Класичен латински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Класичен латински
Застапен воРимско Царство
Изумренсе развил во средновековен латински до 6 век
Јазично семејство
Италски
Јазични кодови
ISO 639-1la
ISO 639-2lat
ISO 639-3lat

Класичниот латински јазик — облик на латинскиот јазик кој го користеле Старите Римјани во класичната латинска книжевност. Се користел во текот на Златното доба на латинската книжевност —грубо земено I век п.н.е. и раниот I век н.е.—можеби протегајќи се и низ Сребреното доба—грубо, I и II век.

Она денес што се нарекува „класичен латински“ бил впрочем високостилизиеран и измазнет пишан книжевен јазик селективно составен од старолатинскиот, од кој пак се зачувани многу помалку дела. Класичниот латински е продуцкт на реконструкцијата на старолатинскиот во прототипот на атичкиот грчки. Класичниот латински се разликува од најраната латинска книжевност, како онаа на Катон Постариот, Плавт, и донекаде Лукрециј, на различни начини. Се разликувал од старолатинскиот по тоа што раните наставки -om и (номинативна еднина) -os од II деклинација се промениле во оние со -um и -us, а во лексиконот се случиле и извесни семантички промени (на пр., forte значело не само „изненадно“ туку и „тешко“).

Разговорниот латински кој го зборувал обичниот народ во Римското Царство, особено од II век, па натаму, се нарекува народен латински. Народниот латински се разликувал од класичниот во лексиконот и граматиката, и како што минувало времето, почнал да се разликува и по изговор.

Латинскиот во Златното доба[уреди | уреди извор]

„Златното доба“ на латинската книжевност (лат. Latinitas aurea) е периодот кој се протега од околу 75 п.н.е. до 14 н.е., покривајќи ги последните години на Римската Република и владеењето на Октавијан Август. Многу класицисти сметаат дека овој период претставува највисока точка во латинската книжевност, и дека тогашната употреба на јазикот ја поставила нормата на изразување кон која сите подоцна се стремеле.

Автори од Златното доба[уреди | уреди извор]

Поезија[уреди | уреди извор]

Првиот поет од златното доба се смета дека бил Лукрециј, кој напишал долга филозофска поема во која расправа за Епикуријанството, За природата на нештата.

Катул пишувал малку подоцна. Тој ја вовел натурализацијата на грчката лирска стиховна форма во латинскиот. Поезијата на Катул е лична, понекогаш еротска, понекогаш игрива, а често навредлива. Пишувал исклучиво во грчки метри. Тешката рака на грчката прозодија продолжила со изразено влијание врз стилот и синтаксата на латинската поезија сѐ до надоаѓањето на Христијанството, кое барало нова форма на химнодија.

Хеленизираките тенденции во Златното доба доживеале расцут кај Вергилиј, чија Енеида е епска песна во духот на Хомер. Слични тенденции забележуваме и кај Хорациј, чии оди и сатири се во стилот на грчката антологија, аи кој ги користел речиси сите фиксни грчки форми во латинскиот. Овидиј исто така пишувал долги и ерудитивни поеми на митолошки теми, како и полусатирични дела како Уметноста на љубовта (Ars Amatoria). Тибул и Пропертиј истот ака пишувале песни по пример на нивните грчки претходници.

Проза[уреди | уреди извор]

Во прозата, Златното доба го карактеризира Јулиј Цезар, во чии Записи од Галските војни гледаме лаконски и прецизен воен стил; и Марко Тулиј Цицерон, правник и политичар, чии судски аргументи и политички говори, особено неговите „Говори против Катилина“ („Катилинарија“), со векови се сметале за најдобрите урнеци за латинската проза. Цицерон напишал и многу писма, кои денес се зачувани и неколку филозофски распраци во кои дава своја верзија на Стоицизмот.

Историографијата била важен жанр во класичната латинска проза; тука спаѓаа Салуст, кој пишувал за Заговорот на Катилина и Војната против Југурта, единствените негови сосема зачувани дела. Друг историчар, Ливиј, во своето дело Од основањето на градот Рим, ја напишал историјата на Рим. Делото имало 142 книги, од кои само 35 се зачувани.

Латинскиот во Сребреното доба[уреди | уреди извор]

Плиниј Постариот: замислен портрет од XIX век

Класичниот латински продолжил да се употребува и во т.н. „Сребрено доба“ на латинската книжевност, кое се протега низ I и II век, и доаѓа веднаш по Златното доба. Традиционално, но неправедно, за книжевноста од Сребреното доба се смета дека има пониска вредност од таа на Златното доба, иако соврмените историчари сметаат дека причина за намалувањет на квалитетот бил преголемиот напор за емулирање на Златното доба, кој е одговорен за 'неуредниот' стил на учењето на реторика. Ова време се нарекува и „поавгустовско“.

Писатели од Сребреното доба се:

Во Сребреното доба се издадени единствените познати романи: Златното магаре од Апулеј и Сатирикон од Петрониј.

Стилски промени[уреди | уреди извор]

Латинскиот од Сребреното доба може да се подели на два периода: период на радикална експериментација во втората половина на I век н.е., и обновениот Неокласицизам во II век н.е.

За време на Нерон и Домицијан, поетите како Сенека Помладиот, Лукан and Статиј започнале уникатен стил кој наизменично ги воодушевувал, гадел и чудел подоцнежните критичари. Стилисички, Неронската и Флависката книжевност укажува на воздигањето на реториката во доцноримското образование. Стилот на овие автори е непогрешливо рецитативен — понекогаш елоквентни, а понекогаш бомбастични. Насекаде блескаат егзотичната лексика и наострените афоризми, иако понекогаш за сметка на тематската кохеренција.

Тематски, книжевноста од доцниот I век бележи интерес во ужасни насилства, маѓепсништва и екстремни страсти. Под влијание на Стоицизмот, боговите се намалуваат во важност, а физиологијата на чувствата доаѓа на прв план. Страстите како гнев, горделивост и завист се насликуваат на речиси анатомски начин со воспаление, оток, подигања на крв и жолч. Кај Статиј, дури и инспирацијата од Музите се нарекува calor („грозница“).

Додека нивната тематска и дикциска екстремност предизвикала несогласување кај античките и современите неокласицисти, истите биле фаворизирани за време на европската ренесанса, а англиските модернистички поети за нив пројавиле заживеан интерес.

До крајот на I век започнала реакција против ваквата поезија, и авторите Такит, Квинтилијан и Јувенал сведочат за оживувањето на повоздржаниот, класицизирачки стил во времето на Трајан и Антонинските цареви.