year but it was not reckoned according to this list until late in the imperial period. Instead, the sixth day before the March Kalends was initially treated as lasting for 48 hours.
  12. After the Julian reform, this day was reckoned to last 48 hours during a leap year.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mommsen & al. (1864), стр. 216.
  2. 2,0 2,1 Macrobius, Book I, Ch. 12, §3.
  3. 3,0 3,1 Kaster (2011), стр. 137.
  4. Mommsen & al. (1864), стр. 217.
  5. Key (1875).
  6. 6,0 6,1 6,2 Mommsen & al. (1864), стр. 218.
  7. Macrobius, Book I, Ch. 13, §20.
  8. Kaster (2011), стр. 165.
  9. Macrobius, Book I, Ch. 12, §39.
  10. Kaster (2011), стр. 155.
  11. Macrobius, Book I, Ch. 12, §§5 & 38.
  12. Kaster (2011), стр. 137 & 155.
  13. 13,0 13,1 Rüpke (2011), стр. 23.
  14. „April“. Dictionary.com Unabridged. Randomhouse Inc. Посетено на January 9, 2018.
  15. „May“. Dictionary.com Unabridged. Randomhouse Inc. Посетено на January 9, 2018.
  16. 16,0 16,1 Blackburn & al. (1999), стр. 669.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Plutarch, Ch. 18.
  18. 18,0 18,1 18,2 18,3 18,4 Perrin (1914), стр. 368 ff.
  19. 19,0 19,1 Mommsen & al. (1864), стр. 219.
  20. Macrobius, Book I, Ch. 12, §34.
  21. Kaster (2011), стр. 153.
  22. Roberts (1905), Book I, Ch. 19, §6.
  23. Stanyan (1707), стр. 330.
  24. Ovid, Book II.
  25. Kline (2004), Book II, Introduction.
  26. Fowler (1899), стр. 5.
  27. Macrobius.
  28. 28,0 28,1 28,2 Kaster (2011).
  29. 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 29,5 29,6 29,7 29,8 Mathieson (2003), стр. 14.
  30. Michaels (1949), стр. 340.
  31. Lanfranchi (2013).
  32. Pliny, Book XVIII, Ch. 57.
  33. Macrobius, Book I, Ch. 14, §2.
  34. Rotondi (1912), стр. 441.
  35. Macrobius, Book I, Ch. 12.
  36. 36,0 36,1 36,2 36,3 Beck (1838), стр. 175.
  37. 37,0 37,1 37,2 37,3 37,4 Beck (1838), стр. 176.
  38. Ovid, Book I, ll. 55–56.
  39. Kline (2004), Book I, Introduction.
  40. 40,0 40,1 Beck (1838), стр. 177.
  41. Smyth (1920), §§1582–1587.
  42. Scullard (1981), стр. 44–45.
  43. Rüpke (2011), стр. 26–27.
  44. Brind'Amour (1983), стр. 256–275.
  45. „January, n.“, OED.
  46. „March, n.2“, OED.
  47. „July, n.“, OED.
  48. „August, n.“, OED.
  49. „†quintile, n.2“, OED.
  50. „sextile, adj. and n.“, OED.
  51. 51,0 51,1 „September, n.“, OED.
  52. „October, n.“, OED.
  53. „November, n.“, OED.
  54. „December, n.“, OED.
  55. „February, n.“, OED.
  56. „May, n.2“, OED.
  57. „June, n.“, OED.
  58. A 94  inscription.
  59. Censorinus, The Natal Day, 20.28, tr. William Maude, New York 1900, available at [1].
  60. Macrobius, Book I, Ch. 13, §16, 19.
  61. Livy 45.44.3.
  62. Livy 43.11.13.
  63. Varro, On the Latin language, 6.13, tr. Roland Kent, London 1938, available at [2].
  64. Michels (1967).
  65. Corpus Inscriptionum Latinarum I, CIL VI.
  66. 66,0 66,1 Mathieson (2003), стр. 15.
  67. Varro.
  68. Livy, Book XLVII.
  69. Livy.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Beck, Charles (1838), „Of the Roman Calendar“, Latin Syntax, Chiefly from the German of C.G. Zumpt, Boston: Charles C. Little & James Brown.
  • Blackburn, Bonnie; и др. (1999), The Oxford Companion to the Year, Oxford: Oxford University Press.
  • Brind'Amour, P. (1983), Le Calendrier Romain: Recherches Chronologiques, Ottawa. (француски)
  • Fowler, W. Warde (1899), The Roman Festivals of the Period of the Republic, New York: Macmillan & Co.
  • Key, Thomas Hewitt (1875), „Calendarium“, A Dictionary of Greek and Roman Antiquities, London: John Murray, стр. 223–233.
  • Lanfranchi, Thibaud (3 October 2013), „À Propos de la Carrière de Cn. Flavius“, Mélanges de l'École Française de Rome: Antiquité, Vol. 125, doi:10.4000/mefra.1322. (француски)
  • Livy (1905), Roberts, Canon; и др. (уред.), The History of Rome, Vol. I, Everyman's Library, London: J.M. Dent & Sons.
  • Macrobius, Saturnalia. (латински)
  • Macrobius (2011), Kaster, Robert A. (уред.), Saturnalia, Vol. I, Loeb Classical Library, No. 510, Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press, ISBN 9780674996496. (англиски) & (латински)
  • Mathieson, Ralph W. (2003), People, Personal Expression, and Social Relations in Late Antiquity, Vol. II, Ann Arbor: University of Michigan Press.
  • Michels, Agnes Kirsopp Lake (1949), „The 'Calendar of Numa' and the Pre-Julian Calendar“, Transactions & Proceedings of the APA, Vol. 80, Philadelphia: American Philological Association, стр. 320–346.
  • Michels, Agnes Kirsopp Lake (1967), The Calendar of the Roman Republic, Princeton.
  • Mommsen, Theodor (1864), Dickson, William Purdie (уред.), The History of Rome, Vol. I: The Period Anterior to the Abolition of the Monarchy, London: Richard Bentley. [ 1 ]
  • Ovid, Fastorum Libri VI. (латински)
  • Ovid (2004), Kline, Anthony S. (уред.), On the Roman Calendar, Poetry in Translation.
  • Oxford English Dictionary, Oxford: Oxford University Press.
  • Pliny the Elder, Pliny's Natural History. (латински)
  • Plutarch, Βίοι Παράλληλοι [Bíoi Parállēloi, Parallel Lives]. Старогрчки јазик
  • Plutarch (1914), „The Life of Numa“, Во Perrin, Bernadotte (уред.), The Parallel Lives, Vol. I, Loeb Classical Library, Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press.
  • Rotondi, Giovanni (1912), Leges Publicae Populi Romani, Milan: Società Editrice Libraria. (латински)
  • Rüpke, Jörg (2011), Richardson, D.M.B. (уред.), The Roman Calendar from Numa to Constantine: Time, History, and the Fasti, Wiley, ISBN 978-0-470-65508-5.
  • Scullard, Howard Hayes (1981), Festivals and Ceremonies of the Roman Republic, Ithaca, New York: Cornell University Press.
  • Smyth, Herbert Weir (1920), A Greek Grammar for Colleges, New York: American Book Co..
  • Stanyan, Temple (1707), Grecian History, London: J. & R. Tonson.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Хронологија