Агостињо Нето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Agostinho Neto (1975).jpg

Антонио Агостињо Нето (17 септември 1922 - Москва, 10 септември 1979) — анголски политичар, поет и публицист, еден од најистакнатите водачи на анголскиот народ во борбата против португалските колонизатори.

Од 1962 година Агостињо Нето е претседател на Народното движење за солободување на Ангола, а од прогласувањето на независноста во 1975 година претседател на Народна Република Ангола и врховен командант на вооружените сили.