Колаборационистичко комитско движење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Колаборационистичкото комитско движење (бугарски: Български комитет „Свобода или смърт“) било политичко и оружено движење на Македонците диригирано од бугарските и италијанските окупторски власти во Егејскиот дел на Македонија. Активностите ги започнало некаде во 1943 година. Во Костурско биле опфатени 60 села со околу 10 илјади приврзаници што организирале вооружени комитски чети што содејствувале со италијанските окупаторски власти во борбата против грчкото национално (монархистичко и комунистичкото) и македонското национално-револуционерно движење. Македонските села ги бранеле од нападите на грчките маџири. Главни раководители биле: Пандо Макриев, Лука Дамјанов, Кољо Шестеров (Бај Кољо) и др. Комитското движење било поразено со заеднички акции од грчкото комунистичко антифашистичко движење (КПГ – ЕЛАС) и македонското национално револуционерно движење СНОФ. Движењето имало изразито антигрчки, антикомунистички и пробугарски карактер.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Т. Мамуровски, Бугарската пропаганда во Југозападна и Централна Егејска Македонија 1941–1944, Скопје, 1989