Сливени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сливени
Κορομηλιά
Водопадот на Рулска Река кај селото
Водопадот на Рулска Река кај селото
Сливени is located in Грција
Сливени
Сливени
Местоположба во областа
Сливени во рамките на Костур (општина)
Сливени
Местоположба на Сливени во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°10′E / 40.533° СГШ; 21.167° ИГД / 40.533; 21.167Координати: 40°32′N 21°10′E / 40.533° СГШ; 21.167° ИГД / 40.533; 21.167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Надм. вис.&10000000000000733000000733 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно342
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сливени (грчки: Κορομηλιά, Коромилија, до 1928 Σλίβενη, Сливени)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 7 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во Костурската котлина на левиот брег од селото Бистрица. во близина на селото се наоѓа Сливенскиот манастир посветен на Свети Никола. Селото се наоѓа на надморска височина од 733 метри. Крај селото се наоѓа стариот Сливенскиот мост на Желевска Река, прогласен за споменик на културата.[3] Северно од селото е живописната клисура Спилието (Сливенска Клисура), чие подрачје исто така е заштитено од државата како споменик на природата.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XV век во Сливени биле евидентирани 71 глави на домаќинства.[4]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век селото е споменато со 27 глави на семејства и двајца невенчани Папа Сивлија, Јорг, Тодор, Пелегрин, Џаин, Радомир, Џурко, Јорг, Тодор, Стајо, Алекса, Јано, Тодор, Добро, Михо, Никола, Раде, Стамат, Михо, Нико, Никифор, Добро, Кирк, Филип, Манол, Алекса, Добри, Петре, Којо и Никола, и три вдовици Кала, Мара и Мара. Вкупниот приход за државата од селото е 1 776 акчиња[5]. Горно Сливени е споменато со 10 глави на семејства и еден неженет: Лекос, Михо, Јорг, Спасе, Стојо, Лекос, Томчо, Добро, Маврангел, Филип и свештеникот Андон. Вкупниот приход за државата од селото е 670 акчиња[6].

На крајот на XIX век селото било албанско муслиманско село, изолирано меѓу околните македонски села. Жителите Албанци во селото се населиле во времето на Али-паша Јанински, додека христијанското население го напуштиле селото[7].

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сливени се состоело од 35 семејства со 105 жители муслимани[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Сливени имало 270 жители муслимани[9].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливени се води како чисто турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 60 куќи.[10]

Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто турско со 400 жители[11]. Според други грчки извори пак имало 35 македонски муслимани. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 52 албански семејства[12]. Сливенскиот манастир бил база на грчките андартски чети и затоа во 1905 година бил опожарен од четите на ВМОРО[13].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[14]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 420 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 430 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.[15]. Во 1927 година, селото било преименувано во Коромилија.[16] Во 1928 година селото било речиси целосно бегалско со 304 жители бегалци од 315[11] или според други податоци целосно бегалско со 80 семејства со 337 лица[17].

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 30 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 315 жители.[17], додека во 1940 година селото броело 501 жител.

Селото во пописот од 1951 година броело 338 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 382 жители, во 1971 година имало 326 жители, во 1981 година имало 330 жители, додека во 1991 година имало 341 жител[19]. Денеска, населението на селото е 349 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 501 338 382 326 330 341 349 342
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Сливени
  • Наум Костов (1882 - ?)[20]
Починати во Сливени

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Κορομηλιά
  3. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΝΣΑΚ/21977/629/30-3-2006 - ΦΕΚ 476/Β/17-4-2006“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-22. Посетено на 12 јануари 2015.
  4. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 115
  6. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 121
  7. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 166.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 101.
  11. 11,0 11,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Koromilia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-17.
  12. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  13. Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1943, стр. 211.
  14. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  15. „Ίμερα“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2016-03-17.
  16. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. 17,0 17,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  18. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-17.
  19. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-17.
  20. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 374.