Стефан Урош II Милутин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефан Урош II Милутин
Фреска од црквата на кралот во Студеница околу 1314 година
На престол1282–1321
Крунисување1282
ПретходникСтефан Драгутин
НаследникСтефан од Дечани
Роден(а)Урош II Милутин Немањиќ
Почивалиште
ДецаСтефан Урош III Дечански, Стефан Константин
ДинастијаHouse of Nemanjić
ТаткоСтефан Урош I
МајкаЈелена Анжујска
ВероисповедСрпска православна црква

Стефан Урош II Милутин Немањиќ (роден околу 1253 година - починал во Неродимље 29 октомври 1321 година) бил крал на Србија (1282—1321), и еден од најмоќните српски владетели во средниот век.

Рани години[уреди | уреди извор]

Тврдината Ново Брдо била изградена од Стефан Милутин во 1285.

Стефан Милутин бил најмладиот син на кралот Стефан Урош I и неговата сопруга, Елена Анжујска. Неочекувано, тој станал крал после абдикацијата на неговиот брат Стефан Драгутин.

Владеење[уреди | уреди извор]

Веднаш по стапувањето на тронот ги нападнал византиските земји во Македонија. Во 1282 ги освоил северните делови на Македонија, вклучувајќи го и градот Скопје, кој станал негова столица. Византискиот император Михаил VIII Палеолог ги започнал подготовките за војна, но умрел пред нивното завршување. Следната година Милутин напредувал со својот брат длабоко во византиската територија сè до Кавала.

1. Државата на Милутин;
2. Државата на Стефан Драгутин;
3. Освоените територии до 1299;
4. Привремено изгубени територии во Хум.

Го зазел Драч од Византијците во 1296.[1] Во Битката кај Галиполе (1312) испратил воена помош на императорот Андроник во одбрана на неговите земји против Османлиите. По неколкуте несупешни обиди на Византија, таа била принудена да побара помош од Србија. Османлиите започнале со пљачкање на регионот, и двете војски се судриле на полуостровот Галиполе, каде што Османлиите биле поразени. Како благодарност византискиот император го подарил градот Куцово на српскиот крал.

По смртта на Стефан Драгутин во 1316, Милутин ги освоил неговите земји, вклучително и Белград. Тоа било неприфатливо за унгарскиот крал Карло I, кој започнал да бара сојузници против Србија, вклучително и меѓу албанските благородници, кои добивале поддршка од папата Јован XXII. Милутин започнал да ги прогонува католиците.[2][3]

Фамилија[уреди | уреди извор]

Од својата прва жена, Јелена, српска благородничка, имал две деца, кралот Стефан Урош III[4] и Ана-Неда, која била омажена за бугарскиот цар Михаил Шишман. Од втората жена, Елена, ќерката на севастократорот Јован I Дука од Тесалија, немал деца. Со третата жена, Елизабета, ќерката на унгарскиот крал Стефан V и Елизабета Куманка, Милутин имал ќерка, Зорица. Од четвртата жена, Ана, ќерката на бугарскиот цар Георги I, Милутин имал син, Стефан Константин. Со петтата жена Симонида, ќерка на византискиот император Андроник II Палеолог, немал деца.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fine 1994, стр. 219.
  2. Fine 1994, стр. 262.
  3. Živković & Kunčer 2008, стр. 203.
  4. Nicol 1984, стр. 254.
  • Fine, John Van Antwerp Jr. (1994) [1987]. The Late Medieval Balkans: A Critical Survey from the Late Twelfth Century to the Ottoman Conquest. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press. ISBN 0472082604.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Стефан Урош II Милутин
Роден(а): 1253 Починал(а): 29 октомври 1321
Владејачки титули
Претходник
Стефан Драгутин
Крал на Србија
1282–1321
Наследник
Стефан Урош III Дечански