Коста Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Генерал Коста Николов

Коста Николов Николов (бугарски: Коста Николов Николов, 23 јуни 1873 - септември 1944) бил генерал во бугарската армија и политичар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Коста Николов е роден во село Вирче, Делчево во 1873 година. Завршува гимназија во Дупница и подоцна Духовна академија во Самоков. Ја оставил црковната кариера и завршува Военото училиште во Софија во 1897 година. Учи во Генералштабна академија во Санкт Петербург, Русија од 1901 до 1904 година. Во текот на Балканските војни и Првата светска војна е генералштабен офицер и командир на Петти пешадиски полк. Во септември 1918 година раководи со одбраната на Софија.

По војната, од 1923 до 1931 година, е пратеник во бугарското Народно Собрание. Член е на Централното раководство на Сојузот на бугарските резервни офицери. Претседател е на Извршниот комитет на Македонските братства. Во 1937 година е унапреден во чин генерал-мајор.

Коста Николов исчезнува без трага по Деветосептемврискиот државен удар во 1944 година, под претпоставка дека е убиен од комунистите.