Привремена руска влада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Привремена руска влада

Руската привремена влада (руски: Временное правительство России) била привремена влада на руската република веднаш по абдикација на царот Николај II (15 март 1917)[1][2]. Владата ја заменила институцијата на Советот на министрите на Руската Империја. Главна цел на оваа влада било организацијата на изборите. Владата се состоела од два состави. Во првиот состав, таа била раковоедна од страна на принцот Григориј Лавов, а подоцна од страна на социјалистичката коалиција на Александар Керенски.

Преглед[уреди | уреди извор]

Главно соперништво по Февруарската револуција го воделе Петроградскиот совет и Думата.

Привремената влада била формирана во Петроград од страна на Привремената комисија на Државната дума и била предводена од принцот Григориј Лавов а потоа и од социјалистот Александар Керенски. Во исто време рускиот цар Николај Втори абдицирал во корист на неговиот брат Михаил Александрович кој изјавил дека ќе прифати доколку добие согласност од собранието. Привремената влада не можела да се донесе пресудни политички одлуки главно поради политичкото фракционерство[3]. Главен противник на Привремената влада бил Петроградскиот совет, кој во почетокот соработувал со владата, но потоа постепено ја презел контролата над армијата, фабриките и железниците.[4]. Овој период завиршил кон крајот на октомври 1917, кога болшевиците ја започнале т.н. Октомвриска револуција.

На 18 април министерот за надворешни работи Павел Милуков испратил соопштение според кое земјата ќе го продолжи своето учество во војната. На 20 април започнале масовни демонстрации на работниците и војниците поради продолжувањето на војната. Демонстрантите барале оставка од министерот. Лавр Корнилов, командант на Петроградската воена област предложил да се употреби сила над демонстрантите, но тоа било одбиено од страна на Григориј Лавов.

Привремената влада ја прифатила оставката на министерот за надворешни работи Павел Миљуков и министерот за војна Александар Гучков, упатувајќи апел до Петроградскиот совет за формирање на нова коалициска влада. Како резултат на преговорите, на 5 мај бил постигнат договор и 6 социјалистички министри се приклучиле кон кабинетот на владата. Привремената влада не можела да зема пресудни политички одлуки главно поради разните фракции во членството.

Законодавната политика и проблеми[уреди | уреди извор]

По Февруарската револуција, абдикацијата на царот Николај II, и формирањето на комплетно нова руска држава, политичкиот спектар бил драматично променет. Уставната демократска партија која била составена претежно од либерални интелектуалци се трансформирала од опозициска партија во владејачка, како дел од новата влада, која требала да го замени царскиот режим. Многу бргу по овој настан следувала брза политизација на народната маса.

Голем дел од урбаните работници на почетокот ги поддржувале социјалистичките меншевици, додека пак еден мал дел ги поддржувале и радикалните болшевици. Меншевиците честопати ги поддржувале акциите на Привремената влада и се верува дека главна причина на оваа поддршка била идниот чекор кон воспоставувањето на комунизмот. Од друга страна пак, болшевиците насилно се спротивставувале на Привремената влада и барале брза транзиција кон комунизмот. Во селските реони, голем дел од населението ја поддржувале Социјалистичката револуционерна партија која се залагала за форма на аграрен социјализам и земјишна политика што селаните во голема мера го подржиле. Кадетите пак биле главно конзервативна партија.

И покрај краткото владеење на привремента влада и нејзините недостатоци, таа донела многу прогресивно законодателство. Законите кои биле донесени во тоа време биле запаметени како едни од најлибералните закони во Европа во тоа време. Во тоа време се создала независноста на црквата од државата, предавајќи акцент на руралното самоуправување, како и афирмација на основните граѓански права како што се слободата на говорот, печатот и слично, потоа укинување на смртната казна и економска прераспределба во селата. Во исто време Полска добила независност, а Литванија и Украина добиле поголема автономија[5].

Главниот проблем на привремената влада бил во неговата неспособност за спроведување и администрирање на законодавната политика. Надворешна политика беше една област во која на Привремената влада беше во можност да примени своето дискрециско право во голема мера. Сепак, продолжувањето на агресивната надворешна политика, како на пример Керенската офанзива, довело до зголемување на незадоволството. Двојното управување со земјата на практика не функционирало.

Подемот на локалните, синдикалните и руралните организации, дало повод за демократизација на земјата. Голем дел од политичкиот кабинет на владата се залагале за зголемување на моќта на овие институции. Во голема мера се зајакнала и улогата на локалната власт во земјата. Рускиот историчар Мосе напишал дека овој период претставувал единствениот во модерната руска историја каде рускиот народ бил во можност да одигра значајна улога во формирањето на судбината на земјата[6]. Синдикалните организации биле во подем и играле важна улога во претставувањето на работничката класа. Болшевиците пак стекнале голема популарност кај комитетите кои биле формирани во претпријатијата.

Корниловски пуч[уреди | уреди извор]

Корниловиот пуч претставува наводен обид за државен удар од страна на командантот на руската армија, генералот Лавр Корнилов во август 1917 година против Руската привремена влада.

Александар Керенски слушнал за некој извештај дека болшевиците планирале да направат државен удар. Иако и самиот тој знаел дека ова е лага, тој во ова пронашол прилика да се ослободи од Корнилов, кој започнал да претставува закана и на самиот него. Верувајќи дека ќе добие поддршка од началниците, Александар Керенски ја вратил смртната казна во земјата на 12 јули. По една недела, во обид да се смири растечкиот конзервативен елемент во руското општество, во назначил Лавр Корнилов за командант на руската армија.

На 25 август 1917 година, Корнилов го испратил кон Петроград третиот вооружен корпус на чело со Александар Кримов и по наредба на премиерот Александар Керенски. Главна цел била неутрализирање на болшевиците и намалување на нивната улога во општеството. Со ова тој самиот добил шанса да ја нападне и Привремената влада и да стане воен диктатор. Сепак, под притисок на Петроградскиот совет, Керенски ја променил својата одлука а самиот ден, на 27 август тој бил сменет од позиција главен командант. По ова следувало апсење на Корнилов, а Кримов се самоубил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Manifest of abdication (руски)
  2. „Announcement of the First Provisional Government, 13 March 1917“. FirstWorldWar.com. 2002-12-29. Посетено на 2007-12-12.
  3. „Annotated chronology (notes)“. University of Oregon/Alan Kimball. 2004-11-29. Посетено на 2007-12-13.
  4. Kerensky, Alexander (1927). The Catastrophe— Kerensky’s Own Story of the Russian Revolution. D. Appleton and Company. стр. 126. ISBN 0-527-49100-4.
  5. W. E. Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” Soviet Studies 15 (1964): 411-412
  6. Mosse, “Interlude: The Russian Provisional Government 1917,” 414