Курасао

Од Википедија — слободната енциклопедија
Земја Курасао
Land Curaçao (холандски)
Pais Kòrsou Неважечки јазичен код.
Знаме Грб
ХимнаХимна на Курасао
Местоположба на Курасао
Главен град
(и најголем)
Вилемстад
12°7′N 68°56′W / 12.117° СГШ; 68.933° ЗГД / 12.117; -68.933
Службен јазик холандски, папименто и англиски
Уредување уставна монархија
 •  Крал Вилем-Александар
 •  Гувернер Фритс Гедгедраг
 •  Премиер Герир Шоте
автономија во рамките на Кралство Холандија 
 •  Датум 10 октомври 2010 
Површина
 •  Вкупна 444 км2 
Население
 •  Попис 2009 141.766 
 •  Густина 319 жит/км2 (39-та)
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен US$ 2.914 милиони (40-та)
 •  По жител US$ 20.567 (2009) 
Валута Холандскоантилски гилдер (ANG)
Часовен појас -4 (UTC-4)
Се вози на десно
Повик. бр. +599

Курасао (холандски: Curaçao, папименто: Kòrsou) е остров во јужниот дел на Карипското Море, во близина на венецуелскиот брег. Островот Курасао, заедно со малиот ненаселен остров Мал Курасао, ја сочинуваат Земјата Курасао која е уставна држава во рамките на Кралството Холандија. Главен град на Курасао е Вилемстад.

Курасао е најголем и најнаселен остров од трите острови на поранешните Холандски Антили, често наречени острови ABC. Вкупната површина на Курасао изнесува 444 км2, каде живеат околу 141.766 жители.[1] До распадот на Холандските Антили, островот бил познат под името Островска Територија Курасао.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Потеклото на името Курасао е оспорено и не е јасно. Португалците и Шпанците тврдат дека името потекнува од португалскиот збор „curação“ што значи „излечен“ и се однесува на излечување од болеста скорбут со која биле за заболени португалските морепловци. Имено, приказната за потеклото на името наведува дека португалските морепловци биле излечени од скорбут кога пристигнале на Курасао, најверојатно преку јадење локално овошје. Тогаш островот бил познат како „Остров на излекувањето“ или „Ilha da Curação“. Втората теза за потеклото на името е дека името потекнува од португалскиот збор „coração“ што значи „срце“, кое се однесува на местоположбата на острвот „во срцето“ на трговијата. Шпанците го прифатиле името како Курасао, а истото го сториле и Холанѓаните. Третата теза е дека името потекнува од месното население. Оваа теза е поддржана од раните шпанци записи за Карибите.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поглед кон Вилемстад.
Handelskade in Willemstad, Curaçao

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Statistical Info: Population“. Cbs.an. Архивирано од изворникот на 2010-05-01. Посетено на 2009-05-23.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]