Струмица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Струмица
Панорама на Струмица
Панорама на Струмица
Прекар(и): Ѕвезден град, градот под Царевите Кули
Струмица is located in Македонија
Струмица
Струмица
Местоположба на Струмица во Македонија
Координати: 41°24′40.00″N 22°38′47.00″E / 41.4111111° СГШ; 22.6463889° ИГД / 41.4111111; 22.6463889Координати: 41°24′40.00″N 22°38′47.00″E / 41.4111111° СГШ; 22.6463889° ИГД / 41.4111111; 22.6463889
Држава Македонија
РегионЈугоисточен
ОпштинаСтрумица
Управа
 • ГрадоначалникКостадин Костадинов (СДСМ)
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население (2021)
 • Вкупно33,825
Демонимструмичани (мн.)
Часовен појасUTC+1
 • Лете (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Поштенски бр.2400
Повик. бр.+389 34
Рег. таб.SR
Светец-заштитникСвети Петнаесет тивериополски свештеномаченици
Мреж. местоwww.strumica.gov.mk
Ова е статија за градот, за општината видете Општина Струмица.

Струмица — град во југоисточниот дел на Македонија. Според пописот од 2002 година градот има 35.311 жители и според тоа е најголем во Југоисточниот плански регион и десетти најголем град во Македонија. Градот се наоѓа во Струмичкото Поле и лежи на падините на планината Еленица, каде што е сместена средновековната тврдина Цареви Кули. Градот е седиште на истоимената општина.

Историја[уреди | уреди извор]

Антички период[уреди | уреди извор]

Потврда дека струмичкиот крај бил густо населен уште во античко време е постоењето на неолитската населба „Страната“ кај селото Ангелци. Ова археолошко наоѓалиште нуди нови сознанија за доцниот неолит бидејќи населбата датира од околу 4500-тата до 3800-тата година п.н.е. За ова до скоро се знаело дека постои само во брегалничкиот и овчеполскиот регион. Најновите наоди кај Струмица ја потврдуваат и тезата за постоењето на неолитска сообраќајница од брегот на Егејското Море до централниот дел на Балканот.

Откриените фрагменти од керамички садови, вообичаена неолитска пластика, лепеж од куќи, култни предмети и слично укажуваат на фактот дека овде постоело грнчарство на завидно ниво, а откопаните алати (мотики, секири, длета) и женски фигури како симбол на плодноста, укажуваат дека тука живеела земјоделско-сточарска популација.

Под името Астрајон, градот за првпат во пишаните извори се среќава кај римскиот историчар Тит Ливиј, во 181 година пред новата ера, во врска со убиството на Деметриј, братот на македонскиот крал Персеј (179-168 п.н.е.), односно синот на Филип V (221-179). Името Астрајон градот го добил по пајонското племе Астраи. Во 168 година п.н.е. Македонија паднала под римски протекторат и била поделена на четири мериди, а Астрајон припаднал на втората мерида. Во 148 година п.н.е. Македонија станала римска провинција. Во римскиот период градот го променил своето име во Тивериопол, за што ни сведочи мермерниот постамент, посветен на патронот Тибериј Клавдиј Менон, од крајот на 2 век и почетокот на 3 век. Во времето на римскиот цар Јулијан Отпадник (361-363) во Тивериопол биле убиени Светите Петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Во 395 година Римското Царство се распаднало, а Македонија припаднала на Источното Римско Царство. Потоа Тивериопол се наоѓал во составот на провинцијата Macedonia Salutaris (кон крајот на 4 век) и провинцијата Macedonia Secunda (кон крајот на 5 век). За постоењето на градската населба од тој период сведочи доцноантичката урбана палата – Мачук. Градот Струмица, заедно со својата најблиска околина, поволните географско-климатски одлики, и богатото Струмичко Поле, отсекогаш претставувал важен крстопат на патиштата на разни култури и цивилизации кои го оставиле својот белег на оваа почва. Следејќи ги материјалните остатоци, создавани во разни историски епохи, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, византиско-словенскиот, турскиот период и така натаму, Струмица е еден од ретките градови со напластено богатство на споменици.

Византиско-словенски период[уреди | уреди извор]

Во првата половина на 6 век, по долините на реките Струма и Струмица се населиле Струмјаните. Во „Житието на тивериополските маченици“ стои дека „еден варварски народ... навлегол во тивериополските земји, опустошил многу градови, па и самиот Тивериопол, а од неговите жители едни со меч ги истепал, други заробил, а убавите згради и храмови ги срамнил со земјата“.

Со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од осумдесеттите години на 6-от век до триесеттите години на 7-от век, градот доживеал големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја преименувале во Струма. Склавинијата на Струмјаните егзистирала како независно словенско кнежевство определен период, додека не биде завладеана од Византија. Во периодот од 845 до 855 година како византиски воен управник во брегалничко-струмичкиот крај бил Методиј (825-885).

Струмичката област потоа била завладеана од бугарскиот владетел Борис I (852-889). Во 893 година Климент според Диканжовиот список (од 12 век) бил поставен за „епископ на Тивериопол или Велика“. Струмичкиот регион останал во бугарската држава сѐ до 969 година кога избило првото востание на комитопулите (Самуил, Арон, Мојсеј и Давид) и ќе влезе во Самуиловата држава (976-1018).

На 29 јули 1014 година, на овие простори се одиграла Беласичката битка, во која македонската војска предводена од царот Самуил (976-1014) била поразена од Византијците на чие чело бил Василиј II (976-1025). По битката биле ослепени 15.000 македонски војници, како одмазда на Василиј II за смртта на командантот Теофилакт Вотанијат, кој бил убиен од синот на царот Самуил, Гаврил Радомир (1014-1015). Во 1018 година Македонија била завладеана од Византија. По 1018 година, струмичкиот крај повторно паднал под византиска власт, под која ќе остане до пред крајот на 12 век. Византија својата власт ја зацврстила преку црквата која била претворена во орудие на византиската држава. Струмичката епархија во рамките на Охридската архиепископија била ставена во службата на Цариградската патријаршија. Од тоа време, карактеристично е тоа што многу имоти од струмичко, меѓу кои и Вељушкиот манастир, му биле подарени на светогорскиот манастир Иверион.

Од 11 век за првпат во пишаните извори (Асеманово евангелие) градот почнува да се именува со Струмица. Кон крајот на 12 век, централната власт на Византија ослабела, па како резултат на тоа дошло до осамостојување на повеќе независни феудалци. Во струмичкиот крај се осамостоиле Добромир Хрс (1185-1202), а потоа и Севастокрар Стрез (1208-1214), но нивните владеења биле ликвидирани од Византијците. Кон крајот на 13 век започнале српските напади на Македонија. Определен период со Струмица и регионот владеел Хреља, за да во 1334 година српскиот крал Стефан Душан (1331-1355) ја освои Струмица. По распаѓањето на душановото царство, струмичкиот регион бил управуван првин од Јован Углеша, братот на Волкашин, а по неговата смрт во 1371 година во Битката кај Марица, со овој регион ќе загосподарат браќата Дејановиќи. Нивното владеење било со краток век, бидејќи Турците во својот продор на Балканот ја завладеале и Струмица во 1382-1383 година со што завршува средниот век во овие краишта.

Османлискиот период[уреди | уреди извор]

Старата турска пошта во Струмица

Во периодот од 1382-1383 па сѐ до 1395 година, Струмица и струмичко потполно потпаднале под власта на Турците. Струмица во османлискиот период во турската администрација била нарекувана Уструмџе. Таа била приклучена кон Ќустендилскиот санџак каде бил воспоставен спахиско-тимарски систем. Во градот било населено номадско-сточарско туркменско население, така што градот го сменил својот лик и започнал да добива ориентален изглед. Струмица според пописот од 1519 година имала 2780 жители, од кои 1450 христијани, а 1330 муслимани. Во тој период се одвивала и засилена исламизација на што се должи зголемениот број на муслимани, 2200, на пописот од 1570 година, наспроти 1230 христијани.

Во 17 век, Струмица станала седиште на кадилук. Во тоа време во Струмица поминале и турските патописци Хаџи Калфа (1665) и Евлија Челебија (1670), кои дале јасен опис на градот со сите муслимански објекти, кои ги имало во Струмица тогаш. Кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век, Струмичката каза била во составот на Солунскиот санџак.

Во XIX век зајакнало патријаршиското движење и гркоманското население зело замав. Тоа довело до силно антипатријаршиско движење во 60-тите години на 19 век. Во 1860 година во Робово било отворено првото училиште на македонски јазик, а прв учител бил Арсени Костенцев од Штип.

Во тој период твореле и големите струмички зографи Васил Ѓорѓиев и Григориј Пецанов, кои работеле на живописот и иконостасите на повеќе цркви, кои тогаш се отворале во струмичко.

Со Берлинскиот конгрес од 1878 година, кога Турција изгубила голем дел од своите владеења на Балканот (Босна, Србија, Црна Гора и Бугарија), голем број бегалци се слеале во Македонија, а дел од нив и во Струмица. Тоа население се нарекува мухаџири.

Сè потешката ситуација на македонското население под турската власт, придонела да се формира Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО) на 23 октомври 1893 година во Солун. Првиот човек кој ги прифатил идеите на ВМРО во струмичкиот регион бил Стојан Ѓорѓиев од Дабиле, кој во 1895 година го формирал и првиот месен комитет во Струмица. Во овие краишта бил формиран и дејствувал Огражденскиот окружен македонско-одрински револуционерен комитет. Еден од најистакнатите раководители на револуционерната организација бил Христо Чернопеев, кој учествувал и во Младотурската револуција (1908-1909), која не завршила со ослободување на македонскиот народ кој останал под турско владеење.

Општинската зграда во Струмица, на разгледница од 1930-те г.

Струмица во XX век[уреди | уреди извор]

Разгледница од Струмица, хотел „Српски краљ“, 1932 г.
Пречек на бугарската војска во Струмица, април 1941 г.
Плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на Струмица

Со Првата балканска војна од 1912 година, Турците биле победени и истерани од Македонија, а со тоа и од Струмица, од страна на балканските сојузници (Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора). Со Струмица завладеала Бугарија.

Во текот на летото 1913 година, Струмица и околината доживеале уште една втора по ред краткотрајна, но вандалска и жестока окупација од страна на грчките окупатори. На 25 јуни, само девет дена од избувнувањето на Втората балканска војна, грчките војски ги разбиле бугарските позиции јужно од градот, и утредента влегле во Струмица. На 8 август, грчките војски ја запалиле Струмица, а пожарите стивнале дури на 15-ти истиот месец. Биле изгорени 1.900 јавни установи, цркви, куќи, дуќани, кафеани како и единствената синагога. Целосно или делумно Грците ги запалиле и селата Костурино, Раборци, Попчево, Зубово и Чам Чифлик, кое повеќе никогаш не се обновило. При своето заминување на 17 август, Грците го запалиле и манастирот во Вељуса, чии конаци, а делумно и црквата, исто така изгореле.

За време на Втората балканска војна и Првата светска војна, поради силниот грчки притисок од Егејска Македонија, кон север избегале големи маси македонско население, а добар дел од нив се населил и во струмичкиот крај. Тоа биле бегалци, наречени „бежанци“, главно од Кукуш, Горно Порој како и од солунско. Тие се населиле главно во напуштените турски населби. Според еден податок, во 1921 година само во градот имало 2.700 бежанци. Со тоа многу се изменил и етничкиот состав на населението во градот особено по бегањето на Турците кога бројот на населението значително се намалил. Денеска сѐ уште постои т.н. Бежанско маало.

Главната улица, бул. „Маршал Тито“ со трговскиот центар „Глобал“ на местото на некогашниот градски пазар

Струмица со мировниот договор од Букурешт (28.07.1913), сепак останала под власт на Бугарија. Под бугарска власт Струмица останала сè до 1919 година, кога со мировниот договор од Версај, со кој е завршена Првата светска војна, влегла во составот на Кралството СХС (од 1929 година Кралство Југославија). Во тоа кралство, македонскиот народ бил без никакви права и бил подложен на асимилација од Србија.

Во Втората светска војна, Струмица била завладеана од германската војска на 6 април 1941 година. Германија, со договорот што го имале склучено за сојуз со Бугарија, им ја предала Струмица под окупација на бугарските војски на 18 април 1941 година. Македонскиот народ, а со тоа и луѓето од Струмица незадоволни од окупацијата на фашистичките земји, започнале воени дејствија против нив. На 11 септември 1944 година бугарската војска се повлекла од Струмица, а на 5 ноември 1944 година градот го напуштила и германската војска. Струмичанецот Благој Јанков - Мучето е прогласен за народен херој. Други попознати струмички херои од периодот на Втората светска војна се Сандо Масев, Боро Џони, Герас Цунев.

По војната, Македонија влегла во федерацијата Југославија, како рамноправна федерална единица. Во периодот на Информбирото настрадале и многу невини струмичани, а некои од нив никогаш не се вратиле дома.

Население[уреди | уреди извор]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во градот живееле 8.150 Македонци, 450 Турци, 25 до 50 Власи, 25 до 50 Германци и 25 до 50 Руси .[1]

Во поширокиот Струмички регион каде што покрај градот се наоѓаат уште 74 села, во 2002 година биле запишани 92.625 жители и со тоа претставува најнаселената област во Источна Македонија.

Струмица е најголем град во Југоисточниот Регион и десетти град по големина во Македонија.

Етнички групи

Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 35.311 жители и спаѓал во групата на средни градови.[2] Етнички гледано, населението е составено од:[3]

Етнички групи[3]
Македонци
  
90,84 %
Турци
  
7,48 %
други
  
0,84 %
Срби
  
0,44 %
Роми
  
0,37 %
Бошњаци
  
0,01 %
Власи
  
0,008 %
Албанци
  
0,003 %

Според последниот Попис на населението на Македонија од 2002 година, градот има 35.311 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Народ Вкупно
Македонци 32 075
Турци 2 642
Роми 130
Албанци 1
Власи 3
Срби 175
Бошњаци 5
Други 298
Јазик

Во градот се зборуваат следниве јазици[3]:

Јазици[3]
македонски
  
90,97 %
турски
  
8,06 %
српски
  
0,38 %
ромски
  
0,29 %
други
  
0,28 %
влашки
  
0,008 %
албански
  
0,006 %
бошњачки
  
0,006 %
Јазик Вкупно Удел (%)
македонски 32.123 90,97
албански 2 0,006
турски 2.845 8,06
ромски 102 0,29
влашки 3 0,008
српски 135 0,38
бошњачки 2 0,006
други 99 0,28
Вероисповед

Во Струмица се застапени следните религиски групи[3]:

Религија[3]
Православие
  
85,63 %
Ислам
  
8,60 %
Католицизам
  
4,09 %
други
  
1,46 %
протестантсво
  
0,23 %
Вероисповед Вкупно Удел (%)
Православни 30.238 85,63
Муслимани 3.035 8,60
Католици 1.443 4,09
протестанти 81 0,23
други 514 1,46

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Струмица:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194810.868—    
195312.149+11.8%
196115.949+31.3%
197123.034+44.4%
198129.263+27.0%
ГодинаНас.±%
199134.396+17.5%
199434.067−1.0%
200235.311+3.7%
202133.825−4.2%
Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948[5] 9.805 35 610 38 2 190 485 10.868
1953 10.941 12 335 453 3 262 143 12.149
1961 14.405 7 866 352 319 15.949
1971 20.693 5 1.589 0 474 273 23.034
1981 26.146 12 2.320 29 0 347 409 29.263
1991 31.262 15 2.392 76 0 277 374 34.396
1994 31.196 6 2.408 181 0 175 101 34.067
2002 32.075 1 2.642 130 3 157 5 298 35.311
2021 26.185 6 2.703 216 10 91 3 247 4.364 33.825

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед од Беласица кон Струмичкото поле
Плоштадот Гоце Делчев

Струмица и нејзината општина се наоѓаат на 41 22 северна географска широчина и 22° 35’ и 23° 45’ источна географска должина, го зафаќа крајниот југоисточен дел од Република Македонија веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и со Бугарија од исток. Регионот што всушност ја опфаќа котлината меѓу планините Беласица, Огражден и Еленица, по површината и по бројот на населението не е ниту помеѓу најмалите ниту помеѓу најголемите општини во земјата, но неговиот низински дел спаѓа во редовите на најгусто населените реони во Македонија. Според пописот на населението од 2002 година, во Струмичката Котлина со вкупна површина од 963 км2 живеат околу 95.000 жители, со тоа што во нејзиниот најплоден низински дел кој зафаќа помалку од една четвртина од вкупната површина живеат над 100 жители на 1 км2.

Струмичката Котлина од југ е заградена со планината Беласица, по чиј срт се протега самата македонско-грчка граница и чиишто стрмни, доста влажни и пошумени падини на запад се надоврзуваат на планината Еленица а уште позападно на планината Плавуш. На северната страна се наоѓа планината Огражден која се протега од југоисток кон северозапад каде започнуваат да се издигаат планините Смрдеш и Плачковица. Конфигурацијата на овие планински венци ја дефинира Струмичката Котлина, давајќи ѝ форма на неправилен триаголник, кој е благо наведнат кон исток, во правецот по кој тече реката Струмица, во горниот дел Стара Река, која со своите 94 километри е и најдолгиот воден тек на подрачјето.

Просечната надморска височина на котлината изнесува 280 метри, а вкупната површина 290 км2, што претставува околу 30% од вкупната површина на регионот. Оградена е со планините Огражден, Беласица и Еленица. Економски најбогат и најзначаен дел од котлината е струмичката рамница, потоа доаѓа подбеласичкиот микрореон или т.н. Подгорот и на крај микрореонот на населените места распределени во подножјето на планината Огражден.

Општина Струмица се наоѓа на западниот и централниот дел од Струмичкиот регион, со површина од 321,89 км2. На исток се граничи со Општината Босилово, на запад со Општината Конче, на север со Општина Василево, на југоисток со Општина Ново Село, а на југозапад со Општина Валандово. Ја сочинуваат 25 населени места, со вкупно население од 54.676 жители.

Економски показатели[уреди | уреди извор]

Структура на невработеност во Струмички регион според образование:

  • Високо образование - 451
  • Вишо образование - 240
  • Средно стручно образование - 2 483
  • Високо квалификувани работници - 0
  • Квалификувани работници - 1 949
  • Полуквалификувани работници - 416
  • Неквалификувани работници - 6 762

Стопанство[уреди | уреди извор]

Споменик посветен на бежанците од Егејска Македонија во Стурмица
Споменик посветен на бежанците од Егејска Македонија во Струмица

Првите години по Втората светска војна Струмица била град со неразвиено стопанство, без индустрија, со заостанато земјоделство, сточарство и занаетчиство. Стагнираниот развој на земјоделството и сточарството продолжила и во првите години по ослободувањето, сè до растурањето на т.н. Селски работни задруги. Во 1949 година, со изградбата на каналот за наводнување во Моноспитското мочуриште како и останатите одводни каналски мрежи се ослободиле стотици хектари обработлива површина на кои денеска се одгледуваат житни, фуражни, градинарски и индустриски култури.

Иако геолошки неистражен, се смета дека Струмичкиот крај е богато со руди или поточно злато по течението на Сушевска Река, радиоактивни материи и кварц на Беласица. Исто така овој реон е богат и со неметали од кои најмногу се експлоатираат фалспадот и калциум-карбонатот.

На овие балкански простори, Струмица најмногу била позната по трговските врски со најголемите прометни центри во тоа време, а така останува и денес бидејќи во струмичките дуќани може да се купат најразновидни производи од домашно и од странско производство. Тоа е така поради самата местоположба на Струмичкиот регион, односно на само неколку километри од границите помеѓу Грција и Бугарија.

Земјоделство[уреди | уреди извор]

Пресудно значење за развојот на интензивното земјоделство во Струмичката Котлина имаат вештачките езера и системите за наводнување. Со нивната изградба регионот стана најголем производител на ран и индустриски зеленчук во Република Македонија.

Струмица е центарот на пространата богата Струмичка Котлина. Овде се одгледуваат афион, памук, тутун, сусам, кикирики и анасон (ретка земјоделска култура која се употребува за производство на познатиот македонски пијалак - мастика). Сето ова дава можност за развој на текстилната и прехранбената индустрија во Струмица.

На овие површини најзастапени се житните (пченица, јачмен, пченка) како и градинарските и раноградинарските култури (пипер, домат, бостан, зелка, краставица,компир и др.). Постојат и 3 поголеми капацитети за преработка на градинарски производи, 4 преработувачки капацитети за мелење на житни култури, едно претпријатие за откуп и ферментација на тутун и околу 40 претпријатија кои се занимаваат со продажба на репроматеријали за земјоделието.

Во Општина Струмица постојат 2 земјоделски пазари за продажба на земјоделски производи на мало и еден пазар за продажба на земјоделски производи на големо во чиј состав е и добиточниот пазар.

Глобал Струмица

Производствени фабрики[уреди | уреди извор]

Во градот работат повеќе индустриски капацитети коишто вработуваат голем број на работници. Најуспешни индустриски капацитети се текстилните индустрии АД „Единство“, АД „Герас Цунев“ и фабриката за санитарна керамика „Македонија Архивирано на 30 септември 2007 г.“, рудникот за фелдспат и калциум карбонатОгражден Архивирано на 30 септември 2007 г.“, „ЗИК Грозд“ (познат по квалитетната „струмичка мастика“) и др. кои ги пласираат своите производи и на странските пазари како САД, Русија, сите држави од поранешна Југославија, Германија, Австрија, Бугарија и др. Во поново време се забележува голем развој на малостопанството, а застапени се и странските вложувања, пред сѐ од соседна Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Фонтана во центарот на градот

Планини[уреди | уреди извор]

Струмичкиот Регион е опкружен со планините Беласица, Огражден и Еленица. Конфигурацијата на овие планински венци е таква што на котлината и даваат форма на голем неправилен триаголник.

Беласица се наоѓа југоисточно од Струмица со највисок врв Радомир 2029 m. Се протега во правец исток-запад со должина од над 70 км. Таа е една од најстарите планини не само во Македонија, туку и на Балканскиот Полуостров. На Беласица се наоѓа тромеѓето меѓу државните граници на Република Македонија, Бугарија и Грција.

Огражден се наоѓа североисточно од Струмица со највисок врв 1744 m.

Еленица се наоѓа западно од Струмица со највисок врв 970 m.

Клима[уреди | уреди извор]

Центарот на Струмица
Центарот на Струмица

Во Струмичката Котлина се мешаат видоизменета средоземна клима чиј целосен продор од Егејското Море го стопира венецот на планината Беласица, и континентална клима чие влијание значително го намалуваат планините Огражден и Плачковица. Климата во Струмица и Струмичко се одликува со релативно благи зими, со долги суви лета и со високи средни дневни температури.

Меѓутоа, во зима топломерот може да се спушти и до -20 степени, а во лето топломерот знае да покаже и до 40 степени. Пролетта и есента се пријатни во Струмица, но мошне кратки. Просечните врнежи од околу 600 литри на м2 годишно се со средоземен режим, со максимум во месеците ноември и декември и минимум во август и септември.

Годишно, во Струмица има околу 230 сончеви денови, сончевиот сјај трае просечно 2.377 часа годишно, магла во просек има најмногу дваесетина дена а исто така се јавуваат и ветришта кои дуваат од сите правци. Од нив најизразен е северозападниот, кој најмногу го има во јули, како и северозападниот кој е пролетен, а поретки се северецот и јужниот ветер.

Почва и релјеф[уреди | уреди извор]

Според составот и одликите на почвата, во овој регион се среќаваат повеќе почвени типови. Скалетните почви се најраспространети во планинскиот дел (во периферните делови на котлината), по нив доаѓаат делувијалните наноси, солените почви и врбеницата, а во низинскиот и централниот дел на котлинатасе наоѓаат алувијалните почви. Тие зафаќаат околу 11.520 хектари и како најплодни претставуваат еден од основните фактори за развиеното земјоделство во подрачјето.

Целокупниот Струмички регион е поделен на ридско планински во кој се застапени скалестите и рамничарски почви, како и алувијалните, смолниците, гајњачите и карбонатните видови почви. Поголем дел односно 46% од обработливите површини припаѓаат на рамничарскиот релјефен дел кои се наоѓаат на надморска височина од 250 – 300 м и се од првостепено значење за земјоделството во регионот. Тоа се површините покрај речното корито на реките Струмица, Тркања и Крива Река. Останатите 52% од површините припаѓаат на падинскиот дел, а 2% на ридскиот релјефен дел. Ваквата бонитетна и почвена одлика на Струмичкиот регион го определува и начинот на користење на земјиштето од страна на земјоделските субјекти, така што од вкупната земјоделска површина од 32.319 ха, 87% припаѓаат на оброботливите површини каде доминираат ораниците и бавчите.

Поволната клима и квалитетната почва во Струмичкиот регион претставуваат најголем стопански потенцијал. Иако од период до период доаѓа до промени на сеидбените структури, односно до поголема или помала застапеност, па и отфрлање на одредени земјоделски култури, подрачјето е едно од најактивните земјоделски региони на Балканот. Така, пред седумдесеттите години подрачјето било најголем производител на житарици и на индустриски култури, главно афион, памук, тутун, сусам, шеќерна репка итн., но со изградба на вештачките езера „Турија“ и „Водоча“ како и системите за наводнување, сеидбените планови рапидно се промениле во корист на многу подоходовните рани, средни и доцни градинарски култури, кои се одгледуваат за свежа консумација и за преработка во индустриските капацитети.

Речиси целата површина на Струмичкото Поле е педолошки испитано. Од овие површини, 26 165 ха се погодни за наводнување, а се покриени со алувијални и дилувијални наноси.

Скалестите почви најраспространети се во планинскиот дел, односно во периферните делови на котлината. Во низинскиот и средишниот дел на котлината најмногу ги има алувијалните почви. Тие зафаќаат околу 11 520 ха и како најплодни, претставуваат еден од основните фактори за развој на земјоделското производство.

Општина Струмица[уреди | уреди извор]

Собрание на Општина Струмица

Во центарот на градот се наоѓа општинската самоуправа, позната како Градско собрание, којашто ги носи градските и општинските одлуки. Струмица е седиште на општината Струмица, којашто опфаќа 25 населени места и брои 54 676 жители. Населени места во Општина Струмица се: градот Струмица и селата: Баница, Банско, Белотино, Вељуса, Водоча, Габрово, Градско Балдовци, Дабиље, Добрејци, Дорломбос, Злешево, Костурино, Куклиш, Мемешли, Муртино,Орманли, Попчево, Просениково, Раборци, Рич, Сачево, Свидовица, Три води и Чепели.

Актуелен градоначалник на Општина Струмица е г. Коста Јаневски.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Струмица е меѓу првите градови во Македонија која се развива како на културен така и на економски план.

Водоснабдување[уреди | уреди извор]

Состојбата на постојната водоводна мрежа е релативно задоволителна. Со средствата од програмата МЕАП се обезбедува водовод до населените места и промена на застарената водоводна мрежа во градот. За потребите на градот Струмица, изграден е водоснабдителен систем кој користи површинска вода од акумулацијата Турија. Водоводната мрежа во градот Струмица се состои од 2 висински зони (ниска и висока). Ниската зона покрива 90% од урбаната површина, а ниската зона 10%. Во градот на повисоките места вода се обезбедува со пумпни станици. Во фабриката за вода освен вообичаениот процес на обработка на водата за пиење исто така се врши и озонирање на водата сè со цел да се обезбеди квалитетна вода за пиење.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Подземен премин во Струмица

Транспортот во Струмица најмногу е регулиран од страна на ДОО Струмица Експрес која ги одржува сите линии во земјата. Исто така, освен во Македонија има пуштено директна линија и до Софија, Белград, Солун итн. Поволната географска положба, воедно и добрата пристапност на Струмичкиот регион од сите страни, му даваат на регионот особена важност во Република Македонија. Низ него поминува најважниот магистрален пат М6, кој регионот го поврзува со останатиот дел од Републиката, како и со Република Бугарија и Република Грција. Повеќето регионални и локални патишта што ја шараат територијата на регионот, поврзувајќи ги сите населени места во него, истиот го прават несомнено важен земјоделско индустриски центар во државата.

Телекомуникации[уреди | уреди извор]

Телекомуникациската мрежа во струмичкиот регион е доста развиена и ја покрива речиси целата територија на регионот. Реализацијата на телефонските приклучоци и останатите телекомуникациски услуги ги врши АД Македонски Телеком со подружница Струмица со најсовремена телекомуникациска мрежа. Територијата на струмичкиот регион е покриен и со мрежа на мобилна телефонија, со достапност до трите мобилни оператори Т-Мобиле Македонија, Космофон и ВИП.

Образование[уреди | уреди извор]

СУ „Јане Сандански“

Струмичката општина се вбројува меѓу општините со развиена образовна мрежа. На подрачјето делуваат 13 централни и основни училишта со шеесетина подрачни училишта и блиску 600 наставници. Овие училишта се распоредени речиси во сите населени места и во нив секоја година се запишуваат по скоро 11.000 ученици.

Во Струмица има отворено основни и средни училишта, како и високообразовни установи.

Населби и маала[уреди | уреди извор]

Култура[уреди | уреди извор]

Споменик „Струмичанка под маска“, посветен на Струмичкиот карневал
Музеи и галерии
Редовни настани

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Манастирски комплекси[уреди | уреди извор]

Црква Свети Леонтие Водоча

Арехолошки наоѓалишта[уреди | уреди извор]

Цареви кули
Римска терма во Банско
Струмички амфитеатар

Природни реткости[уреди | уреди извор]

Спорт[уреди | уреди извор]

Спортот во Струмичкиот регион има подолга традиција и бележи врвни остварувања, а Струмица важи за еден од најголемите спортски градови во земјата и за расадник на млади таленти.

Низ историјата ќе биде запаметено дека во 1986 година Струмица беше домаќин на II Олимпијада на училишните спортови на која учествувале околу 2.400 спортисти, а во 1994 година беше организиран првиот меѓународен официјален спортски натпревар во самостојна Македонија, односно квалификациите за европското јуниорско првенство во ракомет, кога се сретнаа репрезентациите на Македонија, Швајцарија и Норвешка.

Фудбал[уреди | уреди извор]

Фудбалот во Струмица е еден од најпопуларните спортови помеѓу младината. Првата топка во Струмица била донесена во 1914 година.

На 13 август 1922 година бил формиран фудбалскиот клуб ФК Беласица, а во 1923 на 13 февруари година бил формиран фудбалскиот клуб ФК Тиверија.

Фудбалските клубови од Струмица (ФК Беласица и ФК Тиверија) кои сега настапуваат во Прва односно Третата македонска фудбалска лига, докажале дека можат да создадат многу добри фудбалери. Така на пример, овде спаѓаат македонскиот стручњак Благоја Истатов, потоа Горан Пандев (ФК Наполи), Васил Рингов, Ацо Стојков, Зоран Балдовалиев, Горан Мазнов, Роберт Попов, Горан Попов, Игор Ѓузелов итн.

Кошарка[уреди | уреди извор]

Како фудбалот, така и кошарката е еден од најомилените спортови во Струмица. Кошаркарскиот клуб КК Струмица порасна во еден од најдобрите клубови во Македонија, притоа освојувајќи ја шампионската титула во 2007 година. За жал клубот повеќе не постои. Од клубовите кои настапуваат во сениорска и младинска конкуренција вреди да се споменат КК Ролинг 08, КК Милениум, КК Горани Баскет, КК АБА Струмица и КК Феликс. Во летото 2012 година, Милениум, АБА Струмица, Феликс и Горани Баскет одлучија да се спојат и се создаде нов клуб Струмица, кој е легален наследник на КК Милениум. Еден од најпознатите кошаркари од Струмица е Влатко Илиевски.

Одбојка[уреди | уреди извор]

Одбојката во Струмица според многумина најмногу придонела за цела Македонија. Така најпознати одбојкари од Струмица се Кире Ричлиев (сега тренер на македонската репрезентација), Хари Наковски, Атанас Милев, Зоран Русоманов, Никола Донев итн. ОК Струмица била шампион на Македонија и многукратен вицешампион заедно со ОК Македонија веднаш зад скопскиот Фершпед Работнички.

Никола Донев струмичанец, прв одбојкар од Македонија кој има играно на светско првенство, еден од најдобрите одбојкари на Македонија на сите времиња, репрезентативец на Југославија, вбројувајќи се помеѓу Трифке Трифуновски, Александар Тасевски, Горан Србиновски, Владимир Богоевски и Горан Јанков.

Споменик на Цар Самоил во градскиот парк
Споменик на Цар Самоил во градскиот парк

Збратимени градови со Струмица[уреди | уреди извор]

Познати личности од Струмица и струмичко[уреди | уреди извор]

Борис Трајковски, втор претседател на Македонија
Горан Пандев, фудбалер

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  2. Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (PDF) (II доп.. изд.). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 август 2016.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm

Надворешни врски[уреди | уреди извор]