Буре барут (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Буре барут“филм на Горан Паскаљевиќ од 1998 година, снимен според истоимениот драмски текст на Дејан Дуковски.[1] Филмот ја има добиено наградата Бронзена камера 300 од фестивалот „Браќа Манаки“ за кинематографија (добитник е Милан Спасиќ), a победил и на фестивалот во Венеција (FIPRESCI) и на Европските филмски награди (FIPRESCI).

Ансамбл од познати глумци од Балканот учествуваат во филмот, меѓу кои Небојша Глоговац, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Воја Брајовиќ, Богдан Диклиќ, Тони Михајловски и Никола Ристановски.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Белград, во средина на деведесеттите години е место каде се вкрстуваат неколку одвоени приказни. Насилството станува дел од секојдневието. Во мачната атмосфера на сè поголема бруталност, од која не се гледа излез, главен мотив на приказните станува прашањето: „Кој е крив?“

Наводи[уреди | уреди извор]