Сенгелска Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенгелска Планина
Поглед кон Сенгелска Планина од Славјанка. Во заден план е Беласица.
Највисока точка
Надм. вис.1.330 м
Матичен врвЧал
Географија
Сенгелска Планина на карта

Карта

Сенгелска Планина, Сенгеловска Планина, Ченгел Планина или Рупелска Планина (грчки: Άγκιστρο, Ангистро или Τσιγγέλι, Τσιγκέλι, Цингели) — планина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција, недалеку од границата со Пиринска Македонија, денес во Бугарија.

Планината се наоѓа на територијата на традиционалната област Демирхисарско (или Валовишко) — денес во состав на општината Синтика. Највисок врв е Чал или Беш - 1.330 м и се протега во правец југозапад - североисток. На североисток преку седлото Кали (870 м) е поврзана како продолжение на планината Славјанка (Алиботуш). На запад се граничи со реката Струма, која ја одвојува од Беласица со Рупелската Клисура. Изградена е од мермер, шкрилци, песочник, чакал и многу мали количества на гранит.[1]

Наречена е по селото Сенгелово (гр. Ангистро, тур. Ченгел), кое се наоѓа на нејзините северни падини. Називот „Рупелска Планина“ е добиен по поранешното село Рупел, кое се наоѓа недалеку од Сенгелово.

По билото на Сенгелска Планина се изградени над дваесет ветрогенератори за производство на електрична енергија, кои се гледаат оддалеку при ведри услови.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)", София, 1953, стр.12