Јаболко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јаболка)
Јаболко
Цветови, плодови и листови на јаболкница (Malus domestica)
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Magnoliophyta
Класа: Magnoliopsida
Ред: Rosales
Семејство: Rosaceae
Потсемејство: Maloideae или Spiraeoideae
Племе: Maleae
Род: Malus
Вид: M. domestica
Научен назив
Malus domestica
Borkh.

Јаболкото - вид средноевропско овошје

Производство и трговија[уреди | уреди извор]

Јабокото најмногу се одгледува во Европа, Северна Америка и Австралија. Најпознати видови јаболко се: канадското, калифорниското, австралиското и јапонското. Најголеми производители на јаболко во светот се: Франција, Германија, САД, Кина, Австралија и др. Во 2005 година биле произведени најмалку 55 милиони тони јаболка, со вредност од околу 10 милијарди долари. Притоа, Кина произвела две третини од вкупната количина. Во Македонија, во 2012 година биле произведени 127.171 тони јаболка.[1]

Најголеми производители на јаболка (2008)
Држава Производство (Тони) Фуснота
 Кина 27 507 000 F
 САД 4 237 730
Иран Иран 2 660 000 F
 Турција 2 266 437
 Русија 2 211 000 F
 Италија 2 072 500
Индија Индија 2 001 400
 Франција 1 800 000 F
 Чиле 1 390 000 F
 Аргентина 1 300 000 F
 Свет 64 255 520 A
Без симбол = официјални податоци, F = проценка на FAO, A = Агрегат (може да вклучува
официјални, полуофицијални податоци, или проценки);

Извор: FAO

Јаболката во Македонија[уреди | уреди извор]

Јаболката е најраспространето овошје кое што успева и се одгледува ширум Македонија. Најпознати региони каде што се одгледува јаболка кои се препознатливи во секојдневниот живот, па и народното творештво се Преспа и Тетовско.

Опишувајќи ја Тетовската каза и пишувајќи за нејзиното производство, економија и трговија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за јаболката запишал:

Првото место меѓу овошјето го заземаат јаболката. Добриот квалитет уште повеќе би се зголемил доколку се обработуваат со поголемо знаење и при она име со коешто се ползуваат тие ќе бидат голем извор за збогатување на наброените села. Тие носат различни имиња според видот и квалитетот: самунки, босјанки (најкрупните), петровки (така наречени затоа што рано созреваат, обично околу Петровден), шареначки, врбовички и ѓулабии. Најубави се ѓулабиите, од кои најубавите се носат дури во Цариград [2]

Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

Преспанско јаболко[уреди | уреди извор]

Јаболкници во село Љубојно
Преспанска јаболка

Производството на јаболко е главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија. Најзначаен регион за производство на јаболко е Преспанскиот регион кои се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри. Во овој регион се произведуваат 90% од вкупните количини на јаболко во Република Македонија односно околу 80.000 тони.

Квалитетот на преспанското јаболко е познат и признат во светот и потврден со многу анализи и контроли на квалитетот.

Најзастапени сорти на јаболко се Ајдаредот со околу 63%, Златниот Делишес 20%, Црвениот Делишес 10% и други сорти со околу 7%.

Околу 20% од вкупното производство на јаболко отпаѓа на индустриско јаболко, што на нашата фабрика и овозможува достап до квалитетна суровина за производство на јаболков концентрат со врвен квалитет[3].

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година официјално започнува годинашната берба на Преспанското јаболко.

На почетокот на бербата, што традиционално започнува на големиот христијански празник Крстовден, се очекува секоја година да надмине 100.000 тона[4].

Во 2016 година, поради ниските температури кои го зафатија Преспанскиот регион на крајот од април, родот со јаболки ебил преполовен во однос на минатите години, односно се собрале околу 50.000 тони јаболка. Околу 2.700 хектари јаболкови насади биле зафатени од мразот, а родот бил оштететен од 20 до 100 проценти[5].

Хранлива вредност[уреди | уреди извор]

Јаболка, со лушпа (делови за јадење)
Хранлива вредност на 100 г
Енергија218 kJ (52 kcal)
13,81 g
Шеќери10,39
Влакна2,4 g
0.17 g
0,26 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(0 %)
3 μг
(0 %)
27 μг
29 μг
Тиамин 1)
(1 %)
0,017 мг
Рибофлавин 2)
(2 %)
0,026 мг
Ниацин 3)
(1 %)
0,091 мг
Пантот. кис. 5)
(1 %)
0,061 мг
Витамин Б6
(3 %)
0,041 мг
Фолна кис. 9)
(1 %)
3 μг
Витамин Ц
(6 %)
4,6 мг
Витамин Е
(1 %)
0,18 мг
Витамин К
(2 %)
2,2 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
6 мг
Железо
(1 %)
0,12 мг
Магнезиум
(1 %)
5 мг
Манган
(2 %)
0,035 мг
Фосфор
(2 %)
11 мг
Калиум
(2 %)
107 мг
Натриум
(0 %)
1 мг
Цинк
(0 %)
0,04 мг
Други состојки
Вода85,56 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.

Јаболкото како тема во уметноста и популарната култура[уреди | уреди извор]

Јаболкница во село Трубарево

Јаболкото е честа тема во народното творештво, литературата, сликарството и во популарната култура, као на пример:

  • „Големото јаболко“ (Big Apple) - популарно име за Њујорк.

Јабокото како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Јаболкото како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Јаболкница-цицалче“ (Apple Suckling Tree) - песна на американската рок-групаБенд“ (The Band) од 1975 година.[24]
  • „Јаболка и вино“ (Jabuke i vino) - песна на Жељко Бебек и на српската поп-група „Зана“.[25]
  • „Јаболко“ (Apple) - песна на американското дуо „Cibo Matto“ од 1996 година.[26]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Организација на обединетите нации за исхрана и земјоделство (FAO)
  2. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 278. ISBN 978-608-245-113-8.
  3. „Преспанско Јаболко“. www.vitares.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-30. Посетено на 2017-09-12.
  4. „Традиционално ќе биде откинато првото преспанско јаболко“. press24.mk. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2017-09-12.
  5. „Почна бербата на Преспанското јаболко“. Kurir.mk. 2016-09-27. Архивирано од изворникот на 2016-10-02. Посетено на 2017-09-12.
  6. Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 39-47.
  7. Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 59-71.
  8. Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 74.
  9. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 115-116.
  10. „Јаболко“, во: Живко Чинго, Пожар. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 83-87.
  11. Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 78.
  12. „Јабука која плаче и јабука која се смеје“, во: Турске бајке. Београд: Народна књига, 1978, стр. 86-95.
  13. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 23.
  14. Ненад Јолдески Wezdensky, Штамата на Енхалон (Мемоари), Темплум, Скопје, 2009.
  15. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
  16. Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963.
  17. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 11.
  18. Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 30-33.
  19. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 85.
  20. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.
  21. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 24.
  22. Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 21-23.
  23. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 205.
  24. YouTube, Bob Dylan - Apple Suckling Tree - Lyrics (пристапено на 25.12.2017)
  25. YouTube, Zeljko Bebek i Zana: Jabuke i vino (пристапено на 8.4.2017)
  26. YouTube, Cibo Matto - Viva! La Woman (Full Album) (пристапено на 22.4.2017)