Википедија:ВикиПроект Вести/Водичи за стилот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ВСТИЛ

Правила за содржината на Предлошка:Вести[уреди извор]

Предлошката Вести директно се вклучува на главната страница. Придржувајте се кон овие правила кога ќе додавате нови вести на него, бидејќи истите директно ќе се прикажат на Главната страница, која е доста видлива за читателската публика.

  1. Предлошката Вести во секое време мора да има само 4 (четири) вести по број. Не повеќе и не помалку од четири. (ова е во интерес на големината на главната страница и на подредувањето на елементите)
  2. Секоја нова вест почнува во нов ред и со симболот за ѕвезда (*), за подредување на вестите под точки.
  3. Секоја нова вест мора да има најмногу 55 (педесет и пет) збора во својата содржина, не повеќе, а да е составена од најмалку една информативна реченица.
  4. Содржината на секоја вест треба да има врска до соодветна статија која дава повеќе информации за настанот. Бидете сигурни дека статијата е соодветно цитирана. Задолжително прочитајте ги правилата за пишувањето на соодветни статии (наведени подолу) ако ја пишувате и/или уредувате соодветната статија.
  5. На врвот од Предлошка:Вести стои кодот за слика:
    [[Слика:Пример.jpg|100px|десно|Опис на сликата]]
    Задржете ја големината на сликата меѓу 100-140 пиксели и секогаш дадете информативен опис на сликата. Не ја ставајте сликата во рамка, оставете ја подредена на десната страна и бидете сигурни дека сликата е со среден опис, информација за изворот и за авторските права. Сликата мора да е слободна, (без неслободни слики и тврдење за праведна употреба!) ако сте ја подигнале сликата, бидете сигурни дека е во согласност со Википедија:Подигнување на слики.

Како да додадам нова вест на главната страница?[уреди извор]

За да ставите нова вест на главната страница, следете ги конкретните упатства:

  1. Стиснете на оваа врска.
  2. Содржината на предлошката е одбележана помеѓу овие 2 реда:
    <!-----------------СОДРЖИНАТА НА ШАБЛОНОТ Е ПОД ОВАА ЛИНИЈА----------------------->
    (содржина на вестите)
    <!-----------------СОДРЖИНАТА НА ШАБЛОНОТ Е НАД ОВАА ЛИНИЈА----------------------->
  3. Бидете сигурни дека Вашата вест е во согласност со горенаведените правила. Ставете ја новата вест најгоре, со симболот за ѕвезда (*) пред неа.
  4. Последната вест отсечете ја и ставете ја на врвот на оваа страница.
  5. Стиснете на Прегледај и осигурете се дека сѐ е во ред. Треба да има четири вести.
  6. Стиснете на Зачувај. Готови сте!
  7. ???
  8. Профит!