Македонски железници

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски железници
Работа
Државна железницаМакедонски железници
Инфраструктурно претпријатиеМакедонски железници Инфраструктура
Статистика
Патнички км154.705.000
Должина на мрежата
Вкупна925 км
Електрифицирани315 км
Колосек
Главен1.435 мм (стандарден)
Напојување
Главно25 kV 50 Hz
Features
Станици117
Карта
Карта на железничката мрежа на Македонија

Македонски железници (МЖ) — јавно претпријатие за железничка инфраструктура на Република Македонија.

Железничка мрежа[уреди | уреди извор]

Железничката мрежа во Република Македонија има:

  • 699 км отворени пруги
  • 226 км станични колосеци
  • 102 км индустриски колосеци[1]

Железнички линии[уреди | уреди извор]

Возен ред[уреди | уреди извор]

Возниот ред е определен согласно Објавата [2][3] на Македонски железници за 2021 година.

Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Извештај за состојбата на железничките линии во Македонија во 1930 г.

Првата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското Царство. На 9 август 1873 година со железница биле поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која во 1874 година е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници.[5] На 14 јуни 1894 година Солун е поврзан и со Битола.[5] На 20 октомври 1924 година завршена е делницата Велес-Штип и првиот влез влегува на станицата во Штип.[5] Пругата, пак, Велес – Битола е предадена во сообраќај на 20 јануари 1936 година.[6]

Во февруари 2015 година, „Македонски железници“ се модернизирале со 107 нови транспортни вагони, како дел од проектот за набавка на 150 вагони, реализиран од страна на македонската влада.[7]

Македонски железници, повеќепати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година:

  • 1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа
  • 1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје
  • 1977 Железничкa транспортна организација – Скопје
  • 1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје
  • 2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
  • 2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Железничка мрежа“. Македонски железници - Инфраструктура. Посетено на 22 јануари 2021.
  2. „Возен ред - Поаѓање од Скопје“. Македонски железници - Транспорт. 2021. Посетено на 22 јануари 2021.
  3. „Возен ред - Пристигање во Скопје“. Македонски железници - Транспорт. 2021. Посетено на 22 јануари 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 [1] Официјална веб страна на Македонски железници, Извод од возен ред Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „МЖ Возен ред, 13122009-11122010“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Историја на Македонски Железници преку фото документација“.[мртва врска]
  6. м-р Гордан Стојиќ. „Регионален железнички сообраќај на релација Скопје-Велес-Битола“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-12-23. Посетено на 2016-09-04.
  7. „Пристигнати се 107 нови вагони, се очекуваат уште 43“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]