Сер (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Сер
Δήμος Σερρών

Општина Сер на картата на областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област: Серско Поле
Население: 70.703 (2021)
Седиште: Сер
Нас. места: 31
Пошт. бр.: 621 00
Пов. бр.: 23210-2
Портал: serres.gr

Сер (грчки: Δήμος Σερρών, Димос Серон) — општина во Серскиот округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“[1] со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Киспикеси и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.

Општинска единица Горно Броди[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Горно Броди на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Горно Броди опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού).

Општинска единица Каваклија[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Каваклија на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Каваклија со седиште во Каваклија (Левконас) ги опфаќа следниве населени места:

  • Општински оддел Каваклија
  • Општински оддел Долно Христос
  • Општински оддел Календра

Општинска единица Капетан Митруси[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Капетан Митруси на картата на некогашниот округ Сер.

Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хомондос (денес Митруси). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Ениќој
  • Општински оддел Горна Камила
  • село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила)
  • Општински оддел Горно Караџово
  • Општински оддел Неволјани
  • Општински оддел Хомондос
  • Општински оддел Чучулигово

Општинска единица Сер[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Сер на картата на некогашниот округ Сер .

Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Сминица. Седиштето е во Сер.

Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Сер
  • град Сер (Σέρρες, Серес)
  • село Заба (Κρίνος, Кринос)
  • село Мертатово (Ξηρότοπος, Ксиротопос)
  • село Метох (Κάτω Μετόχι, Като Метохи)
  • Општински оддел Геди Дермен
  • Општински оддел Дервешани
  • село Дервешани (или Дервешен; Οινούσσα, Инуса)
  • село Лески (или Карлиќој; Χιονοχώρι, Хионохори)
  • Општински оддел Дутлија

На територијата на општината се и денес напуштените села Мрамор, Баница (во кое загинал Гоце Делчев) и Лакос (родно на револуционерот Коста Кукето).

Општинска единица Фраштани[уреди | уреди извор]

Поранешната општинска целина Фраштани на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Фраштани опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή).

Општинска единица Киспикеси[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Киспикеси на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Киспикеси со седиште во Киспикеси (Скутари) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Киспикеси
  • Општински оддел Агова Маала
  • Општински оддел Гудели
  • село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса)
  • Општински оддел Долна Камила
  • Општински оддел Какараска
  • Општински оддел Комарјани
  • село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија)
  • Општински оддел Нова Маала
  • Општински оддел Сал Маала
  • Општински оддел Џами Маала

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]