Википедија:ВикиПроект

Од Википедија — слободната енциклопедија
ВикиПроекти
ВикиПроекти

ВикиПроект е проект кој има за цел да ја подобри покриеноста на определена тема или група на теми каде уредувачите работат заедно како тим во остварување на целите, т.е. подобрување на содржините на Википедија. Уредувачите групирани околу еден проект се фокусираат на страници поврзани со определена тема (пример теми од областа на историјата, археологијата, математиката) или пак се фокусираат на некоја специјална задача (пример проверка на новосоздадените страници). ВикиПроектите не се сопственици на создадените статии.

ВикиПроектите не се место каде директно се пишуваат енциклопедиски статии, туку ресурс кој помага при координацијата и организацијата на пишување и уредување на овие статии. Проектите најчесто дефинираат препораки за уредувачите, начинот на користење на бот, следење на развојот на статиите кои се од интерес на групата, водење на список на алатки и предлошки кои се употребуваат во проектот. Страницата за разговор на проектот претставува форум за учесниците во тој проект каде разговараат за остварување на нивните цели, одговор на прашања, препораки до заинтересираните и сл.

Добре дојдени се нови членови во постоечките проекти, како и започнување на нови проекти!

Создавањето на ВикиПроект е процес кој започнува со создавање на група на учесници кои сакаат да работат заедно. Пред да започнете некој нов проект, запознајте се со веќе постоечките, за да дознаете на кој начин функционираат во пракса.

Некои од википроектите на македонската Википедија се:


Википедија на вашиот факултет[уреди извор]