Орестида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Македонското Кралство

Орестида — древна област во Горна Македонија. Се простирала во горниот тек на реката Бистрица (Халијакмон) и областа на Костурското и Преспанското Езеро[1]. Се граничела со Линкестида (на север), Елимеја (на југ), Параваја (запад) и Еордеја (исток). Најстариот и главен град бил Арг Орестидски (близу сегашното Рупишта), од каде што потекнувала македонската династија на Аргеадите[2].

Денешното изменето службено име на гратчето Рупишта (Хрупишта) и неговата општина во Костурскиот округ е дадено според оваа област, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957
  2. Strabonis, Geographica, Lipsiae, 1895-1913