Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 142.510 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Карта на Обединета Ерменија
Карта на Обединета Ерменија

Обединета Ерменија — поим кој се однесува на областите во рамките на традиционалната ерменска татковина, кои во моментов или во минатото биле историски претежно населени со Ерменци. Идејата за она што Ерменците го гледаат како обединување на нивните историски земји преовладувала во текот на 20 век и било застапувано од поединци, разни организации и институции, вклучувајќи ги и националистичките партии Ерменска револуционерна федерација, Наследство, ТАОЕ и други.

Идејата на Ерменската револуционерна федерација за „Обединета Ерменија“ вклучува територии во Западна Ерменија (источна Турција), Нагорно-Карабах, Нахичеван во Азербејџан и Џавахетија во Грузија. Нагорно-Карабах и Џавахетија се претежно населени со Ерменци. Западна Ерменија и Нахичеван имале значително ерменско население во почетокот на 20 век, но денес повеќе не е така. Ерменското население во источна Турција било речиси целосно истребено за време на геноцидот од 1915 година, кога долгото ерменско присуство во оваа област во голема мера завршило и ерменското културно наследство главно било уништено од страна на турската влада. Во 1919 година владата на Првата Ерменска Република, со доминантно владеење, го прогласила формалното обединувањето на ерменските земји. Ерменската револуционерна федерација ги базира своите тврдења кон териториите кои денеска се наоѓаат во Турција на Договорот од Севр од 1920 година, кој бил делотворно негиран од последователните историски настани. Територијалните претензии кон Турција често се сметаат за крајна цел за препознавање на ерменскиот геноцид и хипотетичките репарации на геноцидот.

Најновото ерменски иредентистичко движење, Движењето Карабах кое било основано во 1988 година, се обидело да го обедини Нагорно-Карабах со тогаш Советската Ерменија. Како резултат на последователната војна со Азербејџан, ерменските сили воспоставиле делотворна контрола над најголемиот дел од Нагорно-Карабах и околните области, со што успеале де факто да ја обединат Ерменија и Карабах. Некои ерменски националисти сметаат дека Нагорно-Карабах е „првата фаза на Обединета Ерменија“. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот

Бурманец како пуши виткан тутун.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Икона на Јован Крстител од Марковиот манастир
Икона на Јован Крстител од Марковиот манастир
На денешен ден…

Денес е 27 март 2024 г.

Настани:

1713  Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија.
1903  Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери.
1941  Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската.
1968  При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената.
1977  Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992  Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија.
1999  Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.

Родени:

972  Робер II Побожниоткрал на Франција.
1785  Луј XVIIкрал на Франција.
1845  Вилхелм Конрад Рендген — германски физичар.
1886  Лудвиг Мис ван ден Рое — германско-американски архитект.
1891  Лајош Зилахи — унгарски писател.
1911  Вероника Тушнова — советска и руска поетеса.
1918  Борис Чипан — македонски архитект.
1921  Иван Рабузин — хрватски сликар.
1927  Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист.
1949  Дубравка Угрешиќ — хрватска писателка.
1951  Сања Илиќ — српски композитор и музичар.
1953  Анимари Мозер-Прел — австриска скијачка.
1963  Квентин Тарантино — американски режисер.
1966  Жарко Паспаљ — српски и југословенски кошаркар.
1969  Мараја Кери — американска пејачка.
1983  Василиј Кошечкин — руски хокеар.
1986  Мануел Ноер — германски фудбалски голман.
1990  Наталија Санчес — шпанска глумица и пејачка.
1994  Виктор Ангелов — македонски фудбалер.

Починале:

1378  Грегориј XIримски папа.
1462  Василиј II Московски — московски кнез.
1625  Џејмс I — крал на Шкотска и Англија од династијата Стјуард, кој владеел од 1603 до 1625 година.
1770  Џовани Батиста Тјеполо — венецијански уметник.
1918  Мартин Шеридан — американски атлетичар.
1968  Јуриј Гагарин — советски космонаут, прв човек кој полетал во вселената.
1972  Мауриц Корнелис Ешер — холандски графички уметник.
2006  Станислав Лем — полски писател на научна фантастика.
2000  Ијан Дјури — англиски рок-музичар и глумец.
2010  Василиј Смислов — руски и советски шахист.
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Братски проекти

Википедија е проект на Фондацијата Викимедија — непрофитна организација која опфаќа и други проекти:

Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци
База на слободни знаења
Википатување
Отворен туристички водич