Економија на Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прага, бизнис центар на Чешка

Економијата на Чешка спаѓа во групата на новопојавените пазарни економии. Таа е членка на ЕУ и на ОЕЦД.

Макроекономски показатели[уреди | уреди извор]

Во 2019 година, БДП по глава на жител на Чешка изнесувал 23 214 долари, со што таа била рангирана на 22. место во однос на Европа и 41. во светот.[1]

Во 2018 година кефициентот Џини во Чешка изнесувал: 25,6%.[2]

Стопанска структура[уреди | уреди извор]

Даночен систем[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, Чешка го прифатила рамниот данок, но во 2014 година преминала на прогресивно оданочување. Даноците претставуваат најголема компонента во буџетот на Чешка. Таа е меѓу земјите со најдобар резултат во однос на висината на данокот наплатен од корпорациите, како и висината на износот на корпоративниот данок како процент на БДП. Во 2017 година, учеството на даноците во БДП изнесувало 35,4%. Во вкупните даночни приходи, данокот на потрошувачката има највисоки вредности, кои се движат помеѓу 7,3 и 7,7% од БДП, додека приходите на данокот на личен доход се движат помеѓу 3,6 и 4% од БДП.[3]

Надворешна трговија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]