Живко Фирфов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Фирфов
Живко Фирфов
Животописни податоци
Роден(а)20 ноември 1906
Велес,
ПотеклоМакедонија Македонија
Починал(а)21 јули 1984
Скопје
ЗанимањаКомпозитор, етномузиколог, диригент, музички деец

Живко Фирфов (20 ноември 1906 - 21 јули 1984) — истакнат македонски етномузиколог, педагог, диригент и музички деец. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори.

За својата богата музичка активност има добиено повеќе награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат на Географското здружение од Колумбија, САД, во 1955 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Живко Фирфов е роден во Велес каде и го завршил основното училиште, музичка школа завршил во Белград во 1931 година по што се вработил како диригент во Земун[1]. Во 1939 година ја објавил својата прва етномузиколошка студија во списанието „Музика“, за интерпретација на македонската народна песна и за мелографската постапка при нејзиното собирање. По Втората светска војна се вратил во Скопје каде работел како шеф на Отсекот за уметност во Одделението за култура, уметност и други културни врски со другите народи при АСНОМ, шеф е на отсекот за народна музика во Радио Скопје. Особено бил ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“. Како шеф на Одделението за народна музика и кореографија при Фолклорниот институт на СР Македонија и негов директор овозможува збогатување на музичката фонотека која остава широки можности за научни проучувања на македонскиот музички фолклор. До крајот на својот живот бил дописен член на Меѓународното фолкорно друштво ИФЦМ во Лондон и бил почесен претседател на секторот за Балкански игри при Меѓународното друштво за народни игри во Лондон, преку која функција овозможува широко промовирање и презентирање на македонскиот музички фолклор во целиот свет.

Творештво[уреди | уреди извор]

  • “Свита” - за флејта и пијано[1]
  • “Варијации” - за пијано[1]
  • “Фантазија” - за оргули[1]
  • “Ленка” - за сопран и пијано [1]
  • “Марика” - за сопран и пијано[1]
  • “Дротар”[1] - хорска композиција
  • "Рапсодија" - хорска композиција
  • "Цуцул стои на грутка" - хорска композиција
  • “Хумореска 1”[1]
  • “Хумореска 2” [1]
  • “Хумореска 3”[1]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • “13 Ноември” во 1963 година [1]
  • “Климент Охридски” во 1970 година [1]
  • “11 Октомври” за животно дело во 1971 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]