Кирил Конески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кирил Конескимакедонски филолог. Тој е еден од авторите на македонскиот правопис.[1]

(Прилеп, 19 јануари 1929 - 19 април 2023) – јазичар, универзитетски професор. По дипломирањето работи во Институтот за Македонски јазик „Крсте Мисирков“ на проектот Правопис на македонскиот литературен јазик со правописен речник (1 јули 1957 – 31 јануари 1969). Потоа е професор по современ македонски јазик на Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје, а подоцна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Негов научен интерес е современиот македонски јазик, област од која има објавено повеќе монографии. Уредник е на Толковниот речник на македонски јазик (досега се објавени три тома).[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 726. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Welle (www.dw.com), Deutsche. „Новиот правопис- одбрана на македонскиот јазик од глобализацијата | DW | 21.02.2016“. DW.COM.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]