Папа Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марко
Папа од 18 јануари 336
Папа до 7 октомври 336
Претходник Папа Силвестер I
Наследник Папа Јулиј I
Роден непознато
Рим, Италија
Починал 7 октомври 336
Рим, Италија
Други папи по име Марко

Марко (Marcus) — римски папа во периодот од 18 јануари 336 до 7 октомври 336 година[1]. Како на многу негови претходници, така и за овој папа малку се знае за неговиот живот. Според Liber Pontificalis тој бил по потекло од Рим а неговиот татко се викал Приск. Се смета дека овој папа ја основал базиликата Св. Марко во Рим и на базиликата Јукста Палацинис надвор од градот.

Марко бил прогласен за светец од страна на Римокатоличката црква и се чествува на 7 октомври.

Наводи[уреди | уреди извор]