Портал:Архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портал:Архитектура
ПОРТАЛ:АРХИТЕКТУРА

Архитектура е вештина на изработување нацрти и обликување на градби која стои и како уметност и како наука. Самиот производ, градбите, вклучувајќи ја и внатрешноста на градбите, исто така претставуваат архитектура. Бидејќи под архитектура може да се подразбере секоја градба, група на градби или дел од градбата, видокругот на архитектурата е широк и вклучува нацрти и обликување на мебел, внатрешна архитектура, на згради, архитектура, на дворови, паркови и предели, пределна архитектура, на градови, урбанистичко планирање, и региони, просторно планирање.

Зборот архитектура потекнува од старогрчкиот збор архитектон (αρχιτεκτων) што значи главен мајстор (αρχι=главен и τεκτων=мајстор, градежник). Прочитајте повеќе


уреди   

Избрана статија

Фахверк — начин на изградба на куќи и поголеми објекти со изработка на дрвена конструкција која потоа се полни со ѕиден материјал за да се добие стабилност и декоративен изглед. Овој начин на градба се користи веќе долго време во разни краишта во светот како стара Јапонија, Европа и средновековна Англија. Денес, во европската традиција најзабележливи примери се наоѓаат во земјите со најдолга традиција: Германија, Англија и Франција, но интересни примери постојат во разни земји од Комонвелтот како Канада, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд и други.

Примери на полудрвена градба во северноевропската изработка на куќи можат да се најдат во средновековна и ранонововековна Англија, Германија и делови од Франција во локалитети каде што дрвото изобилувало додека каменот погоден за градба и вештините за негова обработка биле оскудни. Кај ваквата градба дрвата се цепеле на половина и од тоа се правел скелетот на куќата.

Прочитајте повеќе
уреди   

Избрана градба

Ескоријал — огромна палата, августински манастир, музеј и библиотека кој се наоѓа во Сан Лорензо де Ел Ескоријал, Мадрид, гратче 45 км северозападно од Мадрид во автономната заедница Мадрид, Шпанија.

Палатата е сместена до планината Абантос во рамките на Сиера де Гвадарама. Изградбата на овој монументален комплекс била нарачана од кралот Шпанија за да ја одбележи победата во Св. Квентенската битка во 1557 со војската на францускиот крал Анри II. Комплексот е наменет да служи и како некропола како здомувањето на останките на Филиповите родители, Карлос I и Изабела Португалска, како и своите и оние на неговите потомци. Дворецот служел и место за изучување во полза на Противреформацијата.

Прочитајте повеќе
уреди   

Категории

уреди   

Избрана слика

Зелената палата во Техеран
уреди   

Избрана биографија

Андреја Паладио (1508 — 1580) — италијански архитект од Падова.

Како влијателен архитект, Паладио развил свој Паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината.

Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, Четвртиот Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на Чисвишката куќа заедно со Вилијам Кент.

Прочитајте повеќе
уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Работи кои може да ги направиш

NaodW29-nowiki286369b71e7b327900000001

Еве неколку работи кои се потребни: :
уреди   

Награди за архитектура

уреди   

Клучни статии

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Архитектура на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)