Албумин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Албумин (од латински: albus - бело) е поим кој се однесува на секоја белковина која е растворлива во вода, средно растворлив во концентрирани солени раствори и доживува коагулација (белковинска денатурација). Супстанциите кои содржат албумини се наречени албуминоиди.

Најпознат тип на албумин е серумскиот албумин во крвта, но истоа така постои и складишна белковина овалбумин во белката на јајцето, како и различни други складирачки албумини во семето на некои растенија. Серумскиот албумин е најзастапена белковина во крвната плазма и се произведува од црниот дроб, при што формира најголема пропорција од сите плазмени белковини. Човечкиот серумски албумин е наречен човечки серумски албумин и претставува 60% од човековите плазмени белковини; сите други белковини присутни во крвната плазма се нарекуваат глобулини.