Знаме на Бугарија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Бугарија
}}
Употреба граѓанско, државно и пловно знаме вексиколошки опис
Сразмер 3:5
Усвоено 1991

Design = Три хоризонтални ленти во бела, зелена и црвена боја.

Знамето на Бугарија има правоаголна форма и се состои од три ленти во бела, зелена и црвена боја. Тие се расположени хоризонтално одгоре надолу, при што полињата се еднакви по форма и големина.

Историја[уреди | уреди извор]

За време на османлиското ропство ајдуците и комитите го користеле зеленото знаме со извезен златен лав и со натпис „Слобода или Смрт!“ („Свобода или смърт!“)

За првпат знаме со бела, зелена и црвена боја, според денешниот изглед, било сошиено од Стилијана Парашкевова во романскиот град Браила и истото било предадено на бугарските доброволци кои учествувале во Руско-турската војна од 1877-1878 година. Знамето е во форма на квадрат со лав, и натпис „Бугарија“ (България) во средината. Денес знамето е дел од колекцијата на знамиња на Националниот воено-историски музеј во Софиjа.

По ослободувањето на државата, првиот бугарски устав од 16 април 1879 во член 23 определува, дека „бугарското народно знаме е тробојно и се состои од бела, зелена и црвена боја, поставени хоризонтално“.

Во 1947 на знамето, во левиот горен агол на белата боја бил додаден грбот на Народна Република Бугарија кои се користело до 27 ноември 1990. На тој датум текстот во уставот бил изменет и грбот бил отстранет.

Галериjа[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]