Американска воена мисија при Главниот штаб на НОВ и ПОМ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Американската воена мисија при Главниот Штаб на НОВ и ПОМ (дејствувала во периодот помеѓу јули 1944 и мај 1945) била втора странска линија на територијата на Вардарскиот дел на Македонија. Мисијата пристигнала преку територијата на Србија, во состав: мајор Скот Дикенсон, шеф на мисијата, Тед, радиотелеграфист, Стево Бузич и Стив Силјанов (по потекло Македонец), преведувачи, и Стефан Бизик, наредник. Била независна мисија која испраќала политички, воени и економски податоци до штабот на Канцеларијата за специјални служби. Мисијата од Македонија била повлечена во мај 1945 г.[1][2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Велика Британија и Македонија. Документи 1942-1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2000;
  2. Воените мисии на Соединетите Амарикански Држави во Македонија 1944-1945. Избор, превод и редакција д-р Тодор Чепреганов, Скопје, 2007.
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 24. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)