Борис Ефремов Петковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Петковски
Роден 1914 година
Куманово, Македонија под окупација на Кралство Србија
Починал 3 декември 1944(1944-12-03) (возр. 29–30)
Раштак, Македонија

Борис Ефремов Петковски ( 1914 во Куманово3 декември 1944 во Раштак, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

За време на окупацијата се вклучил во подготовките за оружено востание против окупаторот. Често бил прогонуван од бугарската фашистичка полиција. На неколкупати бил вршен претрес, во неговата куќа. Во редовите на Третата македонска ударна бригада стапил во 1944 година. Во бригадата бил поставен за телефонист. Поверените задачи ги извршувал со успех. Кога не бил ангажиран покрај телефонскиот апарат, заедно со другите соборци се борел со оружје против непријателот. Бил учесник во повеќе борби на својата бригада против окупаторската буrарска фашистичка војска и полиција, Германците и балистите. Загинал на 3 декември 1944 година во селото Раштак, Скопско.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 231. На |first= му недостасува |last= (help)