Портал:Боливија

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

Боливија
BOLIVIA

Грб на Боливија.
Грб на Боливија.

Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Bulivya , ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија (Estado Plurinacional de Bolivia, Bulivya Mamallaqta, Wuliwya Suyu, Tetã Volívia), е независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на држава според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 официјални јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

уреди   

Избрана статија: Географија на Боливија

Карта на Боливија.

Боливија се наоѓа во централниот регион на Јужна Америка. Со своите 1.098.580 квадратни километри, Боливија е 28 најголема држава во светот. Територијата на државата се протега од централните предели на Андите на запад па сè до Амазонија и Гран Чако на исток. Боливија нема излез на море, а копнено се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад.

Територијата на Боливија е составена од различен вид релјефни формации и климатски одлики. Државата има голем степен на биолошка разновидност, кој е еден од најголемите во светот. Покрај тоа, во Боливија има неколку еколошки региони, како што се на пример Алтиплано и Чикитанија. Алтиплано е составен од тропски прашуми и суви долини, а Чикитанија е составена од тропски савани. Разновидноста се забележува во надморската височина на земјата, каде највисокиот врв Невадо Сахама има 6.542 метри, а најниската точка е покрај реката Парагвај и има 70 метри надморска височина.

Дознајте повеќе...


уреди   

Избрана слика: Езерото Титикака

Поглед кон крајбрежјето на езерото Титикака — најголемото езеро во Јужна Америка.


уреди   

Избрана биографија: Симон Боливар

Симон Боливар.

Симон Хосе Антонио де ла Сантисима Тринидад Боливар и Понте Палациос и Бланко (шпански: Simón José Antonio de la Santísima Trinidad Bolívar y Ponte Palacios y Blanco) е роден во Каракас, Венецуела на 24 јули 1783, а умрел во Санта Марта, Колумбија на 17 декември 1830. Тој бил предводник на борбите за независност на повеќе јужноамерикански држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија. Боливар го почитуваат како херој и во овие земји, но и во останатите латино-американски земји.

Кога Наполеон Бонапарт во 1808 година ја победи Шпанија, Боливар зема учество во хунтите на отпорот против Шпанците што се формираат во Јужна Америка. Во 1810 година хунтата во Каракас прегласува независност, но во јули 1812 водачот на хунтата, Франсиско де Миранда, им се предава на Шпанците, а Боливар е принуден да бега во Картахена де Индијас во денешна Колумбија. Во 1813 година, откако ја презема воената команда над Нова Гранада (денешна Колумбија), на 14 мај напаѓа на Венецуела. На 6 август го освојува Каракас и ја прогласува Втората венецуелска република.


уреди   

Дали сте знаеле дека...

  • ... дека Боливија го добила своето име според јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар?
  • ... дека официјалната валута на Боливија, боливијано, е именувана исто така според јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар?
  • ... дека Боливија има два главни града, Сукре и Ла Паз, од кој едниот е адмнинистративен а другиот уставен?
  • ... дека мнозинството население на Боливија е староседелско, а не мешано со европски народи?
  • ... дека Боливија има три официјални јазика, шпански, кечуански и ајмарски?



уреди   

Категории


уреди   

Поврзани портали


уреди   

ВикиПроекти


уреди   

Работи кои можеш да ги направиш

  • Проширување на постоечките статии поврзани со Боливија.
  • Одржување на постоечките статии
  • Создавање на нови статии поврзани со Боливија
за повеќе информации обратете се кај заинтересираните администратори, уредници или ВикиПроект Боливија.


уреди   

Теми за Боливија


уреди   

Поврзана Викимедија