Јане Сандански (населба)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јане Сандански
Населба
Јане Сандански (средина на фотографија). Гледано од Џевахир.
Јане Сандански (средина на фотографија). Гледано од Џевахир.
Координати: 41°59′17.7″N 21°28′5.2″E / 41.988250° СГШ; 21.468111° ИГД / 41.988250; 21.468111Координати: 41°59′17.7″N 21°28′5.2″E / 41.988250° СГШ; 21.468111° ИГД / 41.988250; 21.468111
ДржаваМакедонија
ОпштинаАеродром
Површина
 • Вкупна73 ха (180 acres)
Карта
Карта на Јане Сандански.

Јане Сандански — населба која се наоѓа во Општина Аеродром.

Географија[уреди | уреди извор]

Населбата граничи со 13 Ноември на запад, реката Вардар (Ќерамидница е преку реката) на север, Ново Лисиче на исток, Реонски Центар на југ, и Аеродром на југ и југозапад.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Јане Сандански била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Острово, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 63.764
Албанци 850
Турци 464
Роми 459
Власи 651
Срби 2.125
Бошњаци 403
Други 6.392

Културни знаменитости[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во населбата, односно на северниот раб на населбата, се наоѓа Спортскиот центар Јане Сандански, чии што домашните натпревари ги игра КК МЗТ Аеродром.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.
  2. Осветување на црквичката „Св. Никола“ во н. Јане Сандански[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]