Кристијан Абијати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијан Абијати
Christian Abbiati
Лични податоци
Полно име Кристијан Абијати
Роден на 8 јули 1977(1977-07-08)(46 г.)
Роден во Абијатеграсо, Италија
Висина  м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан
Број 32
Младинска кариера
1991–1992 Трезано
1992–1993 Асаго
1993–1994 Корзико
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1998 ФК Монца 52 (0)
1995–1996Borgosesia (loan) 29 (0)
1998– ФК Милан 281 (0)
2005–2006ФК Јувентус (позајмен) 19 (0)
2006–2007ФК Торино (позајмен) 36 (0)
2007–2008Атлетико (позајмен) 21 (0)
Репрезентација
1998–2000 Италија U-21 20 (0)
2000–2005 Италија 4 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 мај 2016

Кристијан Абијати (италијански: Christian Abbiati) — поранешен италијански голман кој поголемиот дел од својата кариера ја поминал во екипата на ФК Милан.

Тој е роден на 8 јули 1977 во Абијатеграсо, Италија. Својата фудбалска кариера ја започнал кога имал 13 години. Настапувал за ФК Трецано, ФК Асаго, ФК Корзико, а од 1994 за ФК Монца. Во 1998 година заминал за ФК Милан, каде на 17 јануари 1999 дебитирал во Серија А. Во Репрезентацијата на Италија дебитирал во 2003 година.

Во 2005 година бил даден на позајмица во ФК Џенова. По една година тој се вратил во клубот, каде по ова бил отстапен на ФК Јувентус, ФК Торино и ФК Атлетико Мадрид. Од 2008 година повторно станал играч на Милан.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]