Јужен Егеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужен Егеј
Περιφέρεια Νοτίου Αιγαίου
Областа Јужен Егеј во Грција
 
Главен град Ермуполи
Окрузи Додеканези
Киклади
Население 320.001 (2005)
Површина 5.286 км²
Густина 61 жит/км²
Податоци...
Портал www.notioaigaio.gr

Јужен Егеј е една од тринаесетте периферии на Грција. Се состои од островите Киклади и Додеканези во јужното Егејско Море. Главниот град на периферијата се наоѓа во Ермуполи, на островот Сирос, додека подканцеларија оперира на Родос, економскиот, социјалниот и туристичкиот центар на периферијата.

Географија[уреди | уреди извор]

Град Ермополи, седиште на периферијата
Познатиот и монденски Санторини се наоѓа на југот на периферијата
Манастир на св. Јована Богослов на Патмос, под заштита на УНЕСКО
Бројните помали острови живеат мирен живот - Аморгос

Релјеф: Островите од Јужен Егеј се наоѓаат во две групи: Кикладите се сместени во средишниот дел на Егејското Море, додека Додеканезите се положени долж југозападниот брег на Мала Азија. Имаат вкупна површина од 5.286 км2. Сите острови се со покрената почва и се планински во поголемиот дел. Покрај брежните рамницени се ретки, но постојат, и тогаш се густо населени и плодни. Клима: На јужноегејските острови владее изразито средоземна, па се сушни.

Вода: Островите во јужниот Егеј се сместени во средишниот и источниот дел на Егејското Море. Островите кои се поблиску до малоазиското копно (Родос, Кос) се богати со вода (подземни извори), додека оние подалечни се (сите Киклади) без дадените можности, па се и негостољубиви за живот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]