Социјалистичка Автономна Покраина Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo
Социјалистичка Аутономна Покрајина Косово
Krahina Socialiste Autonome e Kosovës
Социјалистичка Автономна Покраина Косово
Федерална единица на

Социјалистичка Федеративна Република Југославија

 

Знаме
 

Грб
Главен град Приштина
Официјален јазик српскохрватски и албански
Основана 1974
Во СФРЈ:
 - Од
 - До
 
1974
1990
Површина
 - Вкупно
 - Вода

10.686 км²
?
Население
 - Вкупно
 - Густина
(СФРЈ)
1.584.441
183.1/км2 км²
Парична единица Југословенски динар
Часовен појас UTC+1
Портал СФРЈ
Грешка во Lua во Модул:Navbar, ред 62: Invalid title {{{Предлошка}}}

Социјалистичка Автономна Покраина Косово (српскохрватски: Socijalistička Autonomna Pokrajina Kosovo, Социјалистичка Аутономна Покрајина Косово, албански: Krahina Socialiste Autonome e Kosovës), или кратко САП Косово (Латиница: SAP Kosovo), била една од двете социјалистички автономни покраини на Социјалистичка Република Србија од 1963 до 1990 и една од федералните единки на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од 1974 до 1990. Нејзин главен град бил Приштина. Беше претходник на современото Косово.

Историја[уреди | уреди извор]

Називот Косово потекнува од зборот кос, кој значи црна птица, додека Метохија од зборот метох, со кој се наречени црковните имоти. На Косово Поле во 1389 година се одиграла Косовската битка, во која Србите доживеале пораз од најмоќната турска војска. Меѓу 1459 и 1912 година, Косово беше во составот на Отоманското Царство. Од 1912 година Косово беше во составот на Кралството Србија, а од 1918 во состав на Кралството СХС.

Втора светска војна[уреди | уреди извор]

По краткотрајната Априлска војна, Косово во 1941. е окупирано од Силите на Оската. Италија го окупирала Косово, како и деловите на Македонија и Грција која ги приклучила под Голема Албанија, која беше италијански протекторат.

Партизанското востание, под раководството на КПЈ, на Косово се развиваше побавно за разлика од другите краеви на Србија и Југославија, поради големите репресии, тешкиот живот под италијанската окупација, одведувањето во логори и принудна работа.

Цело време на војната албанските маси не сакаа да се активираат во народноослободителна организација, па во тие услови, поради непријателскиот став кон Југославија, фронтот против окупаторот на Косово беше лишен од масовна база, кој ги имал во другите делови од земјата. Дури во есента 1941. година се формира Главен штаб на НОВ и ПО на Косово и Метохија, Првиот албански НОП одред „Зејнел Ајдини“ и Шарпланинскиот НОП одред.

Од април 1943. на Косово се наоѓаше делегат на Врховниот штаб и Централниот комитет на КПЈ Светозар Вукомановиќ Темпо, при што е направен голем напредок во организирање на вооружена борба против окупаторот. Во ноември 1943. година е формирана Првата македонско-косовска бригада.

Иако војната била завршена во 1945. година, на просторот на Косово и во западна Македонија, сè до 1952. година, делувале групи од разбиените балисти (остатоци од албанските окупациски сили). Во борбата во Косово против нив учествувале единиците на ОЗНА и УДБА кои најчесто во поединечни борби ги разбиле остатоците од балистите, додека одреден број од нив се извлекол и сокрил во странство.

Косово во 60-тите и 70-тите[уреди | уреди извор]

По завршувањето на војната, Косово и Метохија беше вратено во Југославија, и влегува во состав на Народна Република Србија. Автономната Косовско-Метохиска Област (АКМО) официјално е прогласена на 10 јули 1945.[1] година, а данешните граници областа ги добила во 1959. година со проширување на север, кога делови од Општина Рашка беа додадени на областа како делови од општината Лепосавиќ (денешно Северно Косово).

Во април 1963. година, АКМО беше подигната на ниво на покраина, постанувајќи Аутономна Покрајина Косово и Метохија. Во ноември 1968. година името на покраината е променето во Социјалистичка Автономна Покраина Косово, каде името Метохија е одземено од називот. Меѓу 1974. и 1989. година, Косово и Метохија фактички имаше статус на федерална единица во СФРЈ, иако формално и понатаму беше дел од Србија.

Иако албанското национално малцинство имаше широк степен на автономија, доаѓаше до чести немири на Косово (како и во албанско населените подрачја во Македонија т.е Тетово), посебно во 1968 и 1981 година, кога започна и првото јавно изнесување на барањето Косово да стане република во склоп на СФРЈ, потоа и за независност на Косово, како и припојување кон Албанија.

Косово во СФРЈ[уреди | уреди извор]

Автономната Покраина Косово и Метохија доби поголема автономија и провинциска влада во Србија и Југославија во текот на 70-тите, и името официјално беше променето во 1974 на Социјалистичка Автономна Покраина Косово (Метохија беше одземено поради тоа што не беше користено од страна на косовските Албанци, додека терминот Социјалистичка беше додаден поради социјалистичкиот идеал на тогашната СФРЈ, како дел од уставот на СФРЈ и СР Србија, каде САП Косово исто така доби и свој устав. Ова беше направено поради неколку причини: Србија беше најголема и најнаселена република во цела Југославија. За да ја смали, Тито на Војводина и Косово му даде претседателство и провинциска влада, како и седиште во федералниот парламент во Лигата на комунистите на Југославија, со право на вето на федерален степен, коешто беше еднакво на моќта на СР Србија. Ова создаде аномална ситуација, реткост во светската историја, каде што било која од провинциите на Србија би можела да стави вето во име на цела Србија, додека парламентот на Србија не можеше да влијае врз одлуките на покраинските парламенти. Ова резултираше централна Србија, која не беше политичка административна единица, да биде под делотворна контрола од страна на покраините. 

Локално-доминираната албанска владејачка класа бараше признавање на Косово како паралелна република во Србија во федерацијата, и по смртта на Тито во 1980, барањата беа обновени. Во март 1981, албанските студенти протестираа барајќи независност на Косово. Последователно ситуацијата рапидно ескалираше во насилни протести низ цела покраина кои се пририја низ 6 големи косовски градови и вклучуваше околу 20,000 албански дисиденти. Југословенските власти строго ги казнуваа и ги задушуваа протестите. Емиграцијата на неалбанците се зголеми и етничките тензии се зголемија меѓу Албанците и неалбанците, со насилни внатрешни напади, посебно вперени кон Југословенските власти и претставници на власта.

Слободан Милошевиќ стана водач на Лигата на комунистите на Србија во 1986, и тогаш воспостави контрола врз Косово и Војводина. Ова можеше посебно да биде видено во протестите во 1987 во Косово, коешто беше конечен пресврт за мир меѓу Албанците и Југославија. На 28 јуни 1989, Милошевиќ појде на Газиместан, за прославата на 600 годишнината од познатата Битка на Косово. Познатиот говор на Газиместан, го забележа почетокот на неговата политичка доминантност, кој беше важен дел за кризата во Косово. Српскиот национализам исто така играше голема улога во Југословенските војни.

Во 1989, Милошевиќ ја одзеде автономијата на Косово, враќајќи го на пред 1974. статус Автономна покраина Косово и Метохија, којшто беше усвоен од Косовскиот парламент на 28 септември 1990.

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Z45.