Википедија:Означени ревизии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ОР

Означени ревизии (англиски: flagged reviews) е име на техничка можност на МедијаВики која по барањето на вики-заедницата стана достапна за овој проект, почнувајќи од 24 април 2010. Ова начело се однесува на нејзината употреба.

Технички одлики[уреди извор]

Техничките одлики на означените ревизии се опишани во Помош:Проверка на страница.

Оценување[уреди извор]

Одредени корисници во кои вики-заедницата има доверба (уредувачи и оценувачи) можат јасно да ги означуваат различните верзии на страниците во:

  • главниот именски простор,
  • категориите,
  • предлошките и
  • податотеките

и да покажат дека тие се прегледани и дека задоволуваат одредени критериуми. Зависно од квалитетот на содржината, прегледаните верзии на овие страници можат да бидат проверени или квалитетни.

Проверена верзија[уреди извор]

Кратенки:
ВП:ПРОВЕРЕНА

Проверената верзија () на страницата не содржи очигледен вандализам или други, исто така очигледни, несоодветни содржини.

Проверени статии[уреди извор]

Проверените статии треба задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Отсуство на очигледен вандализам;
  2. Отсуство на јасен напад против живи личности;
  3. Отсуство на јасно нарушување на авторското право — копирање на заштитени текстови без дозвола;
  4. Отсуство на очигледна пристрасност (Битола е најубавиот град во Македонија.)
  5. Отсуство на очигледно рекламирање, самопромовирање, пропаганда и други знаци на јасна злоупотреба на Википедија;
  6. Присуство на најосновно вики-форматирање:
    1. Задебелен наслов на почетокот и најосновно, воведно енциклопедиско дефинирање на темата (на пример: „Запирка (,) е интерпункциски знак.“ или „Том Круз е американски глумец и филмски продуцент.“);
    2. Правилна структура на пасуси (почнувајќи со ==Наслови од второ ниво ==) и правилен редослед на пасусите (на пример, наводите пред надворешните врски);
    3. Присуство во најмалку една родителска категорија од категорискиот систем;
    4. Меѓујазични врски (ако постојат за дадената тема);
    5. Ознаки соодветни за содржината (ако има потреба од нив) — {{без извори}}, {{малку извори}}, {{викифицирање}} и др.

Следниов критериум не е задолжителен, но е пожелен:

  1. Отсуство на правописни, граматички и стилски грешки во текстот.

Проверени категории[уреди извор]

Квалитетна верзија[уреди извор]

Права за оценување[уреди извор]

Уредувач[уреди извор]

Добивање на правото „уредувач“[уреди извор]

Оценувач[уреди извор]

Добивање на правото „оценувач“[уреди извор]