Андре Ле Нотр

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на Андре Ле Нотр од Карло Марата
Нацрт на градините на Версај

Андре Ле Нотр (француски: André Le Nôtre) (12 март 1613 - 15 септември 1700) — пејзажен архитект и градинар на Луј XIV од 1645 до 1700 год. Негово најзначајно дело е паркот во Версај. Неговите урбанистички дела се исто така од значење, како оние кај Тујлерискиот дворец каде ја проширил глетката западно, место кое подоцна станува булеварот Елисејски Полиња[1] и ја сочинува т.н. Историска оска.

Ле Нотр проектитал и многу други градини и паркови, како оние кај Шантији, Фонтенбло, Рокониџи, Сен-Клуд, Сан-Жермен-ан-Лај и Св. Џемјсовиот парк. Исто така соработувал и со Луј Ле Во и Шарл Ле Брен на паркот на Во-ле-Виконт. Татко му на Андре Ле Нотр, Жан Ле Нотр бил градинар на Луј XIII.

Живот[уреди | уреди извор]

Станување градинар[уреди | уреди извор]

Андре Ле Нотр се родил во семејство градинари. Татко му и дедо му биле одговорни за Тујлериските градии. Неговиот кум бил управник на градини, а сопругот на неговата кума, Клод Моле бил прославен градинар. Во овие окружувања Андре набргу се здобил со теоретски и практични познавања од градинарството.

Трудољубива младост[уреди | уреди извор]

Андре го интересирале и другите уметности но подоцна му се вратил на градинарството како негова професија (градинар на кралот). Учел математика, сликарство и архитектура. Потоа станал дел од работилницата на Симон Вуае, сликар на кралот Луј XIII. Таму научил класична уметност и перспектива, и подоцна пријателот на Шарл Ле Брен, Франсоа Мансар, му дозволил да ја изучува архитектурата неколку години.

На 40-годишна возраст, тој решил да стане градинар, со сета сособност здобиена од претходните уметнички искуства.

Деби како градинар[уреди | уреди извор]

Градините на дворецот Во-ле-Виконт

Андре ле Нотр дебитирал во градинарството со проектот на градините на дворецот Во-ле-Виконт, по иницијатива на Никола Фуке. Потоа работел ортачки со Луј Ле Во и Шарл Ле Брен. Ова дело го прославило низ светот.

По пензионирањето на Фуке во 1661, Ле Нотр бил ангажиран од Луј XIV за рехабилитација на градините на Версајскиот дворец. По ова, тој проектирал и извел бројни градини ширум Франција.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

Ле Нотр бил дел од многу проекти во Франција и се користел со знаења од различни дисциплини. Во 1679, ја посетил Италија.

Починал на возраст од 87 години во септември 1700. Зад него оставил број формални градини, препознатливи по својата перспектива и геометриско совршенство, прочуени и ценети низ целиот свет.

Значајни Ле Нотрови градини[уреди | уреди извор]

Партери и портокалови дрва во дворот на Оранжеријата во Версај

Авении[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Dominique Garrigues. Jardins et jardiniers de Versailles au Grand Siècle. Изд. Champ Vallon. ISBN 2-87673-337-4 стр. 282.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]