Бари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бари - терминал за големи бродови

Бари (итал. Bari), по големина е деветти град во Италија. Бари е и главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Свети Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале верниците.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Името на градот е со грчко потекло од зборот Барион.

Положба на градот[уреди | уреди извор]

Бари се наоѓа во крајниот источен дел од јужна Италија. Бидејќи градот се наоѓа во близина на Портата Отранто, на влезот во Јадранското Море, градот отсекогаш имал важна стратешка важност и претставувало важно место за Истокот (Балкан, Левант, Мала Азија). Од главниот град на Рим, Бари е 450 километри источно, а од Неапол 260 километри источно. Од Бар на спротивниот брег на Јадранско Море, градот е 210 километри југозападно од морето.

Релјеф[уреди | уреди извор]

Бари се развил како пристаниште на крајниот јужен дел од Јадранското Море, каде што било многу лесно да се контролира влезот во морето преку блиската Порта Отрано. Градот се наоѓа во средишниот дел на провинцијата Апулија, во рамната крајбрежна рамнина Таволиер, која е плодна и густо населена.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Bари е средоземна. Бари како и цела Апулија се познати како многу топло и сушно подрачје во Италија, посебно во лето 2007 година е забележана најголемата забележана температура од дури 46 степени.

Вода[уреди | уреди извор]

Бари се наоѓа на јужниот брег на Јадранското Море, каде било многу лесно да се контролира влезот во морето преку блиската Порта Отрано. Градот се образува на ублажувањето на полуостровот помеѓу два мали заливи, природни пристаништа. Ова била голема предност за веќе слабо разрушениот брег во северна Апулија.