Јужнословенски јазици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јужнословенски јазици
Географска
распространетост:
Југоисточна Европа
Класификација:индоевропски
Гранки:
Источни јужнословенски
Западни јужнословенски
ISO 639-5:zls
Slavic europe.svg
  Држави во кои јужнословенски јазик е службен јазик
Јазично стебло на словенските јазици.

Јужнословенските јазици постојат како посебна група меѓу словенските јазици. Тие произлегуваат од еден претпоставен јужен прасловенски макродијалект, којшто се оформил во времето на второто разделување на прасловенскиот јазик.

Општа карактеристика[уреди | уреди извор]

Јужнословенските јазици се делат на две подгрупи: западна и источна . Источната подгрупа се карактеризира со зачувањето на (различното) звучење на еровите самогласки (ь и ъ), а западната подгрупа - со наставка -ga во генитив еднина машки и среден род на придавките и наставка –mo кај глаголите во множина прво лице .

Јужнословенските јазици имаат и неколку општи стари фонетски карактеристики од касниот период на развивање на прасловенскиот јазик, дел од кои се општи и за источнословенските јазици:

  • промена на согласните групи *dl > l и *tl > l: *radlo > ralo, pletlъ > plelъ;
  • промена на соглааните групи *kv > cv и *gv > dzv пред ě2: cvětъ, dzvězda;
  • промена *ch > s’ поради втора и трета палатализација: vьchь > vьsь, mouchě > mousě.

Историски развој[уреди | уреди извор]

Во XI век јужнословенските јазици се разделуваат на две подгрупи: источна и западна.

Јужнословенски јазици[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]