Википедија:ВикиПроект Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија

[[Категорија:]]ВикиПроектот Историја е проект кој им овозможува на учесниците да ги координираат своите активности во остварувањето на целите на проектот:

  • Создавање на квалитетни статии поврзани со историја;
  • Почитување на критериумите за избор на избрана статија и предложување на квалитетни статии поврзани со историјата за избрани на историските портали и Главната страница;
  • Одржување на постоечките статии;
  • Подобрување на квалитетот на постоечките статии;
  • Проширување на статии поврзани со историјата;
  • Уредување на нови портали за теми од областа на историјата; (Видете Википедија:ВикиПроект Портали)
  • Категоризација на статиите во нови категории;
  • Создавање на предлошки за теми поврзани со историјата.

Учесници[уреди извор]

Ако сакате да се вклучите во работата на проектот, додадете го вашето корисничко име во списокот кој следи, веднаш до вашетео корисничко име изразете го вашето поле на интерес и активностите кои планирате да ги преземете. Доколку имате некои предлози во врска со проектот истите може слободно да ги изнесете на страницата за разговор.

  1. Antonio Brsjacki (разговор придонеси)
  2. Kiril Simeonovski (разговор придонеси)
  3. --Астрион (разговор) 11:39, 23 септември 2009 (UTC)
  4. Стефан Милошевски (разговор придонеси)
  5. FilipVtori (муабет) 11:02, 02 јули 2012
  6. Maxim Stoyalov
  7. Идеологист (разговор придонеси)

На посетителите на вашата корисничка страница може да им ставите на знаење дека сте член на проектот ако ја вметнете предлошката {{Корисник ВикиПроект Историја}}.

Организација на работа[уреди извор]

Организацијата на работа во рамките на проектот е поделена на повеќе конкретни подрачја (временски периоди од развојот на цивилизација) која им овозможува на учесниците во проектот да се насочат кон временскиот период за кој сметаат дека може најмногу да придонесат.

  • Праисторија: статии поврзани со развојот на човечкото суштество, камено време, метално време.
  • Стар век: статии поврзани со појавата на првите цивилизации, појавата на првите градови, појавата на писменоста, развојот на науката, уметноста трговијата и занаетчиството во стариот век, робовладетелство, првите држави, војните во стариот век, воената технника, тактика и стратегија, познати личности, владетели, војсководци, научници и уметници, останати историски извори од стариот век.
  • Среден век: статии поврзани со големата преселба на народите, појавата и развојот на средновековните држави, феудализам, средновековни војни и војување, крстоносни војни, воена техника, тактика и стратегија, развој на науката, културата, уметноста и меѓурелигиозните односи, хуманизам и ренесанса, познати личности, владетели, војсководци, научници и уметници, историчари, останати историски извори од средниот век.
  • Нов век: статии поврзани со развојот на градовите и појавата на буржоазијата, техничко-технолошкиот напредок, војните и развојот на воената техника, капиталиазм, развојот на науката и уметноста, познати личности, владетели и државници, научници и уметници, војсководци, останати историски извори.
  • Најнов век: статии поврзани со историјата од почетокот на 20. век па сѐ до денес, Прва светска војна, Втора светска војна, Студена војна, војни, појавата на нови оружја, нова техника на војување и нови стратегии, познати личности, владетели, државници и политичари, научници, уметници, останати историски извори (документи).

Предлошки[уреди извор]

  • {{Портал}} Се користи за поврзување на статија со порталот за историја. Се става на крајот на статијата во делот „Поврзано“.
  • {{ВикиПроект Историја статија}}, {{ВПИ}} Ознака дека статијата е дел од проектот Историја - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{ВикиПроект Историја хипер навигација}} За брза навигација кон порталот и прокетот, се поставува во статии, категории, страници за разговор. Се појавува во горниот десен агол од екранот.
  • {{Корисник ВикиПроект Историја}} За учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.
  • {{Историја-никулец}} Се додава на сите статии поврзани со историја.