Аки Рахимовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аки Рахимовски
Александар Рахимовски на концерт
во Марибор во 2010 г.
Животописни податоци
Родено имеАлександар Рахимовски
Роден(а)5 јуни 1955
Ниш, Југославија
Починал(а)22 јануари 2022(2022-01-22) (возр. 66)
Ново Место, Словенија
Занимањапејач

Александар „Аки“ Рахимовски (Ниш, Југославија, 5 јуни 1955Ново Место, Словенија, 22 јануари 2022) — македонско-хрватски пејач, најпознат по ангажманот во рок составот од Загреб "Парни ваљак".

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите "Вакуум", "Крвна браќа" и "Тор" со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек - Мих го формираат првиот состав на "Парни ваљак".

Надворешни врски[уреди | уреди извор]