Мачук (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мачук


Карта

Местоположба 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306Координати: 41°26′15″N 22°38′35″E / 41.43750° СГШ; 22.64306° ИГД / 41.43750; 22.64306
Основни податоци
Место Струмица
Општина Струмица
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Мачукархеолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.

На археолошкиот комплекс Орта џамија му припаѓа и локацијата позната кај населението под името Мачуко, што се наоѓа во стариот дел на Струмица, на аголот од улиците „Тодор Чучков“ и „Стив Наумов“. Со машинското копање на темели за изградба на куќа се откриени и оштетени или делумно уништени делови од постар архитектонски објект. Интервентните заштитни ископувања во 1988-91 година од Заводот и музеј покажале дека се работи за објект со повеќе простории во кои се најдени: поден мозаик, подлога од поден мозаик, под од тули украсени со пластично изведени крстови, ѕидови со мачканица на која се зачувани фрагменти од живопис, јами, керамички садови, фрагменти од градежна керамика, како и делови од архитектонска и декоративна пластика.

Остатоците од архитектура се протегаат и надвор од габаритот на локацијата, во сите правци, што укажува на монументалноста на објектот. Според опусот и техниката на ѕидањето, постојат две градежни фази. На постарата фаза ѝ припаѓаат просториите ѕидани со камен и кал и со подови од тули, а на помладата фаза останатите простории ѕидани со кршен камен и варов малтер, со подни мозаици и остатоци од живопис. Со оглед на местоположбата, големината, архитектонската концепција и остатоците од ентериерот, може слободно да се претпостави дека се работи за голем објект од типот палати од времето на 4 -6 век. Со него се прошируваат податоците и сознанијата за доцноантичката населба што била подигната во стариот дел на денешна Струмица[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]