Ана Нетребко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ана Нетребко
Основни податоци
Роден(а)18 септември 1971
Краснодар, СССР СССР
Жанр(ови)класична музика
Занимање/њаоперска пејачка

Биографија

Ана Јурјевна Нетребко е родена на 18 септември 1971 година во Краснодар, Русија. Има руско и австриско државјанство и моментално престојува во Виена и Њујорк. Таа е лирико-спинтов сопран. Студирала на конзерваториумот во Санкт Петербург и истовремено работела како чистачка во Мариинскиот театар во Санкт Петербург. Подоцна таа се пријавува на тетарот, каде диригентот Валериј Гергиев ја препозна поради нејзината работа во театарот. Потоа тој станува нејзин вокален ментор. Во април 2008 Нетребко и бас-баритонот Ервин Скрот стаппија во брак, но како и да е нивната венчавка никогаш не се одржа. Нивниот син Тиаго Нетребко е роден на 5 септември 2008 г. во Виена. Во ноември 2013 парот реши да се раздели, а Тиаго кој е аутистичен живее со Ана. Февруари 2014 на пробите за поставување на операта “Манон Леско” во Рим, Нетребко започна врска со нејзиниот партнер во таа опера тенорот Јусиф Ејвазов. Пет месеци подоцна парот ја закажа нивната венчавка. Нетребко и Ејвазов се венчаа на 29 декември 2015 г. во Виена.

Кариера

1990-ти

Под раководство на Гергиев, Нетребко го изведе нејзиниот прв сценски оперски настап во Мариинскиот театар на 22 години како Сузана од “Свадбата на Фигаро”.Taa продолжи да пее многу значајни улоги во Киров Опера, вклучувајќи ги : Амина во “Месечарка”, Памина во Волшебната флејта”, Розина во “Севилскиот бербер” и Лучија во “Лучија од Ламермур”. Во 1994 г. таа ја изведување улогата на Кралицата на ноќта во “Волшебната флејта” под диригентска палка на Давид Милнес. Во 1995 г. на 24 години, Нетребко настапи во Америка во улогата на Људмила во операта “Руслан и Људмила” – М.И.Глинка, во Операта во Сан Франциско. После овој успешен настап таа често настапува како гостин во Сан Франциско.Таа е позната и како реномиран изведувач на руските оперски улоги како што се: Наташа во “Војна и Мир” – Прокофиев, Луиза во “Веридба во Манастирот” – Проковиев и Марфа во “Царската неверст” – Корсаков. Нетребко исто така направи успешни обиди во белкантото и романтичарските улоги како Гилда во “Риголето”, Мими во “Боеми”, Џулиета во “Капулети и Монтеки” и Елвира во “Пуританци”.

2000-ти

Во 2002 Нетребко настапуваше во операта „Метрополитен“ во улога на Наташа на премиерата на “Војна и Мир”. Истата година, таа ја играше улогата на Дона Ана во “Дон Џовани” на Салцбург фестивалот, под диригетска палка на Николаус Харнонкорт. Таа исто така настапуваше на Руското детско здружение како важен основач на Балор Петрушка. Taa учествуваше на балот во 2003 и 2006 година и е еден од хонорарните директори на добротворните цели.Во 2003 г. Нетребко настапуваше како Виолета во “Травијата”- Верди во Муних, главата улога во “Лучија од Ламермур” во Операта во Лос Анџелес и Дона Ана во Ројал Оперската куќа во Ковент Гарден. Нејзиниот втор албум “Sempre Libera” (Секогаш слободна), беше издаден следната година. Таа подоцна се појави како Виолета Валери во “Tравијата” на фестивалот во Салцбург, под диригентска палка на Карло Ризи и во 2008 г. ја толкуваше истата улога во Ковенет Гарден на триумфалните признанија на Оперските вечери. Исто така настапи и со Џонас Кауфман и Дмитри Хворостовски под диригентска палка на Маурицио Бенини. Меѓутоа таа откажа 3 важни настапи поради бронхит. Тоа беше вторпат таа да ги откажи настапите во Ројал Оперската куќа и беше повлечена од некои настапи во “Дон Џовани” претходното лето поради болест. Таа ја изведуваше познатата арија на Виолетa “Sempre libera” на екраните во 2004 г. кога таа кратко настапуваше во филмот Дневникот на принцезата 2: Царска Веридба. На 30 мМај 2007 Нетребко настапуваше во Карнеги Хол заедно со Дмитри Хворостовски и оркестарот од Св. Лука. Првично закажан за 2 март 2006 г., Нетребко го одложо рециталот бидејќи не се чувствувала уметнички сппремна. Нетребко се појави на Последна ноќ на игранките на 8 септември истата година каде таа ја изведуваше “Ah! Se una volta…Ah! Non credea mirarti…Ah! Non giunge” од “Месечарка”, "Meine Lippen, sie küssen so heiß" – Гиудита и песната „Утро“ од Рихард Штраус (со виолинистот Јошуа Бел). Есента 2007 г. таа повторно ја толкуваше улогата на Јулија во “Ромео и Јулија” во операта „Метрополитен“ и во декември таа настапуваше во чест на Мартин Скорсезе и Џон Кенеди. Истата година таа изјави дека ќе биде амбасадор на СОС Детско село во Австрија и ќе биди спонзор на Томилино селото во Русија. Во мај 2088 г. таа настапи на многу очекуваното деби во Париската опера во “Капулети и Монтеки” заедно до Џојс ДиДонато како нејзин Ромео. На нејзиниот прв настап после нејзината бременост, Нетребко ја изведи Лучија од “Лучија од Ламермур” на отворањето на Мариинскиот театар во Санкт Петербург на 14 јануари 2009 г. во продукција на Шкотската опера предводена од Џон Дојл. Подоцна Нетребко ја изведуваше истата улога во јануари и февруари 2009 г. во операта „Метрополитен“. Нетребко настапи во улога на Џулиета во “Капулети и Монтеки” во Ројал (Кралската Бритаска) оперска куќа пролетта 2009 г. и како Виолета во “Tравијата” во јуни 2009 г. во операта во Сан Франциско.

2010-тите

На 13 ноември 2010 г. на матине настапот кој беше емитуван од националната PBS, таа ја изведи улогата на Норина од “Дон Паскали” во операта „Метрополитен“ во Њујорк под диригентска палка на Џејмс Левин. На 2 април 2011, таа ја изведи главната улога во “Ана Болена” – Гаетано Доницети во Виенската опера, чијашто премиера беше целосно распродадена и имаше повторен настап на 5 април 2011 кој беше емитуван во кината ширум светот. На 7 декември 2011 таа ја отвори новата сезона во Ла Скала во Милано како Дона Ана во “Дон Џовани”. Taa беше почестена да биде поканета да се појави на три доследни настапи во операта „Метрополитен“ во “Ана Болена” 2011, “Љубовен напиток” 2012 и “Евгениј Онегин” 2013. Нејзиниот настап како Госпоѓа Магбет во операта „Метрополитен“ есента 2014 г. во операта “Магбет”, продукцијата Adria Noble’s го возвиши и изјави дека нејзиниот глас сè уште е во експанзија (зголемување) на дијапазонот и на волуменот. Нетребко ја продолжи нејзината експанзија со потешки Вердиеви улоги наредната година, како што e Ленора во “Tрубадур” која публиката и критиката воодушевено ја прифатија. Нетребко ја изведуваше олимписката химна на отворањето на Зимската Олимпијада во Сочи, близу Краснадор во 2014 г. Во декември 2014 г. таа застана покрај Олег Царов со знамето на Нова Русија и му даде чек со 19,000$ на Царов велејќи дека донира за театарот за опера и балет во Донецк.

Награди

-Во 2004 г. ѝ беше доделена Државна награда од Руската Федерација. -Во 2006 г. ја доби Бамби наградата во категоријата за класична музика. -Магазинот „Time” ја смести на нивната Тime 100 листа во 2007год. -Во 2007 г. ја доби Брит наградата за оперска пејачка на годината. -Во 2008 г. ја доби Брит наградата за женски уметник на годината. -Таа беше назначена од весникот Musical America за “Генијална суперѕвезда на 21 век” и беше наречена “Музичар на годината” vo 2008 г. -Во февруари 2017 г. Австриската влада ја назначи за најистакната пејачка.