Ајдарпашина џамија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајдарпашина џамија
Поглед на џамијата
Основни податоци
МестоОхрид, Македонија
Координати41°7′21″N 20°47′4″E / 41.12250° СГШ; 20.78444° ИГД / 41.12250; 20.78444Координати: 41°7′21″N 20°47′4″E / 41.12250° СГШ; 20.78444° ИГД / 41.12250; 20.78444
Припадностсунитски ислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиски
Завршен1456
Особености
Минариња1
Прогласен закултурно наследство на Македонија

Ајдарпашина џамија — стара османлиска џамија во градот Охрид. Му припаѓа на Охридското муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1][2][3]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Џамијата е сместена на стариот пат за Струга во населбата Воска, на денешната улица „Гоце Делчев“, и е најстарата џамија во Охрид.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Според натписот на влезот, џамијата е изградена во 1456 година, а според натписот на надгробната плоча на Ајдар-паша, датумот е 976 по хиџрата или 1567 – 1568 година. Се смета дека сегашната градба е од овој подоцнежен период.[2] Во XIX век во џамијата работела медреса (верско училиште).[1][2] За постоењето на храм од XV век (1456) сведочат видливите остатоци од архитектура на југозпадниот ѕид — веројатно џамијата првично била куполна градба, типична за класичната османлиска архитектура од тој век.[2]

На 22 март 1968 година Ајдарпашината џамија е прогласена за споменик на културата.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Џамијата има правоаголна основа. Има покрив на четири води со ќерамиди, а од внатрешната страна има слепа купола. Минарето е на западната страна и во него се влегува од внаре, што е типично за џамиите од XIX век. Во јужниот агол во внатрешноста е новиот минбер од цемент. Михработ е на средината на југоисточниот ѕид, а махвилот (галеријата), на бетоннски столбови ја зафаќа целата северозападна страна. Во куполата има калиграфски напишани стихови од Куранот, геометриски и цветни украси. Такви има и кај насликаните лехви на североисточниот, југоисточниот и југозападниот ѕид меѓу горниот ред прозорци. Осветлувањето е преку прозорци со облик на прекршен лак и сместени на секој ѕид во два река. Првичниот трем е споен со молитвениот простор и таму се оформил новиот махвил. Изграден е нов затворен трем. На југозападната страна на храмот има турбе со правоаголна основа, димензии од 6,65 м х 4,00 м и покрив на четири води. Во него има три гроба, од кои едеен е на Ајдар-паша.[2]

За градење на џамијата е користен опусот клоазоне, обработени камени блокови врамени со три реда хоризонтално поставени тули и по две тули поставени вертикално помеѓу секој од камените блокови. Истиот опус на градење е користен и за турбето.[2]

Во дворот на џамијата има поголем број надгробни плочи.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Културно наследство“. Охрид. Архивирано од изворникот на 2017-08-17. Посетено на 14 јули 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 „Хајдар Паша џамија“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2017-08-18. Посетено на 18 август 2017.
  3. Yılmaz, Edip, Erdal Elmas (2018). „OHRİ'DEKİ (MAKEDONYA) OSMANLI DÖNEMİ CAMİLERİ“. Anasay (4): 49–50. ISSN 2001 2587- 2001. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 155.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]