Белешка: Оваа статија содржи МФА-фонетски знаци во Уникод.
Русински јазик (русинська мова) — источнословенски јазик во иста група со рускиот, белорускиот и украинскиот јазик и со кои споделува заеднички јазичарички одлики. Голем број на јазичари се во дилема за тоа дали русинскиот јазик е посебен јазик или е дел односно дијалект на украинскиот.
Русински е зборуван во Закарпатска Област во Украина, во североисточна Словачка, југоисточна Полска (каде што и често е нарекуван како łemkowski или 'Lemko' поради нивниот карактеристичен збор lem/лєм што значи само) и во Унгарија каде што јазикот е наречен Рутен. Панонскиот русински јазик во Србија се смета како дел од русинскиот јазик, иако некои јазичари го сметаат како дел од западнословенската група на јазици. Во Украина се смета за дијалект на украинскиот бидејќи е многу сличен со украинскиот дијалект хутсул, иако луѓето што го зборат се сметаат за посебен народ со посебен јазик.