Беглербег

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Беглер-бег)
Беглербег

Беглербег (турски: beylerbeyi) претставувала титула во Османлиското Царство која била користена од страна на управителите на ејалетите односно покраините, односно бег над беговите (заповедник над заповедниците).[1]

Управителот беглербег имал титула на паша па поради ова неговата територија се викала и пашалак. Беглербегот управувал со војска на чело со спахиите.

За прв пат оваа титула му била доделена на Лала Шахин од страна на Мурат I (1359-1389 година), по заземањето на Едрене (1363 година). Кон крајот на владеењето на Мехмед I Челеби (1413-1421 година), имало два беглербеглака: румелиски и анадолски.

Македонија влегувала во Румелискиот Беглербеглак. Кон крајот на 16 век, поради зголемувањето на освоената територија, се зголемил и бројот на беглербеговите. Синоним: валија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 66. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)